Штетите од невремето во прилепско Канатларци и Тополчани проценети на 80 милиони денари

Штетата од невремето што на 24 јуни ги зафати селото Канатларци и околните населени места кога беа зафатени 642 хектари со земјоделски култури е проценета на 74 милиони денари.

Невремето од 4 јули во Топочанско направило штети од шест милиона денари, стои во извештаите од  комисија за процена на штети. Извештајите ги усвоија прилепските советници на денешната 30 седница на општинскиот Совет.

Според претседателот на Советот, Миле Талески, извештајот ќе биде испратен до Второостепената владина комисија.

-Со невремето кое на 24 јуни ги зафати Канатларци и околните населени места, се зафатени 642 хектара земјиште со проценета штета од 74 милиони денари. Советот го усвои и извештајот за второто невреме кое на 4 јули го погоди подрачјето на Тополчани и другите населени места, кое зафати површина од 76 хектари, а висината на проценетата штета изнесува околу шест милиони денари. Овој извештај Советот ќе го испрати до Второстепената владина комисија која на следната седница треба да го усвои извештајот и да изврши обештетување на жителите, изјави Талевски.

Патничката од Милано нема корона вирус

Резулататите од тесетирањето на корона вирус кај патничката од Милано се негативни.

Министерството за здравство два часа порано од најавеното објави на својата веб страна дека се негативни резултатите на пациентката која вечерва беше тестирана на корона вирус.

Како што објавија вчера од Министерството,  патничка пристигнала завчера со попладневен лет од Милано во Скопје. /МИА

Корона вирусот пристигна и во Македонија!?

Едно лице е однесено на инфективна клиника со симптоми на корона вирус.

Оваа информација за Канал 5 ја потврдуваат од министерството за здравство 

Засега се чека резултатот од тестирањето.

Шкотскиот парламент изгласа бесплатни хигиенски влошки и тампони, годишно ќе чинат буџетот 24 милиони фунти

Шкотскиот парламент денеска усвои план да ги направи бесплатни  хигиенските влошки и тампоните за сите жени во земјата, така што стана прва во светот што ја воведе оваа мерка.

Според новиот закон, тампоните и хигиенските влошки ќе бидат достапни на јавни места, како што се центрите на заедницата, младински центри и аптеки.

Таквиот закон ќе ја чини државата 24,1 милиони фунти годишно.

Предлог-законот беше усвоен во прво читање со 112 гласа „за“, ниту еден против и еден воздржан.Предлогот сега оди на второ читање каде пратениците можат да предложат амандмани.

Пратеничката Моника Ленон рече дека усвојувањето на законот ќе биде „пресврт и ќе им испрати порака на луѓето колку е сериозен парламентот во врска со родовата еднаквост“.

Во 2018 година, Шкотска стана првата земја во светот што воведе бесплатни санитарни влошки и тампони во училиштата и универзитетите.

Овие производи се оданочуваат во Велика Британија со стапка од пет проценти. Владата на поранешниот премиер Дејвид Камерон сакаше да го укине, но не го стори тоа со образложение дека рацете му се врзани со европските правила.

притисни ентер