Фото: Саемот на автомобили во Франкфурт !!

Саемот на автомобили во Франкфурт и годинава донесува голем број на светски премиери иако е посиромашен за  автомобилски гиганти .

Годинава своето учество на саемот го откажаа Ферари, Тојота... . Овие автомобилски гиганти се откажале од саемот во Франкфурт поради тоа што им било поевтино да се рекламираат на социјалните мрежи.

Сепак на традиционалниот саем на автомобили во Франкфурт има што да се види. Порше тајкан, Ауди А5 ТДИ Кватро, БМВ Концепт 4,модели на Ламборџини,  Мерцедес „EQS“, Мерцедес хибрид, Кинески Хонги автомобил, Кинески „BYTE“, Фолксваген Т1...

Видео: Најбогатото село во Кина, сите селани во банка имаат по најмалку 250 000 долари

Селото Хуаки е најбогатото но, истовремено и најмистериозното село во Кина.

Селото е светски познато по својот луксуз, ова населено место се извојува  од остатокот на Кина. За само 55 години Хуаки од рурално место се претворило во супер луксузно село. Но,јавноста тешко доаѓа до информации како жителите на Хуаки се збогатиле и како ги трошат своите средства, поради тоа што на сите жители им е забрането да зборуваат за тоа со медиумите. Селените дури и многу ретко комуницираат меѓу себе, дури им е забрането да го напуштат селото, ако го напуштат Хуаки остануваат без се што стекнале и се што имаат во селото.

На крајот на 50-тите години на минатиот век во Хуаки живееле само 600 жители. Развојот на селото го овозможил Ву Ренбау, поранешен секретар на Комунистичката партија, кој развил план за забогатување на жителите и основал повеќе од 12 компании, во кои се вработиле сите жители.

Инаку, селото Хуаки се наоѓа во провинцијата Јиангсу и е познато под името „Прво село под небото“. Денеска во него има околу 2000 луѓе. Сите селани живеат во идентични вили изградени по пример на вилите во западните земји. Медиумите наведуваат и дека сите жители на своите банкарски сметки имаат по најмалку 250 000 долари.

Во селото се наоѓа и светски познатиот парк со реплики на сите славни градби во светот, како Кипот на слободата, Операта во Сиднеј, Кинескиот ѕид, како и нов облакодер висок 328 метри, со 60 ката. Во оваа зграда е сместен хотел со 826 соби, а во неговото приземје има  кип од бик направен од чисто злато.  

Видео: Водителка се вклучи живо во програма со змија на вратот!!

Австралиска презентерка е хит на интернет, во живо во програма за вклучила со змија околу вратот.

Водителката на една австралиска телевизија е хит на социјалните мрежи поради видеото  на кое зборува во камера додека на рамо и стои змија која потоа и ја напаѓа.

Русокосата Сара Кот правела прилог за безбедност во случај да се соочите со змија, а продуцентите една змија и ставиле на рамото.

Змијата прво го нападнала микрофонот, Сара на продуцентите им рекла „Ми го гризе микрофонот, што ако ме касне по раката“.

Четири лица починаа од коронавирусот во Италија

Во Италија уште едно лице почина од новиот Коронавирус, со што вкупниот број на починати сега изнесува четири лица.

Како што пренесува италијанската агенција АНСА, станува збор за 84-годишен маж од Ломбардија кој бил хоспитализиран во Бергамо и имал хронични болести.

Викендот во Италија беа одложени и неколку  натпревари од Калчо поради наглото ширење на коронавирусот на северот на земјата.

  Италијанската влада презеде активности за изолирање на 11 населени места, од кои повеќето се во северниот регион на Ломбардија и Венето.

Училиштата и градинките, спортските објекти и продавниците се затворени. Јавниот превоз е запрен. Тие мерки влијаат врз повеќе од 50.000 жители.

Досега во Италија од новиот коронавирус наречен ковид-19 се заразени 165 лица.

притисни ентер