Гризли уби канадски музичар

Музичарот Џулијан Готијар, кој патувал по реката Мекензи во Канада е нападнат и убиен од мечка гризли, пренесе ББЦ.

Несреќниот музичар кој патувал по реката Мекензи за да ги снима звуците на природата за својот нов проект, бил нападнат од гризлито во текот на ноќта додека спиел.

Биологот Ками Тоскани, која патувал со 44 годишниот Готијар ги контактирал локалните власти и им кажал дека неговиот пријател во текот на ноќта бил нападнат и одвлечен од мечка.

Канадската полиција која веднаш започнала потера со хеликоптери , поради лошите временски услови дури следниот ден го пронашла мртвото тело на нападнатиот музичар.

Во Црна Гора уапсена директорката на Агенција за спречување корупција

Директорката на Агенција за спречување корупција на Црна Гора,Јелена Перовиќ,  вчера била уапсена, соопштија црногорските медиуми.

Како што се наведува, Перовиќ е уапсена под сомнение дека ја злоупотребила службената положба, соопшти Специјалното државно обвинителство.

Службеници на специјалното полициско одделение вчера ја блокирале зградата на Агенцијата и по претресот на просториите, како и службениот автомобил на директорката, Перовиќ е лишена од слобода.

„По извршениот претрес во канцеларијата и службеното возило, по наредба на Специјалното државно обвинителство, службениците на Специјалното полициско одделение поради основи на сомнение ја лишиле од слобода директорката на Агенцијата за спречување корупција на Ј.П. дека во текот на изминатата година и до април годинава сторила продолжено кривично дело злоупотреба на службената положба“, соопштија од Специјалното полициско одделение.

Црногорските медиуми пренесуваат дека полицијата вршела и претрес во нејзиниот стан и во други простории, со цел пронаоѓање други траги и предмети од кривичното дело.

Во Велес исчезна 56-годишен маж

Секторот за внатрешни работи Велес информира дека вчера, 17 април, во 14:30 часот од страна на 66 годишниот Б.С било пријавено дека неговиот 56 годишен брат Г.С се оддалечил од домот.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето, информира портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.

За викендот дожд и грмежи, а на планините снег

 Во петок и за време на викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо време. 

Утре претежно во јужните делови, а во недела на повеќе места ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни. Во недела ќе има и услови за појава на изолирана нестабилност со грмежи, соопшти УХМР.

Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.

притисни ентер