Пред очите на светот се раѓа џихадистички град под шатори , со кој раководат жени

Кампот ал-Хол во Сирија , во кој живеат 70 000 џихадисти , станува вистинско упориште на Исламската држава , а никој не реагира.

Кон крајот на март годинава , американскиот претседател Доналд Трамп прогласи триумфално дека Исламската држава е поразена . Парна и последното упориште во Ирак со кое раководеше Абу Бакр ал Багдади и тоа значеше крај на Исламската држава. Но по само неколку месеци , никна злогласниот камп ал-Хол во Сирија , каде сега живеат најмалку 70 000 лица , од кои половината се деца или малолетници. Другите се жени , сопруги на џихадистите , а 15 проценти од сите нив се странци.

Условите во ал-Хол се сè потешки. Толку многу луѓе треба да се хранат, да се обезбеди медицинска нега и да се одржува , а ниту една земја не сака да плати за поддршка на жените и децата на најлошите терористи во последните десет години.

Покрај тоа, повеќето западни земји не сакаат да слушнат за нивните поранешни државјани кои се придружија на ИСИС. Според сведочењата на новинарите и невладините организации кои биле во кампот, ал-Хол се претворил во пекол, епицентар од кој може да се изроди ИСИС 2 , дури и посилен и поекстремен од порано.

Со приливот на луѓе кои избегаа по падот на Багуза, во кампот пристигнаа најрадикалните жени на борците на ИСИС, кои брзо се организираа и воспоставија правила што не се различни од оние според кои живееја во Исламска држава. Оние кои се противат, ги ризикуваат своите животи.

Под превезот на тајност, овие радикализирани жени продолжија да ги спроведуваат драконските закони на поранешниот „калифат“. За почеток, тие ги следат другите жени и ги принудуваат да останат лојални на ИСИС, казнувајќи ги оние чија приврзаност кон терористичката група исчезнува. Се води сметка сите жени да бидат облечени како што барала Исламската држава. На жените кои не се придржуваат кон тоа, им се заканува смрт.

Дури и инспекторите на Пентагон предупредуваа во нивниот извештај минатиот месец дека ниту Американците ниту нивните сојузници не можат да ги следат случувањата во огромниот камп ал-Хол на североистокот на Сирија.

Манекенка исчезнала лани, телото ѝ го нашле во друга држава- ја препознале по тетоважите

Телото на манекенката Кајкан Каенакам (31) е пронајдено во Бахреин, една година по нејзиното исчезнување.

Нејзиното тело било во мртовечница, а полицијата успеала да ја идентификува преку тетоважите.

Минатата година се преселила во Бахреин и почнала да работи во ресторан за да го издржува семејството откако кариерата ѝ пропаднала.

Манекенката редовно објавувала фотографии и видеа од својот живот на социјалните мрежи, а потоа одеднаш мистериозно исчезнала.

Нејзината последна објава била во април минатата година, а нејзиното исчезнување предизвика голема паника кај Тајланѓаните.

Членовите на нејзиното семејство со месеци се обидувале да ја најдат, а во потрагата се вклучила и амбасадата на Тајланд.

На 18 април, тајландската амбасада во Бахреин го известила нејзиното семејство дека нејзиното тело е пронајдено.

Во обдукцискиот извештај е наведено дека таа починала поради акутен пулмонален и срцев удар предизвикан од труење со алкохол.

Интернет сензација: Никој не може да поверува колку е стар (ВИДЕО)

Овој жител на Сингапур е вистинска интернет сензација.

Кога ќе ги видите неговите фотографии, ќе сфатите зошто се здоби со популарност, но има уште еден – многу поинтересен „детал“.

Чуендо Тан редовно објавува свои фотографии на Инстаграм и на други платформи, а луѓето не можат да поверуваат дека тој има 58 години.

Да, добро прочитавте. Овој човек е стар повеќе од половина век, а не би му дале над триесет. И тоа е многу!

Чуендо е роден во 1967 година, а своевремено работел како модел, пеел и глумел.

Успешно се занимава со модна фотографија и ја води својата агенција AVE Management.

Младешкиот изглед го одржува со редовни тренинзи, а особено внимава што јаде.

Патнички авион се излизга од пистата и заврши во нива (ВИДЕО)

Бразилски деловен авион во сопственост на приватна фармацевтска компанија полетал од аеродромот Чапеко до аеродромот Ерехим, на само петнаесет минути лет, и се излизгал од пистата за време на слетувањето.

Луксузниот Learjet 75 на фармацевтската компанија CIMED, регистриран под ознаката PP-DYB, полета со дел од раководството кон дестинацијата на облачно време во 13:35 часот. Авионот поминал само 13 минути во воздух и се вратил на аеродромот.

Меѓутоа, наместо да слета без проблем, авионот завршил од пистата на аеродромот Команданте Краермер во Ерехим.

За среќа, сите патници биле безбедно евакуирани, а CIMED, компанијата која го поседува овој луксузен авион, излезе со соопштение дека „сите патници се добро и нивната безбедност е приоритет на компанијата“.

Видео кое кружи на социјалните мрежи го покажува моментот кога авионот ја „напушта“ пистата на аеродромот.

Претседателот на компанијата, Жоао Адибе Маркес, објави дека истрагата ќе ја спроведе Регионалната служба за истрага и спречување на авионски несреќи.

Тој нагласи дека се надева оти истрагата ќе биде завршена што е можно поскоро.

Во несреќата која завршила со сериозни оштетувања на деловниот авион, еден од двајцата членови на екипажот и тројца патници се здобиле со полесни повреди што биле санирани на лице место, пренесува G1Globo..

притисни ентер