Штрајкуваат со глад рударите во Зеница, интервенирала и итната помош

Десетици рудари почнаа штрајк со глад во рудникот во Зеница, БиХ, со барање за исплата на заостанатите плати.

Поради тешката состојба на рударите , интервенирала и итната медицинска помош , но штрајкот не го прекинуваат.

Рударите во рудникот за јаглен во Зеница деенска решија да останат во јамите за да протестираат против одложувањето на исплатата на платите, а заради лошата здравствена состојба на дел од нив, екипите на брзата помош мораа вечерва да интервенираат за да им помогнат на најмалку тројца рудари на кои им се слошило.

Десетици рудари од првите две смени влегоа во јамите на рудниците Страњани и Стара јама во текот на денот, но по работното време одбиваа да заминат и најавија дека ќе останат во јамите додека не се исполнат нивните барања.

Тие ја донесоа одлуката откако преговорите меѓу нивните претставници и претставниците на владата на Федерацијата на БиХ беа завршени без договор во Сараево во текот на денот.

Претседателот на синдикатот на рударите, Нијаз Вардо изјави денеска дека рударите попладне излегоа на штрајк со глад во Старата пештера.

Сметките за рудникот Зеница беа блокирани поради акумулираниот даночен долг кој надминува 70 милиони евра, така што на рударите не им е исплатена августската плата.

Министерот за енергија, рударство и индустрија на Федерацијата на БиХ, Нермин Зиндиќ, по преговорите со претставниците на рударите рече дека сегашната состојба е неодржлива, но истакна дека не е одговорност на владата, туку на администрациите на рудниците и „Електропривреда БИХ“ во кои работат.

Тој рече дека рудникот Зеница со години бил непрофитабилен бидејќи има загуби од 100 евра за тон јаглен.

Претставниците на синдикатот на рударите најавија дека би можеле да излезат на штрајк од 13 септември, доколку до тогаш нивните плати не бидат исплатени.

„Златна камера 300" за француската кинематограферка Хелен Лувар

„Златна камера 300" на 40. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки" освои франуцуската кинематограферка Хелен Лувар  за филмот „Невидливиот живот на Евридика Гузмао".

„Златна камера 300" на 40. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки" меѓу 12 филма во конкуренција освои франуцуската кинематограферка Хелен Лувар  за филмот „Невидливиот живот на Евридика Гузмао".

„Сребрена камера 300" доби Џинсонг Донг од Кина, кинематографер на филмот „Езерото на дивите гуски", а  со „Бронзена камера 300"  е награден Даниеле Ципри од Италија, кинематографер на филмот „Пирани".

На свеченото затворање на јубилејниот фестивал во Битола му беше доделена и наградата за животен опус на грчкиот кинематографер Јоргос Арванитис, која му ја врачи директорката на ИФФК, Гена Теодосиевска.

Добитниците на трите награди од натпреварувачката селекција не присуствуваа на доделувањето поради други професионални обврски.

Одлуката за наградите ја донесе меѓународно стручно жири во кое членуваа  Ед Лакман од САД, Калојан Божилов од Бугарија, Доминик Велински од Франција, Ненад Дукиќ од Србија и Фејми Даут од Северна Македонија.

Во нивното образложение за првонаградената Лувар е наведено дека кинематограферката „маестрално ги покажува можностите на кинематографијата и нејзината психолошка моќ за раскажување приказни".

Беше доделена и „Мала златна камера 300" од категоријата краток филм која и беше врачена на Констанца Сандовал од Аргентина.

Во чест на наградените почна специјална проекција на филмот „Манаки – приказна во слики" чиј режисер и кинематографер е Роберт Јанкуловски, кој ја прикажува фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки и нивното големо творештво. /МИА

Полицијата употреби солзавец во Хонг Конг

Демонстрантите во Хонг Конг денеска запалија кинеско знаме, а полицијата употреби солзавец за да ги растера.

Полицијата обвини некои демонстранти дека фрлале молотови коктели по маршот на повеќе од илјада лица во Туен Мун, област во северозападниот дел на градот.

Демонстрантите поминале околу два километри од игралиште до зградата на Владата.

Многу од нив биле облечени во црно и носеле чадори, симбол на нивното движење.

Протестот бил релативно мал во однос на претходните демнострации кои се одржуваат секој викенд од јуни.

Русија ќе спроведе анализи на заканите по националната безбедност и стабилност

Русија најбрзо што мора ќе спроведе дополнителни анализи на заканите за националната безбедност и за стратешката стабилност.

 Со оглед на американските  планови за наоружување на своите воени сили со ракети од краток и среден дострел, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Според министерството, наместо да се најде начин за спасување  на договорот за нуклеарните сили од среден дострел, САД ги блокирале сите шанси да се разговара за конструктивно барање на решение, соопшти руското МНР.

притисни ентер