Кашоги барал да не му ја затвораат устата оти боледува од астма

Турскиот весник „Сабах“ пренесува дека последните зборови на убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги упатени до неговите убијци биле да не му ја затвораат устата, бидејќи боледува од астма и може да се задуши.

Весникот објави нови извадоци од снимката од разговорот на Кашоги и членовите на групата Саудијци кои биле испратени да го убијат.

Според транскриптот на снимката, член на саудискиот тим му вели на Кашоги дека мора да биде вратен во Ријад поради налог на Интерпол.

Исто така, се додава дека Саудиецот го принудува Кашоги да му испрати порака на синот во која му пишува да не се грижи ако не му се јавува.

Излезноста до 17 часот повисока за девет проценти во однос на изборите пред пет години

Значително повисока излезност во споредба со претседателските изборите од пред пет години, покажува пресекот на резултатите што го направи Канал 5..

Јован Ѓорговски ја има анализата.. Јован, што покажуваат бројките?

Хамас објави видео од израелско-американски заложник

Хамас објави триминутно видео на кое наводно е прикажан 23-годишниот израелско-американски заложник Херш Голдберг-Полин.

На видеото, Голдберг-Полин го потврдува својот идентитет и бара од израелските власти да го вратат дома, а се гледа како му недостига дел од раката поради повреда за која се верува дека била предизвикана во нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

„Во заробеништво сум речиси 200 дена“, вели Голдберг-Полин во видеото, што укажува дека тоа е неодамна снимено, пренесува Тајмс оф Израел.

Голдберг-Полин беше киднапиран од забава организирана на 7 октомври во близина на границата со Појасот Газа.

Помалку од час до затворањето на гласачките кутии – мирен и без инциденти изборен круг

Од аналитичкиот центар на канал 5 одиме во скопско влае, каде, како и на три и пол илјади избирачки места привршува гласањето..

Сандра Спасовска ја имаме во живо.. Сандра, можеме ли да се процени - дали интересот за гласање попладнево е поголем отколку претпладнето..

притисни ентер