Хаос во Берн - Полицијата со пукотници ги смируваше навивачите на Црвена Ѕвезда (ВИДЕО)

Навивачите на белградска Црвена Ѕвезда направија вистински хаос по улиците на швајцарскиот главен град Берн пред почетокот на натпреварот со Јанг Бојс.

Група навивачи на Црвена Ѕвезда, ,,Делии” поминувајќи пред установа за лекување мнаркомани , се степа со Швајцарците.

Неколку од нив завршија со повреди , а полицијата спречи поголем инцидент со пукотници во воздух.

Откриен првиот заразен италијански фудбалер со коронавирус , целиот тим е во карантин

Gazzetta Dello Sport известува дека е регистриран првиот фудбалер кој е заразен со коронавирус.

Според нивните сознанија, 22-годишниот Нигериец Пол Акпан Удо, фудбалер на третолигашот Сиена.

Удо го пропушти натпреварот минатиот викенд поради треска, а натамошните тестови утврдија дека е коронавирус позитивен.

Тој е хоспитализиран во Сиена и општата здравствена состојба му е добра, а целиот тим на поранешниот прволигаш Сиена е во карантин.

Официјалните бројки за коронавирус во Италија сега се следни: 14 мртви, со вкупно 528 пациенти, од кои 282 во моментов се позитивни.

Најпогодена е Ломбардија, економски центар на земјата со 258 случаи, вклучувајќи четири деца (4 годишно, две 10-годишници и едно на 15-годишна возраст) со лесни симптоми.

Меѓународниот суд за спорт ја доби жалбата од Манчестер Сити

УЕФА го казни Манчестер Сити пред 12 дена со две години неиграње на европските натпреварувања и 30 милиони евра парична казна.

Независниот судски совет за финасиско работење на клубовуите (ЦФЦБ) донесе пресуда дека Манчестер Сити направил сериозни прекршувања на правилата за финансиски фер-плеј на УЕФА.

Сити поднесе жалба до Меѓународниот суд за спорт, кој денес објави дека ја добил жалбата од „Етихад“.

Сè уште не е познато кога ќе одлучува судот.

Спектакуларен пречек на Фјури на аеродромот во Манчестер (ВИДЕО)

Многубројни навивачи и новинари го пречекаа двојниот светски шампион во бокс, Тајсон Фјури на аеродромот во Манчестер.

Фјури пристигна во Англија 48 часа откако во седмото коло го нокаутираше Дионте Вајлдер и стана двократен светски шампион во тешка категорија.

Група навивачи и известувачи го поздравија новиот шампион во верзија на ВБЦ, а на аеродромот имаше бројно полициско обезбедување.

Фјури сè уште не објави дали ќе има реванш меч со Вајлдер.Американскиот боксер изјави дека е уверен дека ќе се случи нова борба со Фјури.

притисни ентер