Згасна фестивалскиот оган на Античкиот театар, спуштена завесата на „Охридско лето"

Згасна огнот на речиси целосно исполнетиот Антички театар, а со него и магијата и возбудата што изминатите 40 дена ги исполнуваше фестивалските сцени.

Со синоќешната претстава „Одисеј" по текст на Горан Стефановски, во режисерска поставка на Александар Поповски, а изведена од страна на актерска екипа од повеќе театарски куќи од речиси цела поранешна Југославија, беше затворено годинашното 59-то издание на „Охридско лето".

Згасна огнот на речиси целосно исполнетиот Антички театар, а со него и магијата и возбудата што изминатите 40 дена ги исполнуваше фестивалските сцени. Педесеттина музички, сценски, поетски и содржини од ликовното творештво и беа понудени на фестивалската публика во Охрид, на Античкиот театар, во црквата „Света Софија", во предворјето на црквата, на Долни Сарај, уметнички остварувања и доживувања што остануваат врежани во богатата историја на најголемата и најзначајната културна манифестација во земјата.

На синоќешното свечено затворање на фестивалот пред бројните вљубеници во уметноста, меѓу кои и министерот за култура Хусни Исмаили, амбасадори на повеќе држави, пратеници, уметници, новинари, актерите од театарските куќи „Гавела" од Загреб, „Улисис" од Бриони, Српскиот народен театар од Нови Сад, СНГ „Драма" од Марибор, „Ателје 212" од Белград, Стериин Театар и Театар „Навигатор" од Скопје „го вратија" Одисеј дома во Итака. И самиот режисер на претставата, Александар Поповски, кој е и селектор на драмската програма на „Охридско лето" на завршната прес-конференција вчера рече дека токму тоа е и причината со „Одисеј" да се затвори годинашното фестивалско издание, за преку таа изведба да се врати и починатиот автор Горан Стефановски во Охрид.

Претставата понуди еден поинаков драмски пристап на одисеевата епопеја, со освежен текст и извонредна театарска игра на Oзрен Грабариќ, Aнита Манчиќ, Бранко Јордан, Наташа Матјашец Рошкер, Светозар Цветковиќ, Борис Исаковиќ, Jасна Џуричиќ, Дијана Видушин, Фрањо Дијак, како и нашиот Никола Ристановски, сето надополнето со внимателно поставена музичка матрица на „Фолтин". Магијата под ведро небо и прекраснниот амбиент на Антички само дополнително придонесоа за целосно уметничко доживување и пат низ времето…

Годинашното фестивалско издание во Охрид донесе повеќе од 500 уметници, како домашни, така и врвни изведуавачи од Италија, Австрија, Русија, Бугарија, Германија, Чешка, Словенија, Албанија, Норвешка, Хрватска, Франција, Србија, Косово, Финска, но и бројни гости кои дојдоа токму заради фестивалските содржини.

Од сработеното изминатите 40 дена, но и преку содржините реализирани надвор од вообичаената програмска шема, задоволни се во управата на Националната установа. Селекторот на музичката програма на „Охридско лето", Васо Ристов, со оценки дека е реализирано уште едно квалитетно, врвно, атрактивно фестивалско издание, како што рече, „достојно за паметење".

– На врвните и маестрални изведби на брилијантните уметници, многубројната фестивалска публика им возвраќаше со долги стоечки овации на што уметниците се оддолжуваа со по три или четири биса. Задоволни беа и изведувачите, гости на фестивалот, кои упатија голем број пофалби до фестивалот за прекрасната организација на сите учесници, за реализација на фестивалот, гостопримството, топлата и внимателна публика, како и неповторливата акустика на сценските простори, посебно во црквата „Св.Софија". Тие постојано ја искажуваа својата почестеност што се дел од ова фестивалско издание, фестивал кој е еден од најзначајните европски фестивали, со голема традиција и одличен рејтинг. Воодушевени и од убавините на Охрид, уметниците изразија желба повторно да се вратат и да бидат дел од оваа манифестација, истакна Ристов.

Според селекторот на драмската програма на „Охридско лето", Александар Поповски, драмската програма на годинашното фестивалско издание исто така понуди квалитетни театарски претстави со театарски куќи. Оцени дека внеле свежина на фестивалот и оставиле силен печат врз публиката. Тој најави дека веднаш започнуваат подготовките за следното фестивалско издание.

– „Охридско лето" е врвот кога станува збор за културните манифестации во нашата земја. И она што не чека догодина се 60 години и навистина една преубава можност да започнеме нов круг и нова приказна со „Охридско лето", рече Поповски.

На завршната прес-конференција, директорката на установата Наташа Поповиќ и програмските селектори најавија дека следната година, по повод јубилејот на шеесеттото издание, „Охридско лето" ќе биде збогатено со нови содржини кои ќе ги потврдат и продолжат високите позиции што фестивалот ги ужива во рамки на Европската асоцијација на фестивали.

Ковачевски: За нашите пензионери обезбедуваме просечна пензија од 30.000 денари

За нашите пензионери обезбедуваме просечна пензија од 30.000 денари и минимална пензија од 20.000 денари, порача од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата за евопска иднина претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.

