Шведска нема да го екстрадира Давидовски, врховниот суд вели на 27 април немало тероризам

За шведскиот суд упадот во Собраниетона 27 април пред две години е бунт, а не терористички акт.

Барањето на македонското Министерство за правда за екстрадиција на Дејан Давидовски - Дешо, еден од обвинетите за “терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста” е одбиено од шведскиот Врховенсуд, кој сметал дека делото во овој случај е политичко.

„Од документите во конкретниот случај се чини дека наводното дело вклучува упад во Собранието за да се обидат со закани и насилство да го спречат изборот на претседателот на Собранието. Делото за кое Дејан Давидовски е осомничен според шведскиот закон може да се смета дека одговара на бунт... Затоа постојат пречки за екстрадиција“,–пишува во одлуката на шведскиот врховен суд донесена на 15 август.

Како таа ќе се одрази на случајот во земјава, кој веќе половина година е заглавен пред Апелација, е нејасно, но одбраната очекува во секој случај таа да има битно влијание пред Еврпоскиот суд за човекови права во Стразбур.

“Нашето судство нема слух очигледно, ниту менталниот склоп е таковда размислува за жач се работи по инерција, и досега ниту една реформа во судството не е преземена, буквално имаат клиентелистички што е жано, но ова секако ќе влијае пред судот во Стразбур, каде што сметам дека предметот ќе заврши. “ вели адвокатот Звонко Давидовиќ.

Со првостепената пресуда пролетва, обвинетите што не беа опфатени со амнестијата, добија вкупно околу 200 години затвор. Апелација се уште нема закажано седница по жалбите на одбраната, бидејќи се уште го чека мислењето на Вишото обвинителство.

Во меѓувреме Русковска поднесе обвинение и против организаторите на упадот во мај, но судот се уште се нема одлука дали го прифаќа.

Вуќиќ: Тоа ни е фала за се што направивме за Скопје

Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати.

„Тоа е благодарност за сето она што го направивме за Скопје“,изјавил српскиот претседател александар Вучиќ коментирајќи го коспонзорството на Македонија за резолуцијата за геноцидот во Сребреница во ОН, како лична одлука на шефот на дипломатијата Османи.

Тоа е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати. Ја најдоа и Руанда, ги најдоа и Нов Зеланд и Чиле. Пронајдоа и неколку земји кои отсекогаш биле спонзори на вакви проекти, како Малезија и Јордан. Кон нив им се придодава и Македонија, така што таму нема голема филозофија. Им благодарам за тоа, претпоставувам дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје. Ја видов и Австрија тука, ништо чудно со оглед на сето она што Шаленберг го прави против нашата земја, изјавил Вучиќ во гостувањето во дневникот на ТВ Пинк.

Тој додал дека нешто што е во надлежност на Советот за безбедност е преместено во генералното собрание на ОН.

-Знаеја дека русите и кинезите ќе стават вето и затоа сега одат на генералното собрание на ОН, бидејќи очекуваат сигурно мнозинство и сакаат да им зададат удар на Србите и Србија.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

притисни ентер