Драма на небото : Американски воени авиони за малку ќе удреа во падобранци (ВИДЕО)

Воените авиони Ф-15 , додека летаат со брзина од 560 км/час за малку ќе удреа во двајца британски падобранци.

Двајца британски падобранци скоро се судрија со американски борбени авиони кои летаа со брзина од 560 километри на час, се наведува во воениот извештај на британското воздухопловство.

Додека возеле на 190 километри на час, падобранците сликале со камери на шлемовите на два воени авиони Ф-15 кои минувале под нив, пренесува денеска BBC.

Контролата на летање требаше да им каже на пилотите дека падобранците се наоѓаат во воздухот, соопшти воениот одбор.

Пилотите се интервјуирани во американска база дали биле свесни за опасноста, се додава во извештајот.

Одборот не беше во можност да утврди колку точно требало за да дојде до несреќата над аеродромот Чатерис на 17 април.

Инцидентот е класифициран во втората најопасна категорија.

„Падобранците немаа контрола над брзината и насоката, но тие беа во можност да ги отворат падобранците и да ја забават несреќата“, се наведува во извештајот.

Најмалку 34 турски војници загинаа во воздушните напади во Идлиб

Најмалку 34 турски војници загинаа во воздушни напади низ сириската провинција Идлиб, според сириската опсерваторија за човекови права, што може да предизвика остар одговор од Анкара.

Деветмина мртви и повредени војници пријавиле турските власти, објави државната новинска агенција „Анадолија“.

Гувернерот на провинцијата Хатај, која граничи со Сирија, ги обвини за нападите силите на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вечерва свика вонредна седница на Советот за безбедност на Анкара, на која присуствуваат секретарот за одбрана и началниците на генералниот секретаријат.

Според турските медиуми, се разговарало за состојбата во Идлиб.Турција распореди војници во таа гранична сириска провинција и започна невидена инвазија за поддршка на бунтовниците против претседателската офанзива на Асад.

Скоро еден милион Сиријци избегаа во последните три месеци, што е најголем егзодус од почетокот на војната.

Претходните разговори меѓу Анкара и Москва за решавање на конфликтот во Идлиб не дадоа позначаен резултат.

Јапонија поради коронавирусот ги затвора државните училишта

Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, најави дека јавните училишта ќе бидат привремено затворени следната недела за да се спречи ширењето на коронавирусот бидејќи земјата регистрира нов смртен случај.

Во исто време, стотици членови на екипажот на крузерот,  ставени во карантин во пристаништето Јокохама, јужно од Токио повеќе од три недели , ќе бидат тестирани.

„Приоритет на владата е здравјето и безбедноста на децата“,рече Абе на прес конференцијата. „Бараме сите основни и средни училишта низ целата земја привремено да ги прекинуваат часовите од 2 март до пролетните празници“, додаде тој. Пролетните празници во Јапонија започнуваат кон крајот на март.

Бројни државни основни и средни училишта во областа Хокаидо се веќе затворени, бидејќи гувернерот побарал да се затворат една недела. Осака исто така најави дека ќе ги затвори своите градинки, основните и средните училишта во текот на следните две недели, почнувајќи од сабота.

Властите истакнаа дека следните две до три недели ќе бидат клучни за запирање на ширењето на вирусот.

Австриска министерка , по потекло Босанка, примила 25 000 навредливи пораки – ја чува полиција

Австриската министерка Алма Задиќ, добила 25.000 навредливи пораки преку интернет по стапувањето на должноста во јануари, изјави политичарката родена во БиХ во денешното интервју.

Задиќ е првиот имигрант што станала министер во Австрија, откако избегала со своите родители пред војната во БиХ, кога имала десет години.

Повеќето објавени пораки се сексистички, антиимигрантски или антимуслимански, иако Задиќ не е муслиманка.Таа добила и смртни закани и затоа е под полициска заштита.

35-годишната политичарка од партијата на Зелените за неделникот „Инсајдер“ изјави дека тие 25.000 пораки може да водат до кривична постапка против нивните автори, од кои многумина ги користеле нивните вистински имиња.

„Во моментов размислувам како можам да ги процесирам сите, но навистина имам други работи за кои што треба да се грижам“, изјави Задиќ.

Министерката посочи дека многу Австријци биле соочени со мобинг на интернет заради нивниот пол, странските корени или религијата.

Задиќ рече дека работи на мерки што ќе им овозможат на жртвите подобра правна заштита и повика на одговорност на социјалните медиуми кога станува збор за известувања за прекршување на законот.

притисни ентер