Руска атлетичарка се онесвестила на тренинг и починала

Тажна вест доаѓа од Русија , каде почина 22 годишната атлетичарка Маргарита Плавунова .

Младата атлетичарка починала среде тренинг во местото Моршанск , во Тамбовската област.

Атлетичарката  се онесвести за време на тренингот откако и се слошило. Руското регионално атлетско здружение соопшти дека причина за смртта е срцев удар, и иако била повикана брза помош, на спортистката и немало спас.

Русинката беше повеќекратен регионален шампион, како и  универзитетски на трките  со пречки на 60 метри. Таа, исто така, се натпреваруваше во трките на 100 и 400 метри со пречки.

На 100 метри нејзиниот најдобар резултат беше 14.06, а покрај спортската кариера, беше и модел.

Спектакуларен пречек на Фјури на аеродромот во Манчестер (ВИДЕО)

Многубројни навивачи и новинари го пречекаа двојниот светски шампион во бокс, Тајсон Фјури на аеродромот во Манчестер.

Фјури пристигна во Англија 48 часа откако во седмото коло го нокаутираше Дионте Вајлдер и стана двократен светски шампион во тешка категорија.

Група навивачи и известувачи го поздравија новиот шампион во верзија на ВБЦ, а на аеродромот имаше бројно полициско обезбедување.

Фјури сè уште не објави дали ќе има реванш меч со Вајлдер.Американскиот боксер изјави дека е уверен дека ќе се случи нова борба со Фјури.

Ѓоковиќ заигра чочек со сабја на глава по победата во Дубаи (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ, првиот тенисер на светот по мечот во Дубаи, не ги криеше доброто расположение и танцувачките вештини во ориентален чочек .

На Твитер беше објавен клип од танцот на српскиот тенисер, при што многумина коментираа дека Ѓоковиќ само ја продолжил традицијата, бидејќи и претходно биле објавени  снимките од неговото танцување со стомачни танчерки.

Овој пат, Новак успеа и да го балансира мечот на главата за време на танцот.

Навивачите на Баерн направија шоу на улиците на Лондон (ВИДЕО)

Челзи и Баерн го играат првиот натпревар од осмина финалето  во Лигата на шампионите вечерва од 21 часот.

Тешко е да се каже кој е фаворит во овој натпревар затоа што и двата тима ги имаат своите адути, но за Баерн е голем плус што ќе имаат фантастична поддршка во главниот град на Англија.

Неколку илјади љубители на германскиот шампион го окупираа центарот на англиската престолнина и направија пеколна атмосфера.

притисни ентер