Влатко Стефановски и Кит Ричардс за отворањето на петтото издание на Филмскиот фестивал Скопје Синема Сити

Во периодот 2 – 7 септември, на локации како Музеј на Град Скопје и Кинотека на Македонија ќе се организира 5.-то издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови Скопје Синема Сити.

Петото издание на фестивалот ќе се состои од филмови со теми поврзани со гитарата како инструмент. За време на 5 дена, ќе се прикажат 10 филмови кои на уникатен начин ги прикажуваат авторите и нивните животи во однос на својот инструмент. Затоа и филмовите ќе бидат и жанровски шарени: блуз, рок, џез, авант-рок, поп, фадо. Филмскиот дел од Фестивалот ќе го отвори документарниот филм за Кит Ричардс „Под влијание“, којшто зборува за неговата љубов кон музиката, гитарата, Ролинг Стоунси и ги следи неговите сеќавања од средбите со неговите идоли.

Во музичко-изложбениот дел, во фокус ќе биде изложбата на Влатко Стефановски во Музеј на Град Скопје, која е насловена како „Патешествие“. Се работи за изложба на концертни и промотивни плакати од личната колекција и архива на Стефановски. Со изложбата се прикажува неговото патешествие од самите почетоци со ,,Леб и сол", па