Затворен за сообраќај булеварот кај Бит Пазар

 Од денеска ќе биде затворен за сообраќај булеварот „Крсте Петков-Мисирков" односно делницата во правец на Бит пазар, од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев" до клучката Детелинка.

Делницата ќе биде затворена од 08:30 часот денеска до 08:30 часот утре, а причината е асфалтирање на патот.

Автобуските линии ќе бидат пренасочени кон Скопскиот саем и клучката Континентал и назад кон клучката Детелинка.

Од ЈСП Скопје информираа дека линиите 2, 16, 43 и 50 од крстосницата на бул. „Гоце Делчев" со бул. „Крсте Мисирков", наместо да свртат лево, ќе продолжат право кон Скопски саем и од постојката кај хотелот „Континентал" ќе продолжуваат по своите редовни траси.

Линиите 8, 17, 19, 26, 57, 57А и 59 од крстосницата на бул. „Гоце Делчев" со бул. „Крсте Мисирков", наместо да свртат лево, ќе продолжуваат право кон клучката Континентал, од каде ќе излегуваат на бул. „Александар Македонски" и од клучката Детелинка ќе продолжуваат по своите вообичаени траси.

Линиите 9, 20, 35, 47, 47А, 61, 71 и 81 од крстосницата на бул. „Крсте Мисирков" со бул. „Гоце Делчев", ќе вртат десно кон Скопски саем, па кон клучката Континентал, од каде ќе излезат на бул. „Александар Македонски", а од клучката Детелинка ќе продолжуваат по своите вообичаени траси.

Линиите 45, 52, 53, 54, 55, 55В, 62, 63, 63А, 65, 65А, 65Б, 65В, 66, 66А и 68 од крстосницата на бул. „Крсте Мисирков" со бул. „Гоце Делчев", ќе вртат десно кон Скопски саем и од постојката кај хотелот „Континентал" ќе продолжуваат по своите вообичаени траси.

Во обратен правец, посочените линии ќе сообраќаат по вообичаените траси. 

Манчевски од трибината "Агенда - Дигитализација 20-24: Ултра брз интернет за сите граѓани било каде и да живеат

"Највисокиот процент од Бруто домашниот производ доаѓа од секторот за информатички и комуникациски технологии и токму овој податок, треба  да ни е уште една од силните причини повеќе да вложуваме во дигитализацијата".

"Највисокиот процент од Бруто домашниот производ доаѓа од секторот за информатички и комуникациски технологии и токму овој податок, треба  да ни е уште една од силните причини повеќе да вложуваме во дигитализацијата", потенцираше министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на вечерашаната трибина посветена на  дигитализацијата.

Манчевски ги истакна придобивките од дигитализацијата за што рече дека значително го подобрува квалитетот на животот на сите граѓани, ги носи институциите и услугите до граѓаните и придонесува кон борбата со корупцијата.

Дигитализацијата ќе овозможи сите лични документи, граѓаните да ги имаат на своите телефони со што веќе нема да има потреба долго чекање пред шалтерите.

"Време е личната карта и здравствената книшка да заминат во историјата" рече Манчевски и додаде дека со нова технологија ќе се стигне до целосна идентификација од мобилен.

Манчевски најави и развој на 300 нови електронски услуги, како и изградба на Национална оптичка мрежа. Граѓаните ќе имаат на услуга ултра брз интернет било каде да живеат, по достапни цени. "Смарт сити платформа за сите градови", најави Манчевски, се наведува во соопштението на СДСМ.  

Расте бројот на загинати во силниот земјотрес во Турција , десетици повредени , урнати згради... (ВИДЕО)

Силен земјотрес со јачина од 6,9 степени ја погоди вечерва  источна Турција.

Земјата силно се тресеше во областа Сивриџи, во провинција Елазигу, околу 20,55 часот по локално време (18,55 часот по средноевропско време), објави владината агенција за катастрофи.

Најмалку осум лица го загубија животот, изјави министерот за внатрешни работи. Најмалку 315 лица  се повредени.

Некои жители на областа напишаа на страниците на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар дека нивните домови се тресат. Други напишаа дека делови од нивниот дом се оштетени. Локалните медиуми објавија дека се урнале неколку станбени згради.

Земјотресот се случи во 18,55 часот и епицентарот се наоѓа на 11 километри северо-источно од Доганол.

Белата куќа со остра опомена до Приштина и до Белград

Косово мора да ги укине ригорозните 100 проценти повисоки тарифи за српските производи, а Србија мора да ја прекине својата кампања за повлекување на признавањето на независноста на Косово во пацифичките и прекуокеанските земји.

По дводневниот престој на Ричард Гренел, специјалниот претставник на претседателот Доналд Трамп, во Приштина и Белград , од Вашингтон стигнаа остри осуди. Претседателот на Србија,  Александар Вучиќ се пожали дека барањата не се со соодветна тежина, но тоа е разбрано повеќе како шоу за домашна употреба.

Белата куќа на тој начин ги опомена и едната и другата страна и ја презеде иницијативата, со оглед дека скоро половина година немало дијалог меѓу двете држави. Имено, повече од три месеци не можеше да се формира влада на Косово, а победникот на изборите, Албин Курти, нема договор со коалицискиот партнер Иса Мустафа за некои кадровски решенија. Мустафа бара место на косовски претседател, но Курти не се согласува.

Од друга страна, Србија влегува во предизборниот период (парламентарните избори ќе бидат во април), па се плашат во Вашингтон и Брисел дека недостатокот на дијалог може да се продлабочи во втората половина на оваа година. Претседателот Трамп изјави дека нема да има премногу трпение и бара работите да бидат преместени од ќор-сокакот, а новата администрација на Брисел сака смена. Се чини дека само Москва нема никаква врска со одложувањето на дијалогот, па дури и да се претвори косовскиот јазол во „замрзнат конфликт“.

притисни ентер