Доналд и Меланија Трамп на церемонијата по повод годишнината од нападите на 11. септември (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп во говорот по повод 18 годишнината од нападите 9/11 , рече дека САД порешително од кога било ќе се справи со Талибанците.

„Последните четири дена го погодивме непријателот потешко од кога било и така ќе продолжиме“, истакна Трамп на церемонијата во знак на одбележување на нападот на 11 септември на Пентагон, каде се урна еден од четирите авиони, киднапирани од терористите на Ал Каеда.

Веднаш по нападите на 11 септември 2001 година во кои загинаа скоро 3.000 луѓе, Соединетите држави започнаа голема воена офанзива во Авганистан за да го соборат талибанскиот режим, кој ги криеше нарачателите на нападите.

Осврнувајќи се на нападот во Кабул, во кој загина еден американски војник и ги исклучи „врвните мировни преговори“ организирани во највисока тајност, Трамп рече дека Талибанците сакаат да ја покажат својата сила, но всушност ја покажале својата „немоќ“.

„Ако поради некоја причина тие се вратат во нашата земја, ние ќе одиме по нив каде и да се и ќе примениме воена сила што САД никогаш не ја користела во својата историја. Дури и не зборувам за нуклеарна сила“, додаде тој.

Во моментов околу 13.000 американски војници се стационирани во Авганистан.Со мировниот договор со кој се преговара со Талибанците треба постепено да се намалува нивниот број , а Талибанците мора да гарантираат дека ќе се борат против терористите, „ќе го намалат насилството“ и да започнат директни мировни преговори со властите во Кабул, нешто што бунтовниците досега го одбиваа.

Отстранети 277 непрописно паркирани возила од јавните површини во Скопје

Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се подигнати 227 возила од јавните површини во Скопје. 

Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 40 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 187 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин,  тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Од Град Скопје информираат дека контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 387 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 40 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг" апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

-Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка, наведуваат во соопштението. /МИА

Китанов: Општина Петровец добива нов мост долг 133 метри со две коловозни ленти, безбеден и сигурен за сите граѓани

​Денес се наоѓаме на изградбата на еден сосема нов мост. Мостот на река Пчиња, општина Петровец.

 Постоечкиот, стариот мост е стар 50 години, граден од времето на ЈНА. Тој го отслужил своето и веќе не може нити да се санира, нити да се реставрира, бидејќи толку му бил изгледа и векот.

Но ние се зафативме со работа и уште во октомври 2018 година отпочнавме со изградба на овој нов мост. Новиот мост ќе биде долг 133 метри, ќе биде широк 8,5 метри со два коловоза и  со два тротоара каде што ќе можат граѓаните безбедно да комуницираат од едната страна на другата страна на реката.

Малку е да кажам во каква состојба беше стариот мост, веќе меѓуградските автобуси не сакаа да возат на оваа делница. Ние го слушнавме апелот на граѓаните, веднаш реагиравме и еве го полека му се гледа крајот на новиот мост којшто ќе биде безбеден, којшто ќе биде функционален и кој ќе биде за овие граѓани коишто живеат во овие населени места.

Верувам дека се задоволни од целото тоа. Мислам дека ако ги споредиме стариот и новиот, ќе видиме дека навистина има разлика. Нека им е со среќа на идните генерации, овој мост да го останат, многу години да го користат за убавото на сите нас.

Зоран Китанов,член на ЦО на СДСМ и директор на ЈП Државни патишта

Центар за комуникации со јавноста

ВМРО-ДПМНЕ ќе основа министерство за енергетика и минерални суровини

​ВМРО-ДПМНЕ ветува дека кога ќе дојде на власт ќе спроведе мерки за доброто на граѓаните.

Граѓаните на Република Македонија заслужуваат проекти кои ќе значат воведување на европските стандарди во однос на енергетската независност и ефикасност и заштитата на животната средина.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која подразбира основање на ново министерство за енергетика и минерални суровини кое ќе се фокусира кон проблематиката на енергетиката како клучна област за стратешки развој за државата. Тоа не значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја зголеми бирократијата. напротив ќе ја намали бирократијата, и ќе го намали бројот на министерства кои што сега се покажаа како нефункционални и непотребни во државната структура.

Министерството за енергетика ќе биде клучно за развојот на овој стратешки сектор во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да врши издавање зелени државни обврзници за повеќе зелени проекти. Овој проект предвидува министерството за финансии да издаде зелени обврзници кои ќе бидат долгорочни должнички хартии од вредност. Средствата обезбедени по основ на овие обврзници ќе имаат стриктно определена намена односно ќе се користат за проекти за решавање на проблемот со загадувањето и заштитата на животната средина.

ВМРО-ДПМНЕ макотрпно ќе работи на проекти за заштита на животната средина, бидејќи здравјето на македонските граѓани е пред се и над се.

 Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер