Легендата се враќа, пристигна новиот Дефендер

Потполно новиот Дефендер е замена за класичниот модел кој престана да се произведува пред три години.

Стариот Дефендер замина во легендите во 2016-та која после седум децении е завршено сериското производство на возилото кое од своето настанување па до крај имаше препознатлив „коцкаст “ изглед, со повремени промени во каросеријата.

Ленд Ровер пред неколку години сепак одлучи да прекине да го произведува класичниот Дефендер и на купувачите да им понуди помодерна верзија, која и понатака ќе биде извонредна за теренски возења како неговиот претходник.

Новиот модел и понатака има „коцкаста“ силуета, со поедини стилски елементи инспирирани од дизајнот на оригиналниот автомобил.Сепак, Ланд Ровер ги ублажи острите линии, што најмногу може да се воочи на предната страна.

На почетокот на купувачите ќе им бидат понудени само два дизел мотори а подоцна и 4 цилиндарски бензинец, како и бензинец со 6 цилиндри и благ хибриден погон.

Ланд Ровер планира во 2020-та на пазарот да претстави плаг-ин хибрид Дефендер.

Основниот дизел мотор е 2.0 кубни сантиметри со 200 коњски сили, а они кои сакаат повеќе моќ, ќе можат да одберат агрегат со иста зафатнина но со 240 коњски сили.

Основната бензинска верзија ќе има 2.0 мотор со 300 коњски сили, а врвот на понудата е споменатито 6-цилиндарски 3.0 мотор со благ хибриден погон и вкупна сила од 400 коњски сили.

Ланд Ровер претстави две каросериски изведби „90“ со три врати и поголемата „110“ со 5 врати и 7 седишта. Силата од моторот се пренесува на сите 4 тркала со перманентен 4х4 погон, а како опција може да се нарача и систем со воздушни амортизери. Во тој случај автомобилот се издигнува 30 центиметри.

Од Ланд Ровер тврдат дека новиот Дефендер можа да помини низ водена препрека која е длабока 90 центиметри.

Внатрешноста и понатака е конзервативно дизајнирана, со едноставни правоаголни облици и прави линии но сепак изобилува со луксуз и современа технологија, вклучувајќи и 10 инчен екран за мултимедија.

Новиот Дефендер ќе биде претставен пред публиката на Саемот за автомобили во Франкфурт кој за претставниците на медиумите започнува денес а обичните посетители ќе можат да го посетат од четврток 12-ти септември.

Роналдо во детството немал пари ниту за хамбургер!!!

Интервјуто на еден од најбогатите и најдобри светски фудбалери Кристијано Роналдо со славниот Пирс Морган ја воодушеви светската јавност.

Роналдо бил искрен, природен и отворен во разговорот при кој во еден миг дури и пуштил солзи.

Морган го потсетил Кристијано на детството, кога како фудбалер на Спортинг одел на задната врата на локалниот Мек Доналдс со соиграчите за да ги добие преостанатите хамбургери.

„Кога имав 11-12 години, немав пари. Живеев со другите деца од клубот, со месеци не го гледав семејството. Тоа беше многу тежок период. Доцна во ноќта знаевме да бидеме гладни. Покрај стадионот имаше Мек, ќе тропневме на задната врата и ќе прашавме дали им останал некој хамбургер. Тука беа Една и уште две девојки, кои подоцна никогаш не успеав да ги пронајдам. Се надевам дека ова интервју ќе ми помогне  да ги пронајдам.Би сакал да ги повикам во Торино или Лисабон да дојдат во мојот дом на вечера. Сакам да им се заблагодарам за тоа што го правеа за мене како дете, никогаш нема да заборавам што направија тие за мене во тоа време, истакнал Роналдо.

По интервјуто се јавила Паула , една од жените кои Кристијано ги споменува.

-Ќе се појавеа во ресторанот кога ќе останеше некој хамбургер.Еден од нив беше и Кристијано Роналдо, кој сигурно беше најплашливото дете. Тие доаѓаа скоро секоја вечер, изјавила Паула.

Ова се случувало на почетокот на 2000 години, кога Роналдо играше во младинските екипи на Спортинг Лисабон.

