Титули во сингл и дубл за нашата млада тенисерка Јана Стојанова на турнир во Германија

Македонската  тенисерка  14 годишната Јана Стојанова го освои првото место во сингл и дубл на турнирот во Германија  од рангот на „Tennis Europe 14 & Under“  категорија 1 .

Во  големото финале 14 – годишната Јана успеа да ја совлада најдобро рангираната тенисерка во Европа до 14 год. Алиса Барановска од Украина со  2-0 по сетови  6:4;6:0.

Младата Јана Стојанова е голема надеж на македонскиот тенис, таа  уште од најмала возраст забележува одлични резултати на меѓународната сцена, а во Македонија е шампионка во категоријата до 14  и 16 години.

На меѓународните турнири Стојанова која е членка на тенискиот клуб Југ  досега има освоено повеќе  турнири.

Во јуни 2019 година Јана Стојанова беше рангирана на  8-мото место на листата на Tennis Europe до 14 години.

И покрај големиот ангажман на тениските терени, Јана Стојанова  е одлична ученичка во ОУ. Кочо Рацин во Скопје.

Спектакуларен пречек на Фјури на аеродромот во Манчестер (ВИДЕО)

Многубројни навивачи и новинари го пречекаа двојниот светски шампион во бокс, Тајсон Фјури на аеродромот во Манчестер.

Фјури пристигна во Англија 48 часа откако во седмото коло го нокаутираше Дионте Вајлдер и стана двократен светски шампион во тешка категорија.

Група навивачи и известувачи го поздравија новиот шампион во верзија на ВБЦ, а на аеродромот имаше бројно полициско обезбедување.

Фјури сè уште не објави дали ќе има реванш меч со Вајлдер.Американскиот боксер изјави дека е уверен дека ќе се случи нова борба со Фјури.

Ѓоковиќ заигра чочек со сабја на глава по победата во Дубаи (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ, првиот тенисер на светот по мечот во Дубаи, не ги криеше доброто расположение и танцувачките вештини во ориентален чочек .

На Твитер беше објавен клип од танцот на српскиот тенисер, при што многумина коментираа дека Ѓоковиќ само ја продолжил традицијата, бидејќи и претходно биле објавени  снимките од неговото танцување со стомачни танчерки.

Овој пат, Новак успеа и да го балансира мечот на главата за време на танцот.

Навивачите на Баерн направија шоу на улиците на Лондон (ВИДЕО)

Челзи и Баерн го играат првиот натпревар од осмина финалето  во Лигата на шампионите вечерва од 21 часот.

Тешко е да се каже кој е фаворит во овој натпревар затоа што и двата тима ги имаат своите адути, но за Баерн е голем плус што ќе имаат фантастична поддршка во главниот град на Англија.

Неколку илјади љубители на германскиот шампион го окупираа центарот на англиската престолнина и направија пеколна атмосфера.

притисни ентер