Жерновски од Баварија: Датумот за преговори ќе биде заеднички успех, македонски и европски

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, денеска престојуваше во работна посета на германската сојузна покраина Баварија, соопшти МНР. 

Посетата се реализира на покана на претседателот на Комисијата за европски прашања во баварскиот парламент.

Во рамките на посетата, ЗМНР Жерновски информираше за постигнатите резултати во реформските активности од европската агенда на Северна Македонија, за внатрешно политичките случувања и добрососедските односи. Беа остварени и повеќе поединечни средби со пратениците од баварскиот парламент, при што беше истакнато значењето на донесувањето на одлуката за датум за почеток на пристапните преговори со Европската Унија во октомври оваа година.

"Европската перспектива за Република Северна Македонија е мотор за позитивни промени. Одлуката во октомври е важна за нас, за вас и за целиот регион. Датумот за почеток на преговори ќе биде заеднички успех, македонски и европски", истакна Жерновски на средбите.

Оваа Влада е фокусирана на реформите, да ја направи државата стабилна и сигурна, членка на НАТО и ЕУ, економски силна, во која младите ќе ја препознаат својата шанса и ќе бидат граѓани со достоинствен животен стандард, беше изјавено од страна на Жерновски на средбите.

За време на работната посета, ЗМНР Жерновски оствари средби и со министерот за економија на Баварија, Хуберт Аивангер, министерот за животна средина, Торстен Глаубер и со министерот за образование Михаил Пазоло. Голем дел на разговорите беше посветени за унапредување на билатералната и економската соработка со Баварија.

Во тој контекст, се разговараше и за Заедничката комисија на Северна Македонија - Баварија, како одлична можност за продлабочување на економската соработка, како и за искористување на големиот инвестициски потенцијал кој оваа развиена и просперитетна германска сојузна покраина го има.

Рашфорд може да го пропушти ЕП 2024

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд би можел да го пропушти Европското првенство во 2024 година, пишува „Телеграф“.

Според изворот на изданието, на селекторот на Англија, Герет Саутгеј не му се допаднал настапот на играчот.

За да добие место во формацијата на „трите лава“, фудбалерот мора да покаже подогри игри на претстојните натпревари.

Оваа сезона 26-годишниот Рашфорд одигра 35 натпревари, постигна 8 голови и 6 асистенции.

Словенија, Данска и Србија ќе играат против Англија во групната фаза на ЕП 2024. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Кумановска салата

Во четврток (28.03.2024) во емисијата гостин ни беше Нино Величковски.

Состојки за денешниот рецепт:

3 црвени домати

1 свежа краставица

1 главица кромид

1 морков

2 лажици лупен сончоглед

100 гр. сирење

балсамико, масло за јадење, сол по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

„Дубаи мол“ лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе

 Сопствениците на „Дубаи мол“ во Обединетите Арапски Емирати, сооопштија дека трговскиот центар лани го посетиле рекордни 105 милиони луѓе, што го прави најпосетуваното место во светот во 2023 година.

Така, трговскиот центар стана светска атракција, според управителите, привлекувајќи посетители од целиот свет. Управата наведува и дека е забележан скок од над 19 отсто во однос на 88 милиони во 2022 година. А пак, само во првите два месеци од оваа 2024 година, забележани се 20 милиони посетители, така што и годинава „Дубаи мол“ најверојатно ќе постави нов рекорди.

- Овие бројки го одразуваат импресивниот статус на трговскиот центар во Дубаи и го одразуваат напредното лидерство на Дубаи и силната економија. Нашиот трговски центар го отелотворува живиот дух на градот и посветеноста на извонредноста, претворајќи ја визијата на менаџментот во реалност. Како составен дел од економското ткиво на Дубаи, ние играме клучна улога во неговиот успех и иновативност, рече Мохамед Алабар, основач на компанијата „Емаар“ којашто управува со трговскиот центар.

„Дубаи мол“ има околу 1.200 продавници на познати брендови облека, обувки, модни додатоци, апарати за домаќинство итн, а тука се наоѓаат и околу 200 ресторани и кафулиња. Уште една причина за посетеноста е и аквариумот, каде што живеат 33.000 животни. /МИА

притисни ентер