„На синот му кажав , но тој прво не сакаше да ми верува, поради тоа што му е тешко да замисли дека неговата мајка му давала на Кристијано Роналдо хамбургери. Мојот сопруг веќе знае за ова , тој неколку пати кога доаѓаше по мене на работа знаеше да го види младиот Кристијано“ , раскажала Паула.

Роналдо изразил желба сега жените да ги нагости на вечера во својот дом за да им се оддолжи се се што направиле тие за него.

-Прва работа која ќе им кажам ќе биде едно големо фала, а потоа ќе разговараме и ќе се сеќаваме за изминатите времиња, истакнал Кристијано Ронадло во интервјуто.

Брена го молела Душко Тошиќ да не се разведе од Јелена Карлеуша?!

Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена е забележана во еден ресторан во Белград во друштво на фудбалерот Душко Тошиќ, сопругот на пејачката Јелена Карлеуша.

Според медиумите Брена на оваа средба наводно се обидувала да го спаси бракот на Душко и Јелена. Таа дури сака да го наговори познатиот фудбалер без разлика на се да не ја напушта Карлеуша.

Наводно, Душко  не се откажал од разводот, но Брена сметала дека сепак тој треба да му даде можност на бракот после сите проблеми што Тошиќ и Карлеуша ги пребродиле. Брена досега наведуваат српските медиуми неколку пати се слушнала , а сега и видела со Душко со цел да го убеди дека разводот не е решение и дека треба да заедно со Јелена да ја победат кризата.

-Брена на само поразговорала со Душко и му објаснила дека без разлика на се низ што поминале со Јелена , секогаш треба да се размислува на долги патеки, и дека токму тоа е она што го одржува нејзиниот брак со Боба.Брена му признала на Тошиќ дека таа  и Боба имале многу несогласувања во бракот, поради тоа што двајцата се успешни и популарни.Но, дека не дозволиле тоа да им го расипе нивниот однос иако имало моменти кога биле многу скарани. Брена дури му раскажале дека имало измислени афери и за нив двајца, само со намера тие да се разведат. Во еден момент дури му напоменала дека би било убаво сите заедно да отпатуваат во Опатија на брод кај Саша Поповиќ, им раскажал на медиумите добро упатен извор .

Брена потоа ги споменала и нивните ќерки Ника и Атина, поради што Душко веднаш се натажил.

На крајот, сопственичката на Гранд му дала совет на Душко да мисли на децата, посебно поради тоа што нивните ќерки наскоро ќе влезат во пубертет, кога родителите им се најпотребни. Му кажала дека Јелена е прекрасна мајка и дека уште еднаш треба добро да размисли дали сака да го напушти семејството.Тошиќ наводно според изворот, со солзи во очите ја слушал Брена и и велел дека за него децата се најважни во животот и дека поради нив е подготвен на се. Кога го завршиле разговорот , Брена ги почекала своите пријатели, а по Душко дошле неговите другари и брзо водно нерасположен го напуштил локалот,  информирал изворот.

Адел се развела, но живее врата до врата со екс сопругот?!

Светската музичка ѕвезда Адел му станала прва сосетка на екс сопругот Сајмон Конеки.

Адел и Сајмон во април годинава се развел , а сега живеат врата до врата во луксузни вили во Лос Анџелес.

31- годишната Адел и нејзиниот поранешен маж Сајмон имаат луксузни вили во Лос Анџелес , кои се наоѓаат една спроти друга . Адел и Сајмон во 2016 година за 7,63 милиони долари ја купија првата вила, а втората е купена годинава во мај за 8,63 милиони долари, пренесе Мирор.

Сега медиумите откриле дека поранешните сопружници живеат еден спроти друг. Информацијата се појавила во јавноста кога Адел и Сајмон соопштиле дека ќе го делат старателството над својот син, Анџело.

Адел и Сајмон инаку врската ја започнале во 2011 година, само една години подоцна станале и родители. Тајно се венчале но, тоа не го потврдувале се до 2017 година. Но, сега само две години подоцна тие се разведуваат.

притисни ентер