Бугарскиот пијанист Димчо Величков вечер на „Охридско лето"

Музичката програма на „Охридско лето" продолжува со вечерашниот концерт на бугарскиот пијанист Димчо Величков.

Димчо Величков е роден во 1987 година во Стара Загора – Бугарија во семејство на музичари. Започнува да свири пијано на шестгодишна возраст, а само една година подоцна започнува да учи во класата на неговиот татко во музичкото училиште во родниот град. На девет години ја добива наградата „Млади надежи " на IV Интернационален натпревар „Музиката и земјата" во Софија. Во 2002 година настапува во салата „Бугарија", а една година подоцна е солист со оркестарот на Државната опера во Стара Загора. Во 2005 година ги започнува студиите на Универзитетот за музика и уметности во Виена во класата на проф. Франц Цетл, а дипломира во 2011 година во класата на проф. Маркус Праусе.

Концертно настапува во Бугарија, Полска, Кореја, Русија и Словачка. Во 2013 година на покана на бугарската амбасада и Културниот центар на Бугарија во Москва настапува на прославата на бугарската култура во главниот град на Русија. Димчо Величков настапува солистички, но и како дел од различни камерни состави соработувајќи со Клара Шуман-флејта, Улјана Левит-сопран, Фулвио Бертосо и Ина Петкова-виолончело, Маико Еномото-виолина, Михо Јамамура-пијано. Од 2017 година е ангажиран како професор по пијано на Конзерваториумот „Франц Шуберт" и на приватната музичка школа „Шмид и Цетлман"во Виена.

Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија" со почеток од 21 часот. /МИА

Уапсен e најголемиот извозник на кокаин од Бразил во Европа

Бразилската полиција денеска во луксузна вила во близина на Рио де Женеиро го уапси најголемиот препродавач на дрога што ја снабдува Европа со кокаин.

Андре де Оливеира Македо, со прекар Андре до Рап, бил „лоциран во неделата наутро во луксузна вила во Ангри дос Реис, одморалиште на 150 километри од Рио“, соопшти Бирото за безбедност на Сао Паоло.

Полицијата заплени хеликоптер и луксузна јахта во близина на вилата.

Инспекторите тврдат дека Андре до Рап бил еден од водачите на ,,Капитал Прва” специјална група (ПЦЦ), моќна криминална група основана во затворите во Сао Паоло.

ПЦЦ, тесно поврзана со калабријската мафија „Ндрангетa“, ja контролирала испорака на кокаин во Европа преку пристаништето Сантос, најголемо во Јужна Америка.

Запленувањето на кокаинот во Бразил се удвои во однос на првата половина од истиот период минатата година, достигнувајќи 25 тони.

Во јули, двајца членови на Ндрангета беа уапсени во близина на Сантос.

Бразилската федерална полиција соопшти дека мафијата од  Калабрија контролира „40 проценти од светската трговија со кокаин, и е главен дистрибутер за Европа“.

Градоначалникот на Њујорк забрани е- цигари поради мистериозната болест кај младите

Градоначалникот на Њујорк, Ендрју Куомо забрани да се продаваат какви било ароми за е- цигари освен никотин и ментол.

Градоначалникот на Њујорк ја презеде оваа мерка , откако стотици млади се разболеа од тешка болест , предизвикана од пушење е- цигари со различни ароми во нив. Ширум САД оваа болест за мнгу крартко време се прошири и веќе ја зема и четвртата жртва.

Сите кои настрадаа од непознатата болест се млади луѓе кои користеле електронска цигара и наеднаш заболеле од тешка форма на труење на органзмот , што не се лекува.

Градоначалникот Куомо вели дека консумирањето цигари , а особено електронски е многу опасно , а загрижува и тоа што слатките и овошни ароми на е- цигарите создаваат зависност од никотин кај младите.

Најмалку 12 загинати во експлозија на автомобил – бомба во близина на турската граница

Во пограничниот сириски град Ал Раи загинаа најмалку 12 лица кога експлодира авотмобил- бомба.

Во експлозијата во близина на болница во градот Ал Раи се повредени 15 лица. Од експлозијата е оштетена и болницата .

Ал Раи е во северозападниот дел на Сирија , под контрола на бунтовници , поддржани од Турција.  

притисни ентер