Оскаровката Рене Зелвегер , премногу ослабната се појави прв пат во јавноста (ФОТО)

Холивудскатаа ѕвезда Рене Зелвегер реши на шест години да се повлече од јавноста и да ми се посвети на здравјето , а сега , кога с епојави изгледа неверојатно ослабено.

Оскаровката Рене Зелвегер целосно се трансформира за улогата во филмот ,,Џуди” , посветен на актерката и пејачка  Џуди Гарланд.

На филмскиот фестивал во Торонто, публиката беше воодушевена од филмот, а во критиката има само зборови за пофалби за Рене.

На премиерата, актерката беше видно среќна, но многумина коментираа дека изгледа преслабо и изгладнето во светло сино фустанче од кое штрчи секоја коска.

Рене очигледно станува преслаба и се чини дека потклекна под диктатите на холивудската индустрија, за која е потребно актерките да бидат со нула конфекциска големина.

За актерката, која стана позната како Бриџит Џонс, ова е кам-бек филм затоа што  шест години беше далеку од јавноста. Во овој период, таа одлучи да се посвети на себе си и на своето здравје.

Нејзините пријатели велат дека вежба два часа на ден, а може да претрча и по 20 километри дневно.

- Научив да се грижам подобро за себе. Бев толку зафатен пред тоа што никогаш не помислив на таа опција. Сега тоа ми е приоритет. Бизнисот, во мојот случај глума, не мора да биде нешто што ќе ми го наруши здравјето и животот - рече 50-годишната актерка.  

Фото: Волшебната вселена

Вселена која одзема здив! Прогласени се финалистите за најдобра астрофотографија за 2019 година.

Астрофотографијата најверојатно е една од најтешките специјализирани видови на фотографија .

Кралската опсерваторија „Гринич“ ги објави најдобрите во натпреварот „ Astronomy Photographer of the Year“, Пристигнатите фотографии биле спектакуларни.

Годинава во изборот за најдобра Астрофотографија  учествувале 4602 фотографи од 90 држави.

Поради викендица на подарок, изгубено право на додаток за нега на трето лице

Викендица оставена во аманет од дедото причина за 39-годишната хендикепирана Сузана да остане без социјалните додатоци од околу 7500 денари - пари со кои го преживува месецот.

За овој проблем пред камерата на Канал 5 зборуваше нејзината мајка Драгица. Како што вели, добила писмо со кое ја известуваат дека повеќе не може да прима додаток за нега на трето лице. Вознемирена е бидејќи нема одговор на дилемата – како после триесет години и го одземале правото за единствениот приход поради подарена викендица.

„Таа викендица ја наследивме од свекор ми, не е наша. И се што имаме, и куќата во која живееме и уште една постара куќа – се е наследено од свекор ми. И сега на Труд и социјала им смета тоа што имаме викендица. Поради нејзе ми ги кинат сите права за детево што ги добивам. Ова јас го добивам ради нејзе. Не сум работела, немам стаж.“, вели Драгица Пешевска .

Макотрпните предизвици грижејќи се за својата болна ќерка од година в година се отежнувале, раскажува Драгица. И порано била повеќе пати во судир со институциите носејќи документи и потврди за хендикепот на Сузана. Ова не е прв пат да се укине помошта но, вели, прв пат како причина се наведува туѓ имот.

„Јас прво примав само додаток за нега, некаде откако Сузана наполни 10 години. И тоа ме тераа да ја носам на тројца доктори да установат дека детето ми е со хендикеп. И со повеќе потписи некако ја добивме негата. Од тогаш два или три пати ми ја кинеа помошта. Се сеќавам еднаш – зошто не сме биле дома.“ вели Драгица Пешевска .

Драгица дефинитивно ќе поднесе жалба, но вели решена е и за тужба. Сепак проблемите и натаму остануваат. Стравува дека поради ова ќе остане и без социјалната пензија за која неодамна поднела барање.

Алцхајмеровата болест,,крадец“ на помнењето

Цртежите од часовникот се нацртани од луѓе кои имаат алцхајмерова болест.

 Ова е само еден од тестовите каде според точноста на цртежот, дали се наместо бројките или не во кругот и стрелките, може да  биде симптом за оваа болест.

Денеска е светскиот ден, виолетовата боја не потестува на оние кои не создале и пораснале, а денеска го памететат она што било нивна младост, болеста избришала децении живот пред староста. Во Македонија се уште навреме не се открива оваа болест.

Сликите од младоста, филмовите се она што беше во знак на нивната младост.Раматичните црно бели филмови и музиката го освежија плоштадот  Македонија, но и предизвикаа внимание да се прашаме дали некој близок до семејството има вакво заболување. Во страчките домови стигнуваат луѓето кои се во поодмината фаза и не може некој од семејството да  им даде грижа 24 часа.

Причините за појавата на Алцхајмеорвата болест не се целосно разјаснети. Ова заболување се јавувава над 65 годишна возраст и е одговорна за 60 проценти од дементните заболувањња.

притисни ентер