Австралијка живеела десет месеци во соба со 60 000 пчели (ВИДЕО)

Во преградието на австралискиот град Бризбејн пчеларот Пол Вуд отстранил околу 50 килограми саќе , откако десет месеци, илјадници пчели живееле во домот на Лорел Лушам.

Пчеларот , кого го викнала жената, откако десет месеци чувствувала дека нешто се движи под гредите во собите , отстранил и 60 000 пчели. Вуд пчелите привремено ги префрлил во кошници во неговиот двор.

 

Лорел Лушам видела дека бројот на пчели кои влегуваат под гредите се зголемува , па го повикала пчеларот на помош.

Пчеларот наишол на огромни парчиња саќе , направено на гредите на куќата , веднаш откако ги тргнал таванските плочи. Откако пчњеларот ги собрал пчелит есо посебен уред , жената го зела медот за себе.

Позната пејачка објави дека била дрогирана, силувана и киднапирана

Пејачката Дафи, наградувана со „Греми“ ,  откри дека била дрогирана и силувана, откако била киднапирана и држена некое време во заложништво.

35-годишната велшка sвезда објави на својот официјален профил на Инстаграм дека за „закрепнување ќе и треба некое време“.

Изведувачката, кој имаше сингл број еден во Велика Британија ,,Мерсис’ во 2008 година, на своите 33.000 следбеници им напиша: „Вистината е, и ве молам верувајте ми, сега сум добро и безбедна“.

„Бев силувана и дрогирана и држена како заробеник во текот на неколку дена“, напиша таа.

Дафи, чиј деби-албум Рокфери стана седум пати платинест, а се искачи прво место во шест држави, освои три награди Греми.

„Може да си замислите само колку пати размислував да го напишам ова“, напиша таа на Инстаграм.„Не можам да објаснам. Многумина од вас се прашуваат што се случи со мене, каде исчезнав и зошто. Новинар ме контактираше, тој најде начин да стигне до мене и му кажав за сето ова минатото лето. Вистината е, и ве молам верувајте ми дека сега сум во ред и безбедна. Бев силувана и дрогирана и држена како заробеник во текот на неколку дена. Секако дека преживеав. Закрепнувањето траеше некое време. Нема лесен начин да го кажам тоа.Се прашувате зошто не избрав да го искористам мојот глас за да ја изразам болката? Не сакав да му ја покажам на светот тагата во очите. Се запрашав себеси, како можам да пеам од срце ако е скршено?Следните недели ќе објавам интервју. Ако имате какви било прашања, би сакала да одговорам на нив, во интервју, ако можам. Имам света љубов и искрена благодарност за вашата љубезност низ годините.Сакам да ви се заблагодарам за тоа.” напиша  Дафи и ги замоли своите следбеници да го почитуваат нејзното семејство и да не бараат одговори од нив за она што и се случило. Таа не објасни каде се случило киднапирањето и како се спасила.

Прекинато снимањето на филмот ,,Невозможна мисија” поради коронавирусот

Снимањето на најновиот филм „Невоможна мисија” во Италија е прекинато поради загриженоста од појавата на коронавирус во земјата.

Снимањето на седмиот филм во серијалот требало да се снима следните недели во Венеција .Но, Paramount го стопира снимањето откако Италија ги забележа десетиците случаи заболени со најголем број во Европа.

Досега имало повеќе од 200 случаи на заболени во земјата, вклучително и седум смртни случаи.Оваа трагична бројка ја направи Италија трета земја ,најтешко погодена во светот по Кина и Јужна Кореја.

Според медиумите, Том Круз не бил во Италија за снимањето, но продуцентската екипа била испратена дома.

„Од претпазливост за безбедноста и благосостојбата на нашите екипи и напорите на локалната венецијанска влада да запре јавни собири како одговор на заканата од коронавирус, го менуваме планот за тринеделно снимање во Венеција“, се вели во соопштението на Парамонт.

„За време на овој прекин, ќе им дозволиме на тимовите да се вратат дома сè додека не започне производството. Ќе продолжиме да ја следиме состојбата “.

ова не е првиот прекин на снимањето на филмовите од серијалот ,,Невозможна мисија". За последниот инцидент раскажува самиот Том Круз. 

 

25- годишна девојка живее како бебе, спие во колевка и си менува пелени (ВИДЕО)

Американката Пејџи (25) призна дека се буди секое утро со нарушување стручно наречено парафилен инфантилизам. Ова нарушување ги тера луѓето како Пејџи на необичен фетиш - желба да живеат како бебе.

Пејџи се буди во лулка секое утро, сама си менува пелени, троши до 2000 долари месечно и си игра со играчки. Таа пие млеко од шише, си го цица палецот, па дури има и цуцла и тропалче.

Пајџи на својот канал на ЈуТјуб го документира нејзиниот бизарен живот, и има 425 платени претплатници кои и ’помагаат финансиски да си купи се што и треба за да ги задоволи нејзините бизарни потреби. Девојката има цел да им помогне на луѓето како неа и вели дека сака да го надминат срамот што го чувствуваат сите оние со парафилен инфантилизам.

Таа започна јавно да го живее овој живот од мај 2018 година, а денес се однесува како бебе дури и во јавност. Чувствувала цел живот дека се разликува, а на 18-годишна возраст започнала да го истражува своето нарушување и открила дека има цела заедница на луѓе кои се борат со истото нарушување.

"Отсекогаш собирав играчки и имав детска смисла за хумор, затоа семејството и пријателите ме прифатија. Ако се однесувате како да не е голема работа, луѓето нема да ви посветат толку многу внимание", призна Пајџеј, но истакна дека сè уште има негативен публицитет и се среќава со прекорувачки погледи.

Пејџеј има момче со кое е во врска веќе пет години. Таа вели дека тој ја поддржува во нејзините необични животни навики.

притисни ентер