Да се прогласи елементарна непогода и да се добие отштета од државата, побараа лозарите на мирен протест во Неготино

Да се прогласи елементарна непогода – суша и да се добие отштета од државата, побараа производители на грозје на мирен протест во Неготино.

Протестот беше организиран на градскиот плоштад од новоформираното регионално Здружение на лозароовоштари.

Во името на лозарите, претседателот Златко Стојчев побара исплата на старите долгови кои некои визби им ги должат на лозаропроизводителите од пред неколку години.

– Бараме поголема едукација, одредување загарантирана цена за килограм грозје и стручни служби да одредуваат технолошка зрелост на родот и неопходна шеќерност при откуп, како и полесен пристап до европските фондови. Наместо најавените два денара по килограм продадено грозје во винарија, бараме субвенција од по три денари, изјави за МИА Стојчев, кој е регистриран лозар и стопанисува со триесет хектари земјоделска површина, а живее во кавадаречко Сопот.

Неколкумина производители на грозје на протест дојдоа со своите трактори./МИА

Китанов: Општина Петровец добива нов мост долг 133 метри со две коловозни ленти, безбеден и сигурен за сите граѓани

​Денес се наоѓаме на изградбата на еден сосема нов мост. Мостот на река Пчиња, општина Петровец.

 Постоечкиот, стариот мост е стар 50 години, граден од времето на ЈНА. Тој го отслужил своето и веќе не може нити да се санира, нити да се реставрира, бидејќи толку му бил изгледа и векот.

Но ние се зафативме со работа и уште во октомври 2018 година отпочнавме со изградба на овој нов мост. Новиот мост ќе биде долг 133 метри, ќе биде широк 8,5 метри со два коловоза и  со два тротоара каде што ќе можат граѓаните безбедно да комуницираат од едната страна на другата страна на реката.

Малку е да кажам во каква состојба беше стариот мост, веќе меѓуградските автобуси не сакаа да возат на оваа делница. Ние го слушнавме апелот на граѓаните, веднаш реагиравме и еве го полека му се гледа крајот на новиот мост којшто ќе биде безбеден, којшто ќе биде функционален и кој ќе биде за овие граѓани коишто живеат во овие населени места.

Верувам дека се задоволни од целото тоа. Мислам дека ако ги споредиме стариот и новиот, ќе видиме дека навистина има разлика. Нека им е со среќа на идните генерации, овој мост да го останат, многу години да го користат за убавото на сите нас.

Зоран Китанов,член на ЦО на СДСМ и директор на ЈП Државни патишта

Центар за комуникации со јавноста

ВМРО-ДПМНЕ ќе основа министерство за енергетика и минерални суровини

​ВМРО-ДПМНЕ ветува дека кога ќе дојде на власт ќе спроведе мерки за доброто на граѓаните.

Граѓаните на Република Македонија заслужуваат проекти кои ќе значат воведување на европските стандарди во однос на енергетската независност и ефикасност и заштитата на животната средина.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова која подразбира основање на ново министерство за енергетика и минерални суровини кое ќе се фокусира кон проблематиката на енергетиката како клучна област за стратешки развој за државата. Тоа не значи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја зголеми бирократијата. напротив ќе ја намали бирократијата, и ќе го намали бројот на министерства кои што сега се покажаа како нефункционални и непотребни во државната структура.

Министерството за енергетика ќе биде клучно за развојот на овој стратешки сектор во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да врши издавање зелени државни обврзници за повеќе зелени проекти. Овој проект предвидува министерството за финансии да издаде зелени обврзници кои ќе бидат долгорочни должнички хартии од вредност. Средствата обезбедени по основ на овие обврзници ќе имаат стриктно определена намена односно ќе се користат за проекти за решавање на проблемот со загадувањето и заштитата на животната средина.

ВМРО-ДПМНЕ макотрпно ќе работи на проекти за заштита на животната средина, бидејќи здравјето на македонските граѓани е пред се и над се.

 Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ:Нови 100.000 работни места и пад на невработеноста под осум отсто до крајот на новиот мандат

​За помалку од три години, преку одговорни и успешни економски политики СДСМ успеа да ја извади државата од финансискиот колапс во кој беше заглавена.

Денес, официјалните податоци го  потврдуваат сериозниот  исчекор на економски план.

Платите растат во сите сектори, имаме рекордно високи странски инвестиции, невработеноста е на историски минимум од 17.1 отсто, а животниот стандард расте.

Токму, досегашните економски политики отвораат простор за уште поголем раст.

Затоа, во следните четири години мандат СДСМ го подготвува досега најголемиот скок во  македонската економија.

Следува рекордна невработеност и рекорден раст на платите. Преку  мерки и политики со кои Северна Македонија станува земја со ниска невработеност, држава во која платите растат брзо во сите сектори.

Затоа во новата програма СДСМ  предвидени  суштински и реални мерки и политики.

До крајот на мандатот, до 2024 година, планирани се нови 100.000  работни места. Затоа што ако можеше за 2,5 години да се отворат нови  60.000 работни места, за полн мандат од 4 години реални се шансите да се отворат 100.000 нови работни места.

Овие политики ќе донесат пад на невработеноста под 8%, односно под 20% кај младите.

Денес стапката на невработеност изнесува 17,1 кај општата популација и 35 отсто кај младите и е сериозно намалена во споредба со 2017 година.

СДСМ беше и останува на страната на интересите на граѓаните. Тоа го потврди со бројните мерки за само 2.5 години. За следните 4 години со уште позасилено темпо, со нови и подобри можности за сите граѓани.

Затоа на 12 април ќе победат политиките на Социјалдемократскиот сојуз кои нудат напредок и просперитет и за државата и за сите граѓани.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

притисни ентер