Апелација ги потврди затворските казни за обидот за убиство на Зијадин Села

Апелацискиот суд во Скопје ги потврди во целост сите затворски казни изречени од Основниот кривичен суд Скопје на седуммината обвинети за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села во Собранието на РМ на 27 април минатата година.

Пресудата за случајот беше објавена на 5 јули годинава. Судијката Славица Андреевска на седуммина им одреди затворски казни меѓу тринаесет и десет години затвор, а двајца обвинети кои ја признаа вината добија три и една година затвор. Поради немање доволно докази обвинението беше повлечено за еден од првично обвинетите.

Кире Георгиевски доби 13 години, Андреј Мицов 10 години и шест месеци, Оливер Ошавковски 10 години и шест месеци, Николче Димитриевски 10 години и шест месеци, Александар Јаневски – Тошта 13 години, Никола Војминовски 13 години и шест месеци и Коста Делев 10 години и шест месеци. Виновни се дека со умисла се обиделе да го убијат Зијадин Села.

Обвинението го поднесе и го застапуваше обвинителот Дарко Јакимовски од Јавното обвинителство Скопје./МИА

„Златна камера 300" за француската кинематограферка Хелен Лувар

„Златна камера 300" на 40. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки" освои франуцуската кинематограферка Хелен Лувар  за филмот „Невидливиот живот на Евридика Гузмао".

„Златна камера 300" на 40. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки" меѓу 12 филма во конкуренција освои франуцуската кинематограферка Хелен Лувар  за филмот „Невидливиот живот на Евридика Гузмао".

„Сребрена камера 300" доби Џинсонг Донг од Кина, кинематографер на филмот „Езерото на дивите гуски", а  со „Бронзена камера 300"  е награден Даниеле Ципри од Италија, кинематографер на филмот „Пирани".

На свеченото затворање на јубилејниот фестивал во Битола му беше доделена и наградата за животен опус на грчкиот кинематографер Јоргос Арванитис, која му ја врачи директорката на ИФФК, Гена Теодосиевска.

Добитниците на трите награди од натпреварувачката селекција не присуствуваа на доделувањето поради други професионални обврски.

Одлуката за наградите ја донесе меѓународно стручно жири во кое членуваа  Ед Лакман од САД, Калојан Божилов од Бугарија, Доминик Велински од Франција, Ненад Дукиќ од Србија и Фејми Даут од Северна Македонија.

Во нивното образложение за првонаградената Лувар е наведено дека кинематограферката „маестрално ги покажува можностите на кинематографијата и нејзината психолошка моќ за раскажување приказни".

Беше доделена и „Мала златна камера 300" од категоријата краток филм која и беше врачена на Констанца Сандовал од Аргентина.

Во чест на наградените почна специјална проекција на филмот „Манаки – приказна во слики" чиј режисер и кинематографер е Роберт Јанкуловски, кој ја прикажува фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки и нивното големо творештво. /МИА

Полицијата употреби солзавец во Хонг Конг

Демонстрантите во Хонг Конг денеска запалија кинеско знаме, а полицијата употреби солзавец за да ги растера.

Полицијата обвини некои демонстранти дека фрлале молотови коктели по маршот на повеќе од илјада лица во Туен Мун, област во северозападниот дел на градот.

Демонстрантите поминале околу два километри од игралиште до зградата на Владата.

Многу од нив биле облечени во црно и носеле чадори, симбол на нивното движење.

Протестот бил релативно мал во однос на претходните демнострации кои се одржуваат секој викенд од јуни.

Русија ќе спроведе анализи на заканите по националната безбедност и стабилност

Русија најбрзо што мора ќе спроведе дополнителни анализи на заканите за националната безбедност и за стратешката стабилност.

 Со оглед на американските  планови за наоружување на своите воени сили со ракети од краток и среден дострел, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Според министерството, наместо да се најде начин за спасување  на договорот за нуклеарните сили од среден дострел, САД ги блокирале сите шанси да се разговара за конструктивно барање на решение, соопшти руското МНР.

притисни ентер