Канал 5: Вонредни вести од иднината, февруари 2022, протести на улиците на Скопје!

Собранието е пред најважната одлука за нашата земја, а огромна маса протестира на скопските улици. Ова се вонредните вести на Канал 5 за 9ти Февруари 2022 год.  

Денес е 9ти Февруари 2022 год, проследете ги вонредните вести на Канал 5 !

За утре , 10ти Февруари 2022 год. е закажана итна собраниска седница, на која прва и единствена точка ќе биде гласање за „кладилница ливче или компјутер“.

За оние кои можеби не се сеќаваат, станува збор за седница која започна во Октомври 2019 год , и се уште трае расправата меѓу пратениците за дилемата дали Катица Јанева своерачно го напишала дописот до Јовески во 2019 год. на ливче од кладилница, или пак дописот бил отпечатен на компјутер и донесен однадвор во затворот во Шутка.

Народните претставници утре ќе мораат конечно да гласаат, и доколку со трипетинско мнозинство изгласаат дека Јанева своерачно го напишала дописот на ливче од кладилница, се отвара конечна можност Јовески да замине во пензија.

За жал, оваа сериозна кривично-правна дилема од 2019 год. предизвика огромен финансиски и безбедносен проблем кој датира од моментот кога Јанева го испрати дописот до Јовески во далечната 2019 год. Оттогаш, секојдневно, роднини и пријатели на еден несреќник протестираат на скопските улици, а до денес ниту пратениците ниту пак Владата на Македонија не знаат како да се справат со овие проблеми.

Како што информиравме, Јанева наводно го напишала дописот на ливче од кладилницата „Црвен картон“ , ливче кое било во сопственост на друг притвореник, кој на „првата “ страна на ливчето испишал 18 натпревари сите со коефициент преку 3.00, за кој очекувал , доколку ги погоди сите натпревари, да добие фантастични 3 милијарди евра.

Семејството и пријателите на овој осомничен несреќник се веќе трета година на улица, барајќи правда за ливчето и обвинувајќи дека некој од Владата уште во 2019 год го уплатил тоа ливче со тие 18 натпревари, што се смета за директна причина за растот на БДП во првиот квартал на 2020 година за неверојатни 9,5 %!

Владата на Македонија изминативе 3 години упорно ги негираше овие обвинувања за злоупотреба на среќата на еден притвореник , тврдејќи дека растот на БДПто е резултат на одличниот интернет бизнис за продажба кој Владата го започнала со именувањето на екс министерката за Финансии од таа 2019 год.

Како и да е, утре очекуваме конечна завршница на оваа сага поврзана со дописот на Јанева до Јовески, како и можно завршување на протестите кои траат веќе 3 години.

( текстот е козерија/фикција )

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира со кого сака. 

Но, понудата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за коалицирање со неговата партија, уште на првиот ден од кампањата за парламентарни избори, покажува дека тој бара помош.

„Ние среде кампања не бараме помош од пријател. Мене ми се чини дека тоа е јасен знак на слабост, затоа што господинот Мицкоски знае што го очекува на 24 април и на 8 мај. Инаку зошто би барал помош од страна?“, рече Пендаровски, соопштуваат од неговиот тим.

Портокалова велосипедска тура, изложба на карикатури и холандски пазар на Деновите на Холандија

По повод националниот ден на Холандија – Денот на Кралот, Амбасадата заедно со своите партнери го отвори второто издание на „Денови на Холандија“ во Ист Гејт Мол во Скопје. 

Амбасадорот Дирк Јан Коп и извршниот директор на Ист Гејт Мол Игор Давков ги пречекаа посетителите со посебно искуство кое вклучуваше портокалова велосипедска тура, изложба на декорирани велосипеди, филмови во виртуелна реалност и холандски пазар.

Настанот започна со симболична портокалова велосипедска тура и изложба на велосипеди декорирани од средношколци од Скопје во организација на Гоу грин – Биди зелен. Покрај автентичните холандски производи во понудата на холандскиот пазар беа вклучени и локални продукти произведени со холандска технологија.

Во рамките на отворањето амбасадорот Коп ги објави и победниците на регионалниот натпревар за карикатури организиран од холандското Министерство за надворешни работи и организацијата Картун мувмент. Независно жири составено од претставници од сите шест држави од Западен Балкан ја додели првата награда на Душан Перишиќ од Србија а втората награда на Арменд Ајредини од Македонија.

Холандскиот пазар ќе биде отворен овој викенд (19-21 април) од 12:00 до 18:00 часот. Изложбата на карикатури може да се посети до крајот на април.

Германската шефица на дипломатијата во кавга со Нетанјаху за снимките од пазарот во Газа

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се судрија за време на состанокот во Ерусалим околу хуманитарната помош за Појасот Газа, пренесоа германските медиуми.

Баербок и Нетанјаху се судрија околу тоа дали жителите на Појасот Газа имаат доволно храна на располагање. Нетанјаху ѝ покажа фотографии на Баербок, наводно од северниот дел на Газа, каде што се вели дека хуманитарната криза е најлоша, а на кои што се гледаат пазари преполни со овошје, зеленчук и други прехранбени производи.

Како одговор, Баербок на својот мобилен телефон покажа фотографии од прегладнети деца од Појасот Газа и рече дека фотографиите што ги покажал Нетанјаху не се вистинити.

Според израелската ТВ станица Канал 13, израелскиот премиер рекол: „Ние не сме нацисти“, алудирајќи на пропагандните филмови на националсоцијалистичкиот режим кои сугерираа изобилство и добри услови за живот во варшавското гето во 1942 година.

Нетанјаху рече дека фотографиите на кои се прикажани преполните пазари во Газа се од израелската државна канцеларија Когат, која е задолжена за контакти со Палестинците и хуманитарна помош. Германското Министерство за надворешни работи воздржано реагираше на медиумските написи и соопшти дека тие „не го одразуваат вистинскиот тон“ што преовладувал за време на разговорите.

Според овие информации, Баербок, која вчера престојувала во Израел за да укаже на лошата хуманитарна состојба во Појасот Газа и да се бори за поголема помош, не му замерила на Нетанјаху дека фотографиите што ги има се лажни, туку дека не одговараат на севкупна слика за состојбата на цивилите во Газа.

притисни ентер