По две недели во вселената, рускиот робот Федор се врати на Земјата (ВИДЕО)

По кусиот престој во Меѓународната вселенска станица , рускиот робот со големина и облик на човек , наречен Федор , се врати на Земјата.

За вереме на двонеделниот престој на Меѓународната вселенска станица Федор помина голем број тестови , со цел да се утврди дали има услови за да се користи за тешки задачи во вселената.

Самот патување до станицата  беше еден вид тест, бидејќи роботот се најде сам во вселенското летало Сојуз , така што можеше да се утврди дали е безбедно да се носи човечки екипаж до вселената со ова летало.

Лансирањето беше успешно, но леталото  се соочи со тешкотии кога пристигнаа на неговата дестинација и не беше во можност да слета на станицата заради, како што подоцна беше утврдено, докинг проблем на  станицата. Така, роботот пристигна на станицата четири дена по лансирањето, наместо планираните два.

Федор има голем број обуки на Земјата, вклучително и возење и ракување со оружје, но беше однесен во вселенската станица со задачи што обично ги вршат астронаутите, како што е управување со хардвер за поврзување.

По две недели, роботот се врати на Земјата, а по анализата ќе биде утврдено дали мисијата била успешна.

Видео: Водителка се вклучи живо во програма со змија на вратот!!

Австралиска презентерка е хит на интернет, во живо во програма за вклучила со змија околу вратот.

Водителката на една австралиска телевизија е хит на социјалните мрежи поради видеото  на кое зборува во камера додека на рамо и стои змија која потоа и ја напаѓа.

Русокосата Сара Кот правела прилог за безбедност во случај да се соочите со змија, а продуцентите една змија и ставиле на рамото.

Змијата прво го нападнала микрофонот, Сара на продуцентите им рекла „Ми го гризе микрофонот, што ако ме касне по раката“.

Четири лица починаа од коронавирусот во Италија

Во Италија уште едно лице почина од новиот Коронавирус, со што вкупниот број на починати сега изнесува четири лица.

Како што пренесува италијанската агенција АНСА, станува збор за 84-годишен маж од Ломбардија кој бил хоспитализиран во Бергамо и имал хронични болести.

Викендот во Италија беа одложени и неколку  натпревари од Калчо поради наглото ширење на коронавирусот на северот на земјата.

  Италијанската влада презеде активности за изолирање на 11 населени места, од кои повеќето се во северниот регион на Ломбардија и Венето.

Училиштата и градинките, спортските објекти и продавниците се затворени. Јавниот превоз е запрен. Тие мерки влијаат врз повеќе од 50.000 жители.

Досега во Италија од новиот коронавирус наречен ковид-19 се заразени 165 лица.

Во Северна Кореја околу 380 странци ставени во карантин поради коронавирусот

Северна Кореја стави во карантин околу 380 странци за да ги спречи појава на коронавирусот, пренесуваат државните медиуми.

Претходно, земјата го прекина железничкиот сообраќај кон и од Кина и Русија.

Севернокорејските медиуми не откриваат повеќе детали за странците кои се во карантин, но се претпоставува дека се работи за странски дипломати во Пјонгјанг и оние кои дошле во земјата за некаква работа.

Пјонгјанг засега тврди дека во земјата нема болни од новиот коронавирус, но на почетокот од месецов беше воведен едномесечен карантин, а се спроведуваат посилни мерки за надзор на луѓето кои се разболуваат.

притисни ентер