По Фетаи, и Стефанова јавно се огради од Катица Јанева

По Фатиме Фетаи, денеска и обвинителката од редовите на СЈО Лиле Стефанова се огради од Катица Јанева. 

Вели дека од самиот старт била воздржана кон работата на Јанева и дека според неа, во моментов не е важно дали осомничениот е шеф или колега. Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да бидеме горди на тоа – вели Стефанова.

Сепак, дел од јавните настапи на Јанева и Стефанова до неодамна упатуваа дека нивната соработката и односите во Обвинителството биле повеќе од коректни. Двете обвинителки за време на гостување на 1ТВ пред седум месеци зборуваа дека како тим функционираат одлично.

„Мојата доверба во работата на обвинителката Лиле Стефанова е иста како првиот првиот момент кога ја повикав и во овој момент, значи ја има целосно мојата доверба во работата“, изјави Катица Јанева на  30 јануари 2019 за време на гостувањето на 1ТВ.

„Ние ги согледуваме сите моменти, ги разгледуваме и објективните и субјективните моменти на критиката. И разговараме и размислуваме. Меѓутоа не можеме да најдеме некоја посебна грешка кај нас како обвинителство за да можеме да одиме кон поголема самокритика кон нас, изјави Лиле Стефанова на истото гостување.

Реакцијата на Стефанова доаѓа ден откако и нејзината колешка Фатиме Фетаи порача дека секој што се огрешил пред законот треба да одговара. Посочи дека ќе продолжат со застапување на предметите во судница, а евентуалната кривичната одговорност на Јанева, не смее да биде изговор за тие да престанат со работа.

Одбележување 16 години од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Со положување венци на гробот и на спомен обележјата во чест на поранешниот претседател Борис Трајковски денеска ќе биде одбележана 16-годишнината од неговата смрт.

Од владината прес-служба информираа дека министерот за дијаспора Едмонд Адеми ќе ја предводи делегацијата на Владата на одбележувањето на годишнината од смртта на Трајковски, во Мостар, кај Ротимље, каде што се случи авионската несреќа. Во делегацијата на Владата се и министерот задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан и заменик министерот за култура, Владимир Лазовски. На одбележувањето најавено е присуство и на претставници на Владата на Босна и Херцеговина и на градот Мостар.

Делегација на Владата што ќе ја предводи министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, заедно со министерот за образование и наука Арбер Адеми и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, ќе положи цвеќе на гробот на претседателот Трајковски на Градските гробишта Бутел во Скопје.

На споменикот на поранешниот претседател Борис Трајковски во Струмица, цвеќе ќе положи владина делегација во состав министер за транспорт и врски Горан Сугарески, заменик министерката за образование и наука Елизабета Наумовска и Кирил Парталов, државен секретар во Министерството за локална самоуправа. /МИА

Патничката од Милано нема корона вирус

Резулататите од тесетирањето на корона вирус кај патничката од Милано се негативни.

Министерството за здравство два часа порано од најавеното објави на својата веб страна дека се негативни резултатите на пациентката која вечерва беше тестирана на корона вирус.

Како што објавија вчера од Министерството,  патничка пристигнала завчера со попладневен лет од Милано во Скопје. /МИА

Корона вирусот пристигна и во Македонија!?

Едно лице е однесено на инфективна клиника со симптоми на корона вирус.

Оваа информација за Канал 5 ја потврдуваат од министерството за здравство 

Засега се чека резултатот од тестирањето.

притисни ентер