Пациентот со западнонилска треска на Инфективната клиника и натаму во тешка состојба

Шеесет и шестгодишниот пациент заразен со западнонилска треска, кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје, се уште е во тешка здравствена состојба со манифестација на централниот нервен систем.

Ова го изјави за МИА директорката на Клиниката, Милена Стевановиќ.

Хоспитализираниот веќе 10 дена е на лекување на одделот за интензивна нега на Инфективната клиника, а болеста претходно му била дијагностицирана во Градската општа болница „8 Септемви" во Скопје.

– Нема никаква промена во здравствената состојба на пациентот. Нема прогрес. Чекаме да видиме колку ќе успее да се рехабилитира пациентот. Нема новозаболени од западнонилска треска, рече д-р Стевановиќ.

Ова е прв случај на западнонилска треска летово во државава, и е потврден лабораториски во Центарот за јавно здравје во Скопје.

На Инфективната клиника сезонава досега не регистрирале други сомнителни случаи од заразата  што е векторски пренослива преку комарци. Најчесто поминува како настинка, а кај мал процент се манифестира со потешка клиничка слика.

Покрај прскањето против комарци од страна на надлежните институции и епидемиолошките и останатите служби преземаат редовни и рутински активности за превенција и заштита./МИА

Хуманоиден робот знае да ги услужи и расположи луѓето со вицови (ВИДЕО)

Хуманоидниот робот Пепер , висок 1,20 метри , знае да препознае основни човечки емоции и да ги расположува луѓето , ако забележи дека се несреќни.

Пепер знае да кажува вицеви , да разговара и да препознава со каков тон му се обраќаат луѓето. Пепер комуницира со глас и со пораки на таблет. Претставен е пред четири години , а сега со помодерни карактеристики , се користи банки , на аеродроми , универзитети , а најмногу го користат во ресторани.

Softbank Robotics најавува дека нивниот робот ќе добие нова работа следната година. Тој ќе работи во едно кафуле што ќе се отвори во Токио.

Тоа нема да биде целосно „роботско“ кафуле, но роботите во него треба да работат со луѓе. Тие ќе им служат на гостите кои ќе можат во пракса да видат како ќе изгледа иднината во која нашите видови би коегзистирале со роботите:

„Наша цел е да создадеме простор каде луѓето ќе можат да живеат заедно со роботи и да уживаат во еволуцијата на роботите“, соопштија од Softbank Robotics во најавата за отворањето на кафулето. Местото ќе се вика „Пепер салон“ и ќе продава кафе и вафли.

Креаторите на „Пепер“ забележуваат дека роботите нема да работат во нивното кафуле за да ја зголемат ефикасноста и да ги заменат луѓето, туку дека Пепер ќе донесе нови можности за услуги и „ќе ги израдува луѓето“.

Несомнено е дека роботот ќе се снајде добро во новата улога, бидејќи покрај тоа што е достапен на аеродромите, банките и слично, тој веќе работел како келнер.

Поточно, во Будимпешта роботот ги служи гостите, додека во кинескиот  „Pizaa Hat“ прима нарачки за гости.

Исто така, хуманоидниот робот е присутен во многу домаќинства, и кога неговата продажба почна во Јапонија пред четири години, сите 1.000 парчиња - колку што беа достапни , се распродадоа за помалку од една минута.

Американка преплашила мечка пред нејзината куќа (ВИДЕО)

Жена непријатно се изненади кога излегуваше од својата куќа , но иста таква реакција имаше и мечката , што дошла во нејзиниот двор.

"Одев кон автомобилот со последната тура работи пред да ги качам трите деца. Излегов незаинтересирано и таму беше таа, гледаше во мене - голема црна мечка! Се погледнавме една со друга и имавме иста реакција, избегавме", изјави жената.

„Каков начин да се започне петокот“, додаде таа. Блиската средба е снимена од домашната надзорна камера на неименувана жена на 6. септември, а снимкат се појави на Вирал Хог и привлече големо внимание.

Ловџиите во САД убиваат околу 50.000 црни мечки секоја година, пренесува Western Wildlife. И додека црните мечки речиси никогаш не ги напаѓаат луѓето, тие можат да предизвикаат штета доколку бидат испровоцирани, пренесува „Дејли меил“.

Април Роџерс (72) од Њу Хемпшир го изгуби окото откако црна мечка ја нападна во јули 2018 година

Принцот Хари за роденден доби нежна честитка од Меган

Меган Маркл јавно , со емотивна порака му го честита 35. роденден на својот сопруг, британскиот принц Хари.

На официјалниот профил на Инстаграм на Сасекс Ројал беше објавен колаж на фотографии од принцот Хари од раѓањето до крштевањето на неговиот син Арчи, а во описот на објавата се наоѓа порака од неговата сопруга Меган Маркл, која ги воодушеви обожавателите на оваа кралска двојка.

„Твојата посветеност кон целите кои ви се толку многу важни , длабоко секој ден ме инспирираат. Ти благодарам што си толку добар сопруг и најдобар татко на нашиот син. Ние те сакаме и ти посакуваме најсреќен роденден“, се вели во пораката.

Фановите забележале и необјавена фотографија од крштевањето на Арчи, која е последна во низата од колажот. Принцот Хари во моментов е шести по ред за британскиот престол, по татко му Чарлс, братот Вилијам и неговите три деца Џорџ, Шарлот и Луис.

притисни ентер