Фудбалерот на Барселона за пукање со пиштол во болница доби условна казна (ВИДЕО)

Фудбалерот Арда Туран (31) е осудена на условна затворска казна во траење од две години и осум месеци зашто пукал од пиштол и предивикал страв и паника .

Туран е осуден и за поседување оружје без дозвола и намерно нанесување повреди.

Фудбалер на Барселона кој е позајмен од турскиот Басакшехир, нема да оди во затвор, освен ако не стори кривично дело во наредните пет години, јавуваат турските медиуми.

Туран, минатата година, учествуваше во тепачка во ноќен клуб во Истанбул, каде му го скрши носот со пејачот Беркај Сахин.

Причина за тепачката е сопругата на пејачот, Озлем Ади која му се допаднала на Туран.

Подоцна, Арда го посети пејачот во болницата ,извади пиштол и му го даде . „Не знаев дека тоа е твојата сопруга. Да знаев ,не би направил такво нешто. Ако сакаш, можеш да ме убиеш“, му рече Туран на пејачот, по што пукаше во подот на собата.

Басакшехир реши да го казни фудбалерот со 370 илјади евра.

Во 2015 година, Туран премина од Атлетико во Барселона за 34 милиони евра, освојувајќи четири трофеи. Тој одиграл 100 натпревари за турската репрезентација и постигнал 17 голови.

Ученици од три града на заеднички фудбалски тренинг со Панчев и Станојковиќ

Триесет и пет ученици од 11 основни училишта од Скопје, Тетово и Велес ќе одржат заеднички фудбалски тренинг со спортските ѕвезди Дарко Панчев и Вујадин Станојковиќ во рамки на спортскиот настан „Играј фер".

Настанот денеска ќе се одржи на фудбалското игралиште Локомотива.

Целта на овој настан, во организација на Агенција за млади и спорт, е запознавање, вмрежување и интегрирање на млади кои не доаѓаат од иста средина, надминување на стереотипите, како и зголемување на меѓусебната толеранција на млади од различни етнички средини и нивно поврзување преку фер спортска игра. /МИА

Промоторот на Фјури објави кога и каде ќе биде реваншот против Вајдер

Френк Ворен, промотор на Тајсон Фјури, откри дека третиот натпревар помеѓу британскиот боксер и Деонтај Вајлдер ќе се одигра во јули, но, веројатно нема да се одржи во Велика Британија.

Фјури неодамна го совлада Вајлдер и стана нов светски шампион во ВБЦ и најдобар во тешка категорија на светот. Немаше победник на првиот меч меѓу нив во декември 2018 година, бидејќи борбата заврши со контроверзно реми, иако Фјури сепак беше многу подобар, како што сметаа многумина.

"Деонтај сè уште не ја активирал клаузулата во неговиот договор за реванш, но тој јасно стави до знаење дека наскоро ќе го стори тоа. Не се сомневам.", рече Ворен, додавајќи:

„Ако имаше реванш, би сакал да биде во Велика Британија, но во моментов е планиран за Лас Вегас во јули“.

Ѕвездата на Тотенхем во карантин поради коронавирус

Ѕвездата на Тотенхем, Сон Хјунг Мин има проблеми со коронавирусот.

Сон изминативе денови е во родната Јужна Кореја, каде што околу 2.000 луѓе се заразени.

Сон се вратил вчера од Сеул во Лондон, но не можеше да оди во клубот, туку отиде во карантин што ќе трае две недели. Веднаш по напуштањето на авионот, епидемиолозите се погрижија за него, а две недели не му е дозволено да се дружи со играчите или да го посети клупскиот камп.

Sвездата на Тотенхем не е позитивен на коронавирус, но поради претпазливост е  ставен во изолација.

Жозе Мурињо се огласи по карнатинот на Сон.

„Овие совети за карантин на Сон дојдоа од владата. Не сакам повеќе да коментирам, не знам повеќе. Сон ќе мора да го следи протоколот и нема да го видиме некое време“, рече Мурињо.

притисни ентер