Почнува Културното лето на Општина Кисела Вода

На Три круши во селото Драчево денеска почнува Културното лето на Општина Кисела Вода.

До 31 август, жителите на Општина Кисела Вода ќе имаат можност да уживаат во музичките изведби на популарни изведувачи како Дани Димитровска, Бени Шаќири, Ефто Пупиновски, КУД Китка, Анастасија Петреска, Сузана Спасовска, група Биоритам, Миле Кузмановски, Силви Бенд, Александар Митевски заедно со Драган Спасов Дац, Кристина Арнаудова, Мики Јовановски Џафер, Искра Трпева, Ѓоко Танески…

Сите настани почнуваат во 20 часот, а ќе се одвиваат на повеќе локации. Освен на Три Круши, музички случувања ќе има и во паркот „Шопен", како и во паркот „Македонија"./МИА

Силјановска Давкова: Горда сум на вас, на граѓаните и на членовите на ВМРО-ДПМНЕ

Почна прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ , чиј кандидат Гордана Силјановска е во убедливо водство на претседателските избори.

„Ве уверувам дека ќе се обидам секој ден да докажам и да покажам дека сум таму не за својата политичка кариера, туку за Македонија. Ќе докажувам дека Македонија мора да биде слична на европските држави и да биде посакувано место за политички и за било каков натпревар. Македонија да биде твоја, да биде наша, зашто токму напуштањето на човечките ресурси нѐ остава да стоиме во место.“ , рече Силјановска Давкова.

Прослава на ДУИ на плоштадот Скендер бег во Скопје

На плоштадот Скендер бег се собраа поддржувачи на ДУИ за да ја прослават победата на нивниот кандидат Бујар Османи.

Под силно полициско обезбедување, во овој момент насобраните се повлекоа. На местото на настанот е Михајло Видимлиски.

Санчез се повлекува од функција откако е отворена истрага против неговата сопруга

Шпанскиот премиер Педро Санчез објави дека се повлекува од јавните должности бидејќи морал „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да ја води владата откако суд во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција.

„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди ... дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од таа чест“, објави тој преку социјалната мрежа Х.

Синдикатот Манос Лимпиас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачи во јавни тендери и дека имала корист од тоа. Судот претходно објави дека отворил истрага, без да даде детали.

Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.

притисни ентер