СДСМ ја подновија персоналната партиска и владина структура

Социјалдемократите ги освежија своите редови, врвот на партијата избра пет потпретседатели и нови функционери во министерствата на вчерашниот состанок на Централниот одбор.

Некои од досегашните кадри не се најдоа на листата на Заев за старо-нови потпретседатели на СДСМ, некои не добија партиска функција.

Пратеничката Фросина Ременски и скопскиот градоначалник Петре Шилегов се меѓу оние кои ја напуштаат потпретседателската позиција, одлука која во јавноста повторно ги подгреа шпекулациите, особено што Ременски , покрај пратеникот Александар Кирацовски беа најспоменуваните имиња во медиумите од редовите на СДСМ за наводна вмешаност во случајот „Рекет“.

Ременски за Канал 5 во партиската одлука гледа само отвореност на нејзината партија. Вели, принципите на нејзиното политичко делување никогаш не биле врзани за партиски функции.

-Тоа што после 6 години не сум реизбрана за потпретседател на СДСМ во ниту еден момент нема да го намали мојот досегашен и иден придонес во процесите за државата како член на ИО на СДСМ, пратеник и потпретседател на Собранието. Сите други шпекулации кои кружат во јавноста ги сметам за крајно тенденциозни и злонамерни,вели пратеничката Фросина Ременски.

Заев синоќа изрази уверување дека никој од СДСМ не е вмешан во Рекет, а Ременски и Кирацовски не добиле партиски функции оти им истекол мандатот.

„ Мандатот на сите поранешни функционери заврши во период кога одлучивме да се реорганизираме во партијата. Секој од нив учествува во органите и телата на партијата. Реков, тие се членови на Централниот одбор на партијата, Фросина Ременски е член и на Извршниот Одбор на партијата“„Имаме градоначалници кои се исто така преокупирани со извршната власт и треба да ја работат, како што е Шилегов, Благоја Бочварски, од поранешните. Фросина Ременски е потпретседател на Собранието на Македонија“, рече Заев.

Двајца од новоизбраните функционери за прв пат ќе бидат потпретседатели на СДСМ, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и авторот и ПР експерт, Коста Петров. Останатите тројца се старо-нови потпретседатели на партијата - министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, Мухамед Закири, пратеник во собранието и Дамјан Манчевски, министерот за информатичко општество и администрација.

Заев денеска се очекува да ги достави до Собранието предлозите за испразнетите министерски места во Владата. Нина Ангеловска, сопствениката на „Групер“ ќе биде предложена за министер за финансии, а Кире Колемишевски некогашен член на групата „Нокаут’ за заменик министер за економија.

Тевез итно пренесен во болница

Поранешниот аргентински репрезентативец Карлос Тевез синоќа беше примен во болница со силни болки во градите. 

40-годишниот поранешен напаѓач, кој моментално е тренер на локалниот клуб Индепендиенте, беше пренесен во болница во Буенос Аирес откако се почувствувал лошо, но првичните тестови не покажале ништо сериозно за неговата состојба.

-Нашиот тренер Карлос Тевез беше примен во болницата „Ла Тринидад“ во Сан Исидро со болки во градите. Тој ги направи соодветните тестови и тие беа задоволителни. Денеска тој ќе продолжи со нова серија на однапред планирани тестови како дел од поопшт преглед, се вели во официјалното соопштение од клубот, кој ја потврди ситуацијата.

Според локалните изданија, проблемите на Карлос Тевез се поради стрес.

Поранешниот репрезентативец на „гаучосите“ боледувал од висок крвен притисок и редовно се подложувал на тестови и се следи неговата состојба.

Ова доведе до шпекулации во локалниот печат за можноста тој да ја заврши тренерската кариера во обид да го намали притисокот и стресот околу него.

Се уште не е јасно дали Тевез ќе присуствува на денешниот тимски тренинг. /МИА

Мбапе подготвен да игра на нова позиција во Реал Мадрид

Напаѓачот Килијан Мбапе ја прифатил улогата за која е планиран по трансферот во Реал Мадрид, тврди „Ас“. 

Иако официјално не е објавен трансферот на фудбалерот од Пари Сен Жермен, на „Сантијаго Бернабеу“ веќе размислуваат како Французинот најдобро ќе се прилагоди во составот следната сезона.

За време на неговиот престој со парижаните, напаѓачот јасно стави до знаење дека претпочита да игра на левото крило на нападот на тимот, што му овозможува да се потпира на повеќе слободни простори на предните позиции. Во Реал оваа улога вообичаено му се доделува на Винисиус Јуниор, а ова е претпочитана позиција и за Родриго.

Сепак, според „Ac“, Мбапе е подготвен да игра повеќе во центарот на нападот како број 9 следната сезона, а тоа се поврзува и со неговата голема желба да ја освои „Златната топка“, бидејќи оваа позиција се смета за поволна за реализација на повеќе голови.

Францускиот репрезентативец оваа сезона постигна 41 гол на 43 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања. /МИА

Инцидент во грчкиот Парламент – пратеник физички нападна друг пратеник

На нападнатиот веднаш му била пружена прва помош од лекарот во Парламентот.

Независниот пратеник Константинос Флорос, кој беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, претпладнево физички го нападнал пратеникот од Грчко решение Василис Граменос во Парламентот, пред салата во која се одржува пленарната седница, јави дописничката на МИА од Атина.

На инцидентот му претходела вербална расправија во самата сала, што во ходникот се претворила во физичка пресметка, кога Флорос со тупаници го нападнал Граменос.

На нападнатиот веднаш му била пружена прва помош од лекарот во Парламентот.

Медиумите во Грција коментираат дека станува збор за инцидент без преседан во Парламентот.

Претседателот на Парламентот Константинос Тасулас за насилното однесување на пратеникот побара највисока казна предвидена со правилникот на работа, односно исклучување на Константинос Флорос од Парламентот на 15 дена, а паралелно ќе биде побарано и одземање на пратеничкиот имунитет и кривично да одговара.

Флорос на изборите во јуни минатата година беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, која подоцна ја напушти и стана независен пратеник.

Спартанци се поврзува со поранешниот пратеник од Златна зора Илиас Касидиарис кој издржува затворска казна./МИА

притисни ентер