Концерт со фестивалски фолк рефрени „Незаборав" во Битола

Традиционалната манифестација „Незаборав", музички концерт со фестивалски фолк рефрени ќе се одржи вечер во НУ Центар за култура-Битола.

Организаторот најави дека 9. издание на „Незаборав" е посветено на битолски пејачи кои настапиле на Фолк фест „Валандово" во периодот од 1985 до 2000 година.

-Секоа година нудиме новина, а оваа година за културната јавност во градот и љубителите на фолк рефрени, уште еднаш ќе се испејат песните на солисти и групи од Битола кои настапиле на Фолк фест „Валандово".

На вечерашниот концерт ќе настапат групите „Калабалак" и „Боеми", хармоникашот Кирил Стојчевски и солистите Зоран Маневски, Билјана Дамјановска Јанчевска, Сефедин Бајрамов, Бојан Стојков, Елена Тодосиеска и Тамара Стојковска, најави продуцентот Панде Димитровски.

Според архивата на продуцентот Димитровски како битолски автори на музика се потпишани Милко Лозановски, Кире Костов, Петар Ѓеоргиев – Калица, Тоде Новачевски,Михајло Бандевски, Миле Шерденковски, Валентин Соклевски, Миодраг Неќак – Микс, Љубомир Трифуновски, Ѓорги Белџигеровски и Зоран Кузмановски. Битолски автори на текстови на „Валандово фолк фест" биле Илија Алушевски, Ѓорги Белџигеровски, Ѓоко Ѓоргиев, Валентин Соклевски и Петар Ѓеоргиев – Калица, а автори кои создавале песни за битолчани кои пееле на фестивалот во Валандово се Милан Зафков, Григор Копров, Миле Барбаровски, Љупчо Трајковски – Фис, Драги Митев, Зоран Марковски и Илчо Јованов.

Минатата година манифестацијата беше посветена и исполнета со музичкиот репертоар на групата „Битолски конзули", а во овој период од девет години „Незаборав" бил посветен и на Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бафтировски, Љупчо Спасеновски, Добри Ставревски, Гоце Николовски и Миле Шерденков.

Првиот круг од изборите во Македонија во фокусот на регионалните и светските медиуми

Резултатите и текот на првиот круг од претседателските избори беа во фокусот на вниманието и на регионалните и светските медиуми кои детално известуваат за исходот... 

Лакмусов тест за парламентарните избори за две недели., вака поголем дел од светските медиуми го анализираат вчерашниот епилог од првиот круг претседателски избори. Угледниот „Ројтерс“ пишува дека гласањето за главно церемонијалната улога на функцијата претседател, е прв конкретен знак за порастот на фрустрацијата кон владеачката партија, која настојувала да обезбеди пристап во Европската Унија. Очекувано, најголем простор на изборите даваат бугарските телевизии со генерално коректен тон на известување.

-Вториот круг ќе одлучи кој ќе биде следниот претседател на Македонија. , јави Нова.бг

-Силјановска доби 40,8% од гласовите, а Пендаровски 19,93. Кандидатот на опозицијата не го криеше изненадувањето пред своите приврзаници кои го прославија резултатот низ скопските улици. Искрено, не очекував толкава разлика., објавува бугарската национална телевизија

Првиот круг најде одек и во грчките медиуми. Со наслов, десничарската опозиција води пред вториот круг на 8 мај, Катимерини пишува дека популарноста на ВМРО-ДПМНЕ во последните години пораснала како резултат и на гневот на јавноста поради бавното темпо на пристапувањето во ЕУ и корупцијата. Грчкото издание на „Еуроњуз“ пак го истакнува различниот пристап на двете македонски опции во однос на бугарските барања.

-Двајцата кандидати се согласуваат за европската перспектива на Македонија, но не се согласуваат за начинот како да се справуват со ветото на Бугарија. , објавува „Еуроњуз“ на грчки јазик

Српски РТС се осврнува и на како што наведува двобојот на албанките опции, победата на Османи и славјето пред соперничкиот штаб, а хрватски ХТВ на евроинтегративниот пат и уставните измени како услов.

Димитриевски освои 80 илјади гласови, Ванковска 40 илјади, а Јакимовски 8 илјади

Меѓу останатите кандидати, во македонскиот политички блок лидерот на ЗНАМ Максим Димитриевски освои над 80 илјади гласови, зад него е кандидатката на Левица Билјана Ванковска, а на последно место се најде лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски... 

