Нивото на Прилепското вештачко езеро е под биолошкиот минимум

Најголемата вештачка акумулација  во северниот дел на Пелагонија, Прилепското вештачко езеро е без вода.

Поради замена на главниот сигурносен вентил,вода нема и за  биолошкиот минимум од 680 илјади метри кубни.Поради овој зафат кој требаше да се изврши лани,но е одложен за овој понеделник водата од акумулацијата двапати е испуштана,па така во оваа екстремно сушна сезона наместо 6 милиони кубни вода на располагање за наводнување на земјоделските површини беа 2 милиони и 500 илјади метри кубни. Кои се дистрибуираат преку 300 километри мрежа за наводнување..

Замената на сигурносниот вентил чини 9 милиони денари пари обезбедени од УНДП.

Истиот не е заменет од 1967 година,а според проектот работите треба да завршат до крајот на овој месец.

Бидејќи со испуштањето на водата уништен и рибниот фонд,водостопанското претпријатие има земено обврска по обезбедувањето на биолошкиот минимум да изврши три циклуси на порибување.

Да се преземат мерки доколку се утврди неосновано зголемување на цените во аптеките на заштитни средства за коронавирусот

Владата на Република  Македонија ја поздравува одлуката на институциите и организациите на централно и на локално ниво кои одлучија да ја прифатат препораката да се откажат сите јавни собири до 6 март 2020 година.

Владата, како што стои во соопштението, ги охрабрува сите останати, како и сите граѓани, да ја почитуваат препораката и со тоа да покажат одговорност и да дадат придонес за спречување на ширењето на коронавирусот.

Ќе се спроведе во целост задолжението до Пазарната инспекција и до Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија (МАЛМЕД) да се направи увид и контрола на залихите на заштитните средства за спречување на пренесувањето на вирусот во аптеките, и доколку се утврди неосновано покачување на цените ќе бидат преземени мерки соодветно за законските прописи и овластувања.

Владата на Македонија,се додава, ги уверува граѓаните и јавноста дека сите мерки што ги презеде Министерството за здравство, насоките на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи, постојаниот мониторинг од кои произлегуваат секојдневните мерки и препораки на Кризниот штаб, на Комисијата за заразни болести, како и на Институтот за јавно здравје, ги постигнаа очекуваните резултати, и дека превенцијата и контролата за да се спречи ширењето на корона вирусот, се остваруваат целосно. /МИА

Сообраќајка во Куманово, едно лице загина, едно е повредено

Едно лице загина, а друго е повредено во тешка сообраќајна несреќа што се случила утрово во Куманово, соопштија од Итна помош Куманово.

Од итната помош додаваат дека повреденото лице е префрлено на лекување во скопските клиники.

Сообраќајната несреќа се случила околу 6 часот на булеварот „Октомвриска револуција" во близина на реонскиот пазар.

Од СВР Куманово потврдија дека се случила сообраќјна несреќа  и најавија дополнителни информации во текот на денот. /МИА

Од ИПАРД 2 програмата на располагање 9,2 милиони евра, аплицирањето од денеска до 14 април

Сите земјоделци кои сакаат да ги модернизираат фармите од денеска па се до 14 април 2020 година, ќе може да аплицираат за добивање на финансиска поддршка преку ИПАРД 2 Програмата.

Станува збор, како што соопштуваат од Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, за мерката „ Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства"  од ИПАРД 2 Програмата. Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик изнесува  9.216.693 евра или  568.147.394 денари. Овој повик, појаснуваат од Агенцијата, им овозможува на земјоделските стопанства широк спектар инвестции во примарното земјоделско и сточарско производство, вклучително и инфраструктурни зафати.

-Мерката  е наменета за реализирање инвестиции што се однесуваат на следните приоритетните сектори: растително производство, сточарско производство, преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на земјоделското стопанство, производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка. Во овој повик не се прифатлива инвестиција трактори, изјави Бабовски.

Финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратен грант во износ од 60 отсто од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за оваа мерка. Процентот се зголемува до 65 отсто за инвестиции во земјоделски стопанства предложени од страна на млади земјоделци (физички лица на возраст од 18 години до 40 години на денот на поднесување на барањето за финансиска поддршка) и 70 отсто за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области.

Сите кои сакаат да аплицираат треба да имаат комплетна документација и да пополнат и поднесат Барање за користење средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020 за мерка 1 – „Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства" и придружна  документација како што е наведена во Јавениот повик. Пополнетото барање за користење на средства по мерка 1 од ИПАРД Програмата 2014-2020 и целокупната документација се доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во горниот лев агол „НЕ ОТВАРАЈ" за Јавен оглас ИПАРД број 01/2020 и назначување на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта како препорачана пратка или лично во писарницата на Агенцијата.

-Преку искористувањето на средствата од ИПАРД 2, Република Македонија ќе обезбеди достигнување на стандардите на Европската Унија кои се однесуваат на квалитет и безбедност на храна, јавно здравје, заштитата на животната средина, заштита при работа, здравје и заштита на растенијата и на животните, благосостојба на животните, како и поддршка за одржливо управување со природните ресурси и подобрување на условите за живот во руралните средини и руралната економија во целост, стои во соопштението од Агеницјата. /МИА

притисни ентер