Помпео се заканува со санкции поради иранскиот танкер!!

САД ќе преземат се што можат за да не дозволат иранскиот танкер да успее да и достави нафта на Сирија во Средоземното море, и на тој начин да се прекршат американските санкции, изјави државниот секретар на САД Мајк Помпео.

Помпео ја предупреди официјална Атина да  не му помага на иранскиот танкер и се закани со санкции доколку тоа се случи, пренесе Ројтерс.

Официјална Грција соопшти дека не добила никакво барање од танкерот за пристанување  во едно од нивните пристаништа.

-Јасно им дадовме до знаење дека ако допуштат иранскиот танкер да влезе во пристаниште ризикуваат САД да им воведе санкции, изјавил Помпео.

Американскиот државен секретар воедно истакнал дека САД ќе сторат се за го спречат заминувањето на иранскиот танкер во Сирија.

Уапсен e најголемиот извозник на кокаин од Бразил во Европа

Бразилската полиција денеска во луксузна вила во близина на Рио де Женеиро го уапси најголемиот препродавач на дрога што ја снабдува Европа со кокаин.

Андре де Оливеира Македо, со прекар Андре до Рап, бил „лоциран во неделата наутро во луксузна вила во Ангри дос Реис, одморалиште на 150 километри од Рио“, соопшти Бирото за безбедност на Сао Паоло.

Полицијата заплени хеликоптер и луксузна јахта во близина на вилата.

Инспекторите тврдат дека Андре до Рап бил еден од водачите на ,,Капитал Прва” специјална група (ПЦЦ), моќна криминална група основана во затворите во Сао Паоло.

ПЦЦ, тесно поврзана со калабријската мафија „Ндрангетa“, ja контролирала испорака на кокаин во Европа преку пристаништето Сантос, најголемо во Јужна Америка.

Запленувањето на кокаинот во Бразил се удвои во однос на првата половина од истиот период минатата година, достигнувајќи 25 тони.

Во јули, двајца членови на Ндрангета беа уапсени во близина на Сантос.

Бразилската федерална полиција соопшти дека мафијата од  Калабрија контролира „40 проценти од светската трговија со кокаин, и е главен дистрибутер за Европа“.

Градоначалникот на Њујорк забрани е- цигари поради мистериозната болест кај младите

Градоначалникот на Њујорк, Ендрју Куомо забрани да се продаваат какви било ароми за е- цигари освен никотин и ментол.

Градоначалникот на Њујорк ја презеде оваа мерка , откако стотици млади се разболеа од тешка болест , предизвикана од пушење е- цигари со различни ароми во нив. Ширум САД оваа болест за мнгу крартко време се прошири и веќе ја зема и четвртата жртва.

Сите кои настрадаа од непознатата болест се млади луѓе кои користеле електронска цигара и наеднаш заболеле од тешка форма на труење на органзмот , што не се лекува.

Градоначалникот Куомо вели дека консумирањето цигари , а особено електронски е многу опасно , а загрижува и тоа што слатките и овошни ароми на е- цигарите создаваат зависност од никотин кај младите.

Најмалку 12 загинати во експлозија на автомобил – бомба во близина на турската граница

Во пограничниот сириски град Ал Раи загинаа најмалку 12 лица кога експлодира авотмобил- бомба.

Во експлозијата во близина на болница во градот Ал Раи се повредени 15 лица. Од експлозијата е оштетена и болницата .

Ал Раи е во северозападниот дел на Сирија , под контрола на бунтовници , поддржани од Турција.  

притисни ентер