Филмот „Болка и слава" на Педро Алмодовар го отвора јубилејниот ИФФК „Браќа Манаки"

Шпанскиот филм „Болка и слава" на Педро Алмодовар ќе го отвори 40. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки".

На свеченото затворање и во чест на наградените, во Битола ќе биде емитуван филмот „Манаки-приказна во слики" на Роберт Јанкулоски.

Успехот на Педро Алмодовар ќе биде споделен со битолчани, со македонската публика, а мене посебно ми е драго што тоа се прави на јубилејното 40. фестивалско издание, истакна шпанскиот амбасадор Емилио Лоренцо Сера, на денешната прес-конференција во Битола.

-Горд сум и благодарам што Фестивалот ја слави работата на Алмодовар, најрепрезентативен режисер во Шпанија, човек кој со своите филмови даде општествена критика на оригинален начин, со специфичен хумор и со големо уметничко мајсторство, рече меѓудругото амбасадорот Лоренцо Сера.

Првите луѓе на ИФФК „Браќа Манаки" Гена Теодосиевска и Благоја Куновски-Доре за јавноста открија дека меѓу бројните гости од странство, во Битола ќе пристигне и Џим Шеридан, висок претставник на Европската филмска академија-ЕФА.

-Шеридан е еден од водечките автори, сценарист-режисер на ирската кинематографија која е горда на неговиот опус што го вивна во височините не само на пошироката кинематографија на Обединетото Кралство, односно Велика Британија, туку и во светски рамки, најави Куновски-Доре за гостинот од ЕФА Џим Шеридан.

ИФФК „Браќа Манаки"-Битола почнува на 14 септември. /МИА

„Златна камера 300" за француската кинематограферка Хелен Лувар

„Златна камера 300" на 40. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки" освои франуцуската кинематограферка Хелен Лувар  за филмот „Невидливиот живот на Евридика Гузмао".

„Златна камера 300" на 40. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки" меѓу 12 филма во конкуренција освои франуцуската кинематограферка Хелен Лувар  за филмот „Невидливиот живот на Евридика Гузмао".

„Сребрена камера 300" доби Џинсонг Донг од Кина, кинематографер на филмот „Езерото на дивите гуски", а  со „Бронзена камера 300"  е награден Даниеле Ципри од Италија, кинематографер на филмот „Пирани".

На свеченото затворање на јубилејниот фестивал во Битола му беше доделена и наградата за животен опус на грчкиот кинематографер Јоргос Арванитис, која му ја врачи директорката на ИФФК, Гена Теодосиевска.

Добитниците на трите награди од натпреварувачката селекција не присуствуваа на доделувањето поради други професионални обврски.

Одлуката за наградите ја донесе меѓународно стручно жири во кое членуваа  Ед Лакман од САД, Калојан Божилов од Бугарија, Доминик Велински од Франција, Ненад Дукиќ од Србија и Фејми Даут од Северна Македонија.

Во нивното образложение за првонаградената Лувар е наведено дека кинематограферката „маестрално ги покажува можностите на кинематографијата и нејзината психолошка моќ за раскажување приказни".

Беше доделена и „Мала златна камера 300" од категоријата краток филм која и беше врачена на Констанца Сандовал од Аргентина.

Во чест на наградените почна специјална проекција на филмот „Манаки – приказна во слики" чиј режисер и кинематографер е Роберт Јанкуловски, кој ја прикажува фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки и нивното големо творештво. /МИА

Полицијата употреби солзавец во Хонг Конг

Демонстрантите во Хонг Конг денеска запалија кинеско знаме, а полицијата употреби солзавец за да ги растера.

Полицијата обвини некои демонстранти дека фрлале молотови коктели по маршот на повеќе од илјада лица во Туен Мун, област во северозападниот дел на градот.

Демонстрантите поминале околу два километри од игралиште до зградата на Владата.

Многу од нив биле облечени во црно и носеле чадори, симбол на нивното движење.

Протестот бил релативно мал во однос на претходните демнострации кои се одржуваат секој викенд од јуни.

Русија ќе спроведе анализи на заканите по националната безбедност и стабилност

Русија најбрзо што мора ќе спроведе дополнителни анализи на заканите за националната безбедност и за стратешката стабилност.

 Со оглед на американските  планови за наоружување на своите воени сили со ракети од краток и среден дострел, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Според министерството, наместо да се најде начин за спасување  на договорот за нуклеарните сили од среден дострел, САД ги блокирале сите шанси да се разговара за конструктивно барање на решение, соопшти руското МНР.

притисни ентер