Откако реши да излезе од сигурната зона на вториот градоначалнички мандат и да се трка за претседателската фотелја Максим Димитриевски, не влезе во топ 2, но заврши на 4тото место од вкупно 7 кандидати. По пребројани 100 отсто од гласовите на вчерашниот прв круг од претседателските избори, и по освоени 83.787 или 9,26% од гласовите, најави уште поголема битка на параламенатрните избори.

ЗНАМ испишува новата политичка историја на македонската сцена им порача Димитриевски на своите поддржувачи, а убедливо неговата победа беше најголема во родното Куманово каде е и актуелен градоначаник.

„Се роди третата политичка сила во македонскиот политички блок во државата кој што имаме намера во следниот период дополнително да ја потврдиме и надоградиме со цел еден ден граѓаните да имаат можност да бираат нешто ново.“

Зад Димитиревски, со поддршка од 41 172 гласа се најде професорката Билјана Ванковска поддржана од Левица. Таа на граѓаните и синоќа им порача мојата цел не беше победа, туку да отвориме нов дискурс.

„Веројатно она што беше наша главна мисија на овие избори која ние ја сработивме од почеток до крај беше не да победиме туку да отовриме нов дискурс, нова дебата, ние отворивме прашања кои се овде табу тема. Ние ќе биде тука и ќе се бориме за македонскиот народ.“

За разлика од кумановскиот градоначлник, неговиот колега од општина Карпош, Стевче Јакимовски, кои исто така реше да ја трча претседателската трка како кандидат на ГРОМ, освои помалку гласови дури и од локалните избори на кој извојува победа. Во Карпош од Димитриевски и од Ванковска добија поголема поддршка од актуелниот градочаланик. . ( слика Карпош стевче максим). ЈАкимовски го призна поразот, а во јавноста се отовори и дилема како Јакимовски ги собра потребните 10 илјади граѓански потписи за својата кандидатура но на вчерашните избори стигна само до 8 103 гласа.

„ Дали резултатите се задоволувачки, според мене нормално дека не се, далеку се од очекувањата, но како и да е битно беше дека граѓаните на МАкедонија имаа избор бираа меу 7 свои кандидати, дали биле во право со тоа што го избрале ќе видиме после 5 години. “

Вториот круг од претседателски избори ќе одржи на 8 мај заедно со парламантраните.

Мирен ден без инциденти - оценка на МВР и ДИК за изборниот ден

Во безбедна атмосфера, мирно и без инциденти – ова е оценката на надлежните институции за првиот круг на изборите... 

Изборниот процес вчера помина без инциденти, во мирна, безбедна и демократска атмосфера, оцени министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Информираше дека во текот на изборниот ден евидентирани биле 12 случаи на фотографирање на гласачко ливче, 2 случаи на кинење на гласачкото ливче, 6 пријави за нудење поткуп, 15 пријави за агитирање и други незначителни нерегуларности, но не се евидентирани посериозни инциденти насочени кон нарушување на регуларноста на изборниот процес.

„Без сомневање, мирните и безбедни избори се резултат на добрата соработка помеѓу полицијата, државната изборна комисија и сите други чинители кои беа вклучени во спроведувањето на овој изборен процес кој помина без пречки и поголеми инциденти. Во тој контекст сакам да изразам благодарност до полициските службеници кои со својата посветеност и професионализам придонесоа за одржување на безбедноста на избирачките места и соодветно постапуваа онаму каде што беа евидентирани изборни нерегуларности.“

И според оценката на претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, изборите поминале во демократска атмосфера. Имало мали проблеми од техничка природа на некои избирачки места, најмногу поврзани со уредите за идентификација, но екипите на ДИК реагирале навремено.

„Помина мирно и достоинствено, немаше никакви провокации. Сепак треба да цениме дека 99 посто од работите поминаа како што треба. Ако имало недостатоци, ние тоа го менаџиравме постојано, цело време бевме концентрирани, поради тоа сметам дека помина добро денот на изборите. Имавме неколку интервенции во Куманови и во цела Македонија, каде што снемуваше батерии и кабли за се да помине во најдобар ред.“

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Македонија не пристигнала ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите, информира од таму..

Тошковски соопшти дека врз основа на пријавите што ги добиле, констатирани биле 6 прекршоци, а ќе бидат поднесени и 2 кривични пријави, една за кривично дело “Повреда на тајноста на гласањето“и една за „Повреда на избирачко право“.

притисни ентер