Во Велес кајак слалом на диви води „Илинден Опен 2019"

Во организација на Кајак клубот „Вила Зора" со подршка на Општина Велес денеска во водите на Вардар во Велес  се одржа  24-от по ред Кајак слалом на диви води „Илинден Опен 2019". 

Во повеќе дисциплини се натпреваруваа велешките кајакарски клубови, како и кајакари од Скопје и Демир Капија, како и гостите од Србија, ККК „Гусар" од Ниш.

Во дисциплината К-1 пионери, првото место му припадна на Стефан Рибарски од ККК „Вардар" Велес, втор патеката ја заврши Петар Радојковиќ од ККК „Гусар" Ниш Р.Србија, додека третото место го освои Арун Небиовски од ККК „Вардар" Велес.

Во дисциплина К-1/ јуниори, најбрз беше Ангелче Петрушевски, второпласиран Мартин Мазнев, а третото место го освои Ердинч Зејнелов, сите од ККК „Вардар" Велес.

Во дисциплина К-1/сениори, прв патеката ја помина Христијан Игнатов КК „Бабуна" Велес, второто место го освои Никола Димов КК „Бабуна" Велес, додека третото место му припадна на Марко Кесиќ ККК „Гусар" Ниш Р.Србија.

Во дисциплина Ц-1/јуниори, првото место го освои Ангелче Петрушевски од ККК „Вардар" Велес, втор беше Лазар Цветковиќ од ККК „Гусар" Ниш Р. Србија, додека третото место го освои Мартин Мазнев од ККК „Вардар" Велес.

Во дисциплина Ц-1/сениори, првото место го освои Бошко Нецинов од КК „Бабуна" Велес, второ место Марко Кесиќ од ККК „Гусар", Ниш Р.Србија, а трет се пласираше Александар Дамјанов од КК „Бабуна" Велес.

Во дисциплина К-1/јуниорки-жени, првопласирана беше Ангела Димова од КК „Бабуна" Велес, второто место и припадна на Олгица Мелова од ККК „Просек" Демир Капија.

Во екипен пласман беа постигнати следниве резултати:

1.ККК „Вардар" Велес

2.КК „Бабуна" Велес

3.ККК „Гусар" Ниш

4.ККК „Просек" Демир Капија

5.ККК „Гемиџии 903" Велес

6.ККК „Илинден 90" Скопје

7.КК „Вила Зора" Велес

Инаку, вчера во водите на Вардар во Велес, исто така со поддршка на Општина Велес се одржа „Велес Опен 2019./МИА

Видео - фото: Трибините полни со деца, 20 000 деца навиваа за Партизан

Српскиот фудбалски клуб Партизан поради казна од УЕФА поради расизам доби забрана од присуство на навивачи на трибините на својот стадион во  европските купови.

Раководството на црно белите од Белград по долги преговори со УЕФА доби дозвола на трибините на стадионот да може да има само деца.

Во натпреварот од Лига Европа меѓу Партизан и АЗ Алкмар од Холандија кој заврши без победник 2-2 , домашните фудбалери имаа фантастична поддршка од дури 20000 деца на трибините .

Овој натпревар токму поради децата беше забележан во целата Европа. Најпознатиот шпански спортски весник „Марка“ им посвети големо внимание на децата кои му дадоа голема поддршка на својот омилен клуб партизан.

Тиражниот весник е воодушевен од фактот што црно-белите од трибините имаа ветер во грб од 20000 навивачи на возраст до 14 години.

-Партизан,откако  УЕФА го санкционираше поради расизам на трибините на дуелот со АЗ Алкмар стадионот го наполни со деца. Бил постигнат договор децата од сите училишта во Србија да дојдат на стадионот и да навиваат за Партизан, напиша Марка.

Федерер: Плачев по загубеното финале од Ѓоковиќ на Вимблдон

Еден од најдобрите тенисери во историјата, легендарниот Швајцарец Роџер Федерер повторно проговори за антологиското финале против Новак Ѓоковиќ на годинешниот Грен слем во Вимблдон.

Во разговор за италијанската  „Газета дело Спорт“ Федерер зборувал за многу работи, но и за моментот кога доживеал емотивен колапс.

„Кога последен пат сум плачел?Пред два месеца на Вимблдон.На теренот ги сочував солзите, но кога седнав во соблекувалната тие потекоа и се расплакав, изјавил Федерер.

Освојувачот на најмногу Грен слем трофеи откри и како како ги слави победите.

-Сакам да славам со чаша шампањ. Еднаш дури и се опијанив. Тоа се случи кога го освоив Ју Ес Опен.Потоа ми беа потребни три дена да се рехабилитирам. Турнирот заврши во недела вечер, јас се опоравив дури во четвртокот.Се сеќавам на се, барот требаше да се затвори поради што порачавме повеќе пијалаци, за следните часови. Подоцна сфатив дека сме порачале премногу, дополнил Федерер.

Видео: Македонските одбојкари пречекани со трубачи и песна!!

Популарните „Спартанци“, машката одбојкарска репрезентација на Македонија по премиерниот настап на Европските првенства се врати дома.

На еврошампионатот во Словенија, нашите најдобри одбојкари остварија две историски победи над Белорусија и Словенија, но не успеаја да обезбедат место во осминафиналето.

Црвено-жолтите  со своите игри и однос кон националниот дрес оставија одличен впечаток на својот дебитански настап на едно големо натпреварување, со што  ги освоија симпатиите на цела јавноста.

При вчерашното враќање во Македонија, браќата Ѓоргиеви, Љафтов, Деспотовски, Милев и останатите беа дочекани како што им доликува на едни вистински спортисти кои со целото срце  го носат националниот дрес. Со песна и трубачи од оркестарот на Џамбо Агушеви.

притисни ентер