Ковачевски нагласи дека пензиите денескка, во однос на 2016 година се зголемени за 55% и ќе продолжат да растат.

Јас ветувам дека ќе работам ден и ноќ да ги исполнам очекувањата на мнозинството граѓани да живеат во европска Македонија. Не се откажавме досега, нема да се откажеме ниту отсега. Ние не се откажуваме од иднината, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Демир Капија.

Гарантираме просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 600 евра, истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата за европска иднина во Демир Капија.

Ковачевски нагласи дека минималната плата е зголемена за 3 пати во однос на 2016 година, просечната плата е зголемена двојно во однос на 2016 година но сега доаѓаат подобри времиња.

-Гарантирана плата за младите и грантови за отпочнување нов бизнис, затоа што сакаме младите да си ја градат својата иднина дома. Гарантираме подобри услови и плати за здравствените работници и целосно бесплатно јавно здравство. Ветуваме подобар и поправеден систем за сите, бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата и конечно со спроведување на процесот на ветинг на судиите и јавните обвинители. Ова е нашата визија и нашата програма за граѓаните и државата, рече Ковачевски.

Не постојат брзи решенија за системските проблеми. Европскиот пат и членството во ЕУ се единствениот начин како да се обезбедат суштински промени во македонското општество, додде Ковачевски на митингот во Демир Капија, се наведува во партиското соопштение.

Андоновска: Бујар Османи ја искористува позицијата министер за собирање предизборни поени

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја искористува позицијата на министер за собирање на поени како канидат за претседател на Република Македонија.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја искористува позицијата на министер за собирање на поени како канидат за претседател на Република Македонија, вели носителката на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во изборната единица еден, д-р. Добрила Андоновска во гостување во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија. Андоновска смета дека Отворен Балкан е добра организација, од која Македонија и граѓаните имаат придобивки.

-Ако имате недостиг на лекари во југот на Србија, можат нашите лекари да одат да работат таму, или обратно. Добивка има пазарот на труд, значи за ситни политички поени пред избори не треба да се искористуваат овие прашања, истакна Д-р. Андоновска.

- Јас сум апсолутно сигурна дека сами можеме да изградиме систем, без Европската унија, а најголемите партии кои 30 години се менуваат во Македонија имаа време да спроведат реформи. Имаа и време и луѓе, а тоа што не успеаја е загуба за сите граѓани, истакна Андоновска.

- Три основни столба, од кои мислам дека секој човек што ќе има можност да направи во Република Македонија, се образованието, здравството и судството. Ние имаме едно образование како што имаме, тотално руинирано здравство и судство.

Во образованието, самите вработени во високото образование бараат реформи во однос на апсолутна нивна автономија, кадровска автономија, немаат млади кадри за да се напредува во научна смисла. Одредени катедри имаат нула, или еден или два асистенти. Мора да генерираме квалитетни кадри.

Во однос на судството повторно се почнува од чесни и компетентни личности, не партиски личности, знаеме кај нас како се бираат судиите, знаеме како се елиминираат квалитетни кадри од ЈО, кадешто имавме една одлука дека е дискриминирана една кандидатка во однос на мајчинство, затоа што е мајка на две близначиња. За какви реформи ние во судството зборуваме? Треба да се руши системот за да изградите нов систем, нас системот ни е веќе до дното. Има можност со чесни кадри да се поправи тоа, вели д-р Андоновска.

Таа истакна дека ГРОМ и коалицијата „Храбро за Македонија“ е против промена на Уставот со цел внесување на Бугарите во Уставот доколку не се затвори целиот пакет за бугарското прашање.

- Ние како коалиција сме против внесување на Бугарите во Уставот, ако не биде комплетно затворен целиот пакет во смисла на националните прашања и јазикот. Проблемот со јазикот е тоа што источните соседи велат дека зборуваме бугарски дијалект и дека сме нација од 1944 година, тоа никогаш не може да помине кај македонскиот надор, тоа што двете големи македонски и сега и албански партии го заговраат, сите ќе ги внесат Бугарите без да го затворат комплетниот пакет, само едните пред, а другите по изборите. Тоа е умирање на рати, значи можете да умрете веднаш, а ова е умирање на рати. ВМРО-ДПМНЕ кокетира затоа што знае дека евроскептицизмот расте, вели Андоновска. Отворање на Уставот е отворање на Пандорината кутија, вели Андоновска.

Спречен е атентат врз Зеленски, полски државјанин е уапсен- му се закануваат 8 години затвор

Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руската воена разузнавачка служба и да им помогне да го испланираат атентатот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесува АП.

Полското национално обвинителство во соопштение вели дека човекот, идентификуван само како Павел К, бил обвинет дека бил подготвен да пренесе информации за безбедноста на аеродромот до руските агенти и бил уапсен вчера во Полска.

Тој побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Ржешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е порта за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.

Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие до осум години затвор, се вели во соопштението.

Обвинителите, исто така, изјавија дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази.

Членката на Европската унија, Полска повеќе од две години дава цврста поддршка на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија.

притисни ентер