Ријалити ѕвезда била казнувана поради големите гради (ФОТО)

Поради големите гради ја малтретирале и наставниците и учениците, се потсетува водителката Ешли Џејмс на својата младост , кога имала само 14 години.

Британската водителка , ѕвезда на ријалити и ДиЏеј, Ешли Џејмс открива дека поради големите гради имала проблеми во раната младост. наставниците ја казнувале , а еднаш и затоа што го прегрнала својот сопствен брат.

There's 7.7 billion people in the world and you're waiting for that one person to text you back? 🤷🏼♀️ This is for anyone who needs to read this today... If they're into you, they'll show it. No games or excuses. Write down all the things you love about yourself, and remind yourself that someone would be lucky to have you. If they don't see it, someone else will. In the meantime, being single ain't so bad, I promise, just put that same energy into yourself and your friendships. 😘 For everyone that keeps asking me to remind them of my book recommendations: The Unexpected Joy of Being Single - Catherine Gray What a time to be Alone - @theslumflower Essays in Love - Alain de Botton How do you like me now? - Holly Bourne Psychopath Free. 📚 Lingerie by my favourite @honeybirdette (gifted) 💥 #singlelife #noretouching

A post shared by Ashley James (@ashleylouisejames) on

,,Бев казнета затоа што го прегрнав брат ми пред училиште по часовите. Наставниците ме прашуваа дали некој во градот знаел дека ова е мојот брат и што би рекле ако виделе русокоса со огромни гради како гушка момче пред училиштето. Апсолутно секогаш мојот морал беше доведуван во прашање, дури и од наставниците. Ме третираа како да имав сомнителен морал само затоа што имав големи гради. Секогаш се срамав, секогаш се чувствував понижено “, откри Ешли.

32-годишната водителка учела во приватното училиште Седберг во Камбриа, Англија, на кое нејзините родители плаќале 12,000 фунти годишно. За жал, да се има толку голема града на 14 години значеше да се добиваат лоши коментари, несоодветни шеги и задевање од соучениците.

,,Момците се приближуваа до мене и ме навредуваа, ми кажуваа непријатни работи. И наставниците, наместо да ги опоменат и да им кажат дека ваквото однесување е неприфатливо, ми кажуваа мене дека морам да се облекувам поинаку. На сите мои пријатели им беше дозволено да одат на училиште со иста облека, само мене не ми беше дозволено. За 14-годишник, ова навистина беше збунувачко и не разбирав зошто не можев да се облекувам како нив. Кога ќе погледнам сега, тие ме казнуваа поради моето тело “, призна Ешли.

На крајот, ова малтретирање на училиштето толку многу влијаело врз неа, што намерно почнала да се соблекува само за да се вклопи.

- Сфатив дека треба да започнам целосно да го откривам моето тело и да не го кријам ако сакам сериозно да ме сфатат. “, додаде таа.

Но , кога се пресели во Лондон, Ешли ја стекна довербата што и беше потребна.

Директорот на ФБИ: Кинески хакери се подготвуваат да ја нападнат инфраструктурата на САД

Директорот на ФБИ Кристофер Реј синоќа изјави дека хакери поврзани со кинеската влада навлегле во критичната американска инфраструктура и го чекаат „вистинскиот момент да зададат разорен удар“.

Тековната кинеска кампања за кибер-криминал, позната како „Волтов тајфун“, успешно пристапи до безброј американски компании во телекомуникациите, енергијата, комуналните услуги и другите критични сектори, при што дополнително беа таргетирани 23 оператори на гасоводи, истакна Реј.

Говорејќи на настан на Универзитетот Вандербилт посветен на одбраната, шефот на ФБИ рече дека Кина развива „способност физички да направи хаос на нашата критична инфраструктура кога и да сака“. „Планира да удри под појасот врз цивилната инфраструктура за да се обиде да предизвика паника“, додаде тој.

Реј рече дека е тешко да се утврдат намерите на акциите на Кина во кибер-просторот, но тие се во согласност со пошироката намера на Пекинг да ги одврати САД во одбраната на Тајван. /МИА

Амбасадата на САД во Израел им порача на вработените и на семејствата да ги ограничат движењата

Амбасадата на САД во Израел денеска им порача на своите вработени и нивните семејства да ги ограничат своите движења по извештаите дека Израел извршил напад врз цели во Иран.

„По извештаите дека Израел извршил одмазднички напад во Иран, вработените во американската влада и членовите на нивните семејства се ограничени од лични патувања надвор од поголемиот дел од Тел Авив, Ерусалим до понатамошно известување“, се вели во безбедносното советување објавено од Амбасадата на нејзината веб-страница. /МИА

ДКСК повторно ќе постапува по приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила

Според приговорот на Силјановска - Давкова доставен на 6 април до ДКСК, АСЈО спротивно на Изборниот законик заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители. 

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска на седница повторно ќе постапува по приговорот од претседателскиот кандидат Гордана Силјановска - Давкова во врска со полагањата во Академијата зa судии и јавни обвинители (АСЈО) „Павел Шатев” за време на предизборниот процес.

Приговорот од Силјановска - Давкова најпрво беше поддржан од ДКСК со образложение дека се основани изнесените сомневања за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и од Изборниот законик, по што Академијата поднесе тужба која на 13 април беше разгледана и уважена од Управниот суд. По уважувањето на тужбата на АСЈО од страна на Управниот суд, приговорот е вратен во ДКСК на повторно постапување.

Според приговорот на Силјановска - Давкова доставен на 6 април до ДКСК, АСЈО спротивно на Изборниот законик заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители. Во образложението на приговорот пишува дека Академијата во јануари 2023 година објавила оглас за прием на 130 слушатели за идни судии и јавни обвинители, а по претходно извршените тестови за странски јазик, психолошкиот тест и тестот за интегритет, на 29 март 2024 година го објавила распоредот за полагање на квалификацискиот тест.

- Овој тест тековно го полагаат 299 луѓе, што јасно укажува дека постапката за засновање работен однос е започната и истата не е ставена во мирување, со што АСЈО ин флагранти ги прекршува Законот за спречување корупција и судир на интереси и Изборниот законик, пишува во приговорот на Силјановска - Давкова.

Директорката на Академијата, Наташа Габер - Дамјановска на седницата на ДКСК на 10 април рече дека процесот на тестирање на слушателите за идни судии и јавни обвинители почнал во јануари 2023 година и се уште трае.

-Воопшто датумски не се совпаѓа целиот наш процес на тестирање со рокот што е определен во законот. Нашиот процес почна во јануари 2023 година и сѐ уште трае, подвлече Габер - Дамјановска, додавајќи дека не се знае точно кога тој процес ќе заврши и оти не се работи за класично вработување.

притисни ентер