Во Домот на култура „Илинден" отворена изложба на слики во рамките на проектот „Уметничка меѓународна група со пријателите"

Во галеријата на Домот на култура „Илинден" во присуство на повеќемина љубители на уметноста, отворена е меѓународна изложба на слики што се реализира во рамките на проектот „Уметничка меѓународна група со пријателите", информира Општина Илинден.

За значењето на изложбата на која се застапени 15 уметници од Велика Британија, Русија, Бугарија, Кореја, Романија и нашата земја говореле руската сликарка Олга Панкина и академските сликари од нашата земја Стефан Хаџи Николов и Новица Трајковски. Изложбата ја отвори градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски.

Тој, како што посочуваат од општината, ја искористил можноста да им се заблагодари на авторите, истакнувајќи дека со самото присуство на нивните дела во Домот на култра „Илуинден" даваат значаен придонес за развојот на културата и посебно уметноста во Општина Илинден, уверен дека ова ќе ја поттикне љубовта кон уметноста на многу млади луѓе.

Посетителите на изложбата што ќе биде отворена до средината на месец септември ќе имаат можност да уживаат во 40-на дела на авторите Светлана Еланцева, Светлана Соло Орлова, Олга Панкина, Габриеле Смоларз, Стефан Хаџи Николов, Новица Трајковски, Душан Коцев, Павлина Копана Маркова Боботанова, Тудор Сербанеску, Маргарита Григорова, Светлозар Недев, Алексеј Шеболдаев, Гајане Доброволскаја, Фјодор Сукхинин и Клеменс Беунгкун, наведуваат од општината.

Како што изјави Новица Трајковски, проектот „Уметничка меѓународна група со пријателите" е насочен и кон најмладите, па по примерот на возрасните организирана е и детска „Уметничка меѓународна група со пријателите", која во февруари идната година во Москва ќе одржи своевиден фестивал под мотото „Светот без војна". Ова, всушност, соопштуваат од општината, ќе биде и темата на која ќе можат да создаваат и учениците од Општина Илинден, за кои е предвидена посебна изложба по тој повод во Домот на култура „Илинден".

Според зборовите на Олга Панкина веќе е договорено најдобрите десет дела од оваа изложба да учествуваат на изложбата во Москва, што е голем мотив за учениците од Општина Илинден кои ја сакаат уметноста и сакаат да се занимаваат со неа да бидат претставени и во меѓународни рамки. /МИА

Манекенка исчезнала лани, телото ѝ го нашле во друга држава- ја препознале по тетоважите

Телото на манекенката Кајкан Каенакам (31) е пронајдено во Бахреин, една година по нејзиното исчезнување.

Нејзиното тело било во мртовечница, а полицијата успеала да ја идентификува преку тетоважите.

Минатата година се преселила во Бахреин и почнала да работи во ресторан за да го издржува семејството откако кариерата ѝ пропаднала.

Манекенката редовно објавувала фотографии и видеа од својот живот на социјалните мрежи, а потоа одеднаш мистериозно исчезнала.

Нејзината последна објава била во април минатата година, а нејзиното исчезнување предизвика голема паника кај Тајланѓаните.

Членовите на нејзиното семејство со месеци се обидувале да ја најдат, а во потрагата се вклучила и амбасадата на Тајланд.

На 18 април, тајландската амбасада во Бахреин го известила нејзиното семејство дека нејзиното тело е пронајдено.

Во обдукцискиот извештај е наведено дека таа починала поради акутен пулмонален и срцев удар предизвикан од труење со алкохол.

Интернет сензација: Никој не може да поверува колку е стар (ВИДЕО)

Овој жител на Сингапур е вистинска интернет сензација.

Кога ќе ги видите неговите фотографии, ќе сфатите зошто се здоби со популарност, но има уште еден – многу поинтересен „детал“.

Чуендо Тан редовно објавува свои фотографии на Инстаграм и на други платформи, а луѓето не можат да поверуваат дека тој има 58 години.

Да, добро прочитавте. Овој човек е стар повеќе од половина век, а не би му дале над триесет. И тоа е многу!

Чуендо е роден во 1967 година, а своевремено работел како модел, пеел и глумел.

Успешно се занимава со модна фотографија и ја води својата агенција AVE Management.

Младешкиот изглед го одржува со редовни тренинзи, а особено внимава што јаде.

Патнички авион се излизга од пистата и заврши во нива (ВИДЕО)

Бразилски деловен авион во сопственост на приватна фармацевтска компанија полетал од аеродромот Чапеко до аеродромот Ерехим, на само петнаесет минути лет, и се излизгал од пистата за време на слетувањето.

Луксузниот Learjet 75 на фармацевтската компанија CIMED, регистриран под ознаката PP-DYB, полета со дел од раководството кон дестинацијата на облачно време во 13:35 часот. Авионот поминал само 13 минути во воздух и се вратил на аеродромот.

Меѓутоа, наместо да слета без проблем, авионот завршил од пистата на аеродромот Команданте Краермер во Ерехим.

За среќа, сите патници биле безбедно евакуирани, а CIMED, компанијата која го поседува овој луксузен авион, излезе со соопштение дека „сите патници се добро и нивната безбедност е приоритет на компанијата“.

Видео кое кружи на социјалните мрежи го покажува моментот кога авионот ја „напушта“ пистата на аеродромот.

Претседателот на компанијата, Жоао Адибе Маркес, објави дека истрагата ќе ја спроведе Регионалната служба за истрага и спречување на авионски несреќи.

Тој нагласи дека се надева оти истрагата ќе биде завршена што е можно поскоро.

Во несреќата која завршила со сериозни оштетувања на деловниот авион, еден од двајцата членови на екипажот и тројца патници се здобиле со полесни повреди што биле санирани на лице место, пренесува G1Globo..

притисни ентер