Таткото го пријавил сопствениот син дека подготвува масовен оружен напад

Татко од Тексас се јавил во полицијата и пријавил дека неговиот 27- годишен син подготвува масовен оружен напад, откако тргнал да набавува оружје.

Полицијата во Форт Ворт во Тексас го нашла 27- годишникот со мнентални проблеми , како се обидува ноз градот да купи оружје. Таткото го пријавил во полицијата на 3. септември , еден месец откако беа убиени 22 луѓе во Ел Пасо , Тексас , кога 21- годишник со пушка пукал по сите во трговскиот центар. Полицијата денеска објави детали за она што се случувало во Форт Ворт по пријавата од таткото. Неговиот син и порано и бил познат на полицијата.

„Бевме известени дека тој собрал голема сума пари и планира да купи многу оружје“, рече полицискиот портпарол Бени Калдаза.

Полицијата исто така соопшти дека го одбиле кога се обидел да купи оружје на неколку локации и во неколку продавници затоа што направиле безбедносна проверка. Припадниците на специјалната полиција тргнале во потрага по осомничениот и го пронашле во центарот на Форт Ворт со скоро 5.000 долари.

„Тој призна дека ќе купи оружје и дека има намера да повреди што е можно повеќе луѓе и да убие колку што може повеќе“, рече Калдаза.

Полицаец кој бил на местото на настанот, Ландон Ролинс, рече дека човекот „бил убеден дека се обидувам да го убијам со моите мисли“.

Младиот човек бил приведен и сместен во локалната установа за психички болни, каде сеуште се наоѓа. Тој во моментов не се соочува со обвиненија, но не е познато кога ќе биде ослободен од установата. Калдаза додаде дека верува оти таткото на младиот човек спасил животи:

- Она што го стори беше многу храбро. Мора да му беше многу тешко . Јас сум исто така татко и понекогаш имам тешкотии да ги дисциплинирам децата, но ако требаше да повикам некој друг да го стори тоа, ќе ми биде уште потешко.

Строл над сите во единствениот тренинг во Кина

Ленс Строл се најде на врвот на табелата на крајот на единствениот слободен тренинг пред Големата награда на Кина, која се враќа во календарот на Формула 1 по петгодишно отсуство.

Канадскиот возач на Астон Мартин извозе 1:36.302 во својот последен летечки круг за време на единствениот тренинг час во Шангај. Така тој го победи Оскар Пјастри од Мекларен за 0,327 секунди, а првата тројка ја заокружи светскиот шампион Макс Верстапен, кој заостануваше 0,358 зад Строл. Сите тројца ги постигнаа своите најдобри кругови во нивните квалификациски симулации со меките гуми.

Серхио Перез остана четврти, само 0,030 зад својот тимски колега од Ред Бул. Мексиканецот го постигна својот најдобар резултат во вториот брз круг на меките пневматици, откако направи грешка при застанувањето за свиокот 6 во неговиот прв.

Возачите на Хаас, Нико Хулкенберг и Кевин Магнусен ја завршија сесијата на петтото и шестото место, а Естебан Окон, Алекс Албон, Даниел Рикиардо и Валтери Ботас ги заокружуваат првите 10.

Локалниот миленик Гуанју Џоу, кој се натпреваруваше пред својата публика за прв пат овој викенд, заврши на 11-тото место на единствениот тренинг. /МИА

Алонсо со критики кон тимот и покрај крајниот успех против Вест Хем

Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, изрази незадоволство по реваншот од четвртфиналето на Лигата на Европа помеѓу Германците и екипата на Вест Хем.

Натпреварот заврши нерешено 1:1, што значи дека „аспирините“ одат напред кон фајналфор.

-Се подготвувавме за опција во која Вест Хем ќе не притисне многу силно. Не ни беше многу удобно да играме во нашата формација. Да бидам искрен, во првото полувреме противниците беа подобри и се чувствувавме надвор од место. Многу е важно што не примивме втор гол бидејќи тие дефинитивно одиграа подобро од нас. За среќа, по паузата ги свртевме работите. И мило ми е што продолживме понатаму. Секогаш има тешки моменти во Лига Европа, изјави Алонсо.

Во полуфиналето, фудбалерите на Баер ќе се соочат со Рома во повторување на минатогодишната битка во оваа фаза од турнирот. Тогаш „Римјаните“ излегоа како победници. Натпреварите сега се на 2 и 9 мај - првиот се игра во Рим, а реваншот во Леверкузен. /МИА

Де Роси за дуелот со Алонсо во ЛЕ: Го почитувам уште од кога беше играч

Тренерот на Рома, Даниеле де Роси, ја прокоментира големата победа на тимот со 2:1 против екипата на Милан, со која и официјално „римските волци“ се пласираа во полуфиналето на Лига Европа.

Менаџерот, кој неодамна го презеде првиот тим, продолжува да прави чуда, а синоќа ги пофали своите играчи за нивниот напредок.

-За да го победиме овој Милан ни требаа вештини. Кога останавме со 10 фудбалери, моравме да играме со интензитет, но со интелигенција и тактичко знаење. Само трчање не е доволно. Многу сум горд што тренирам таков тим. Не беше лесно бидејќи Милан е многу силен тим кој игра добар фудбал. Завчера видовме дека дури ни Реал Мадрид не беше активен и се бранеше, ние истото го направивме, кога беше вистинскиот момент за тоа, изјави Де Роси.

Римјаните во полуфиналната фаза ќе играат против екипата на Баер Леверкузен во реприза на пресметката од истата фаза на турнирот од минатата кампања, кога „волците“ стигнаа до успехот.

-Можеби сакаат да се одмаздат за минатата година кога ги победивме. Ќе видиме што ќе се случи, но очигледно не не сметаат за фаворити. Можеби некој го чекаше Милан во полуфиналето од Лига Европа. Имам голема почит кон Чаби Алонсо уште од кога беше играч, додаде Де Роси.

Првиот натпревар е на 2 мај (четврток), а реваншот е точно една недела подоцна на 9 мај (четврток). /МИА

притисни ентер