Дебитираше „џебната ракета“ на Хонда

Ова е продукцискта верзија од моделот „е“ која е речиси идентична како прототипот од ова возило кое беше претставено во март.

Хонда „е“ ја имапше својата светска премиера на актуелниот франкфуртшки авто- саем. Кога ќе се појави во продажба, купувачите на овој модел ќе можат да одберат помеѓу две опции за моторот.

Основниот модел ќе користи електромотор од 136 коњски сили, додека помоќната изведба ќе биде опремена со електричен агрегат од 156 коњски сили. Од Хонда се пофалија дека помоќниот модел убрзува од 0 до 100 км/ч за околу 8 секунди.

Батериите се со капацитет од 35,5 киловат часови а јапонскиот произведувач тврди дека се меѓу најкомпактните во класата. Според фабричките податоци, Хонда „е“ со едно полнење на батеријата може да помине до 220 км, па како што велат од компанијата, овој автомобил е совршен за возење во урбани средини.

Благодарение на можноста за брзо полнење, за само 30 минути ќе можете да ја наполните батеријата до 80%.

Хонда „е“ има погон на задните тркала и мали камери наместо ретровизори кои се вградени во вратите.

Ентериерот е идентичен како кај прототипот од овој модел а е впечатлив по тоа што е потполно модерен со дигитална командна табла составена од два 12,3 инчни екрани осетливи на допир.

Од Хонда соопштуваат дека веќе е отворена книга за нарачки за приоритетни купувачи на одбрани пазари, како што се Британија, Германија, Франција и Норвешка а цената на автомобилот се уште не е објавена.

Гугл вложува 600 милиони евра за изградба на четврти центар за податоци во Холандија

Американската технолошка корпорација Гугл ќе инвестира 600 милиони евра во изградба на центар за податоци во индустрискиот имот Вестпорт во близина на холандскиот град Гронинген.

Како што пренесува NL Times, ова ќе биде четврти центар за податоци на Google во Холандија.

Компанијата информираше дека досега има инвестирано околу 3,8 милијарди евра во Холандија и додаде дека новиот центар за податоци е неопходен за да се задоволи зголемената побарувачка за вештачка интелигенција и клауд услуги.

- Организациите и владите во Холандија се повеќе се движат кон клауд. Употребата на cloud computing е речиси двојно зголемена во Холандија во последните пет години. Google инвестира во дигитална инфраструктура поради зголемувањето на побарувачката - се вели во соопштението на американската корпорација.

Центрите за податоци користат многу електрична енергија, а Google на почетокот на оваа година објави дека ќе се напојуваат со енергија од ветер од ветерните електрани на Северното Море.

Гугл има и центри за податоци во Данска, Финска и Белгија, додека главната европска канцеларија на компанијата се наоѓа во Ирска.

Ученик влегол со нож во училиште во Милано и ја барал наставничката, нејзин колега настрадал

Ученик (15) се појавил во училиштето „Луиџи Галвани“ во Милано со нож и побарал да се види со својата наставничка, но за среќа двајца професори го запреле и го разоружале.

Во таа интервенција еден од наставниците е повреден и моментално е во болница.

За среќа, повредите во болницата му биле окарактеризирани како полесни, па се очекува тој да биде добро и наскоро да биде отпуштен дома.

Според карабинерите, инцидентот се случил вчера, а се претпоставува дека ученикот имал намера да ја повреди или заплаши наставничката.

Тинејџерот имал тенденција да ја таргетира наставничката и ги прашал сите што ги сретнал на училиште за неа.

Откако бил спречен инцидентот, 15-годишниот ученик се обидел да побегне, но полициските патроли го уапсиле во близина и го однеле во станица.

Георгина и Роналдо објавија снимка од плажа- веднаш добија 3 милиони лајкови (ВИДЕО)

Георгина Родригез на Инстаграм објави романтично видео на кое ужива на плажа со својот партнер Кристијано Роналдо, ставајќи крај на гласините за проблеми во врската.

„Во рајот со тебе“, напиша таа покрај видеото како шетаат по плажа и се бакнуваат, а видеото им се допадна на повеќе од 3 милиони луѓе.

Роналдо на својот Инстаграм сподели и фотографии од одмор на кои се гледа како се забавуваат, попишувајќи ги: „Среќа“.

притисни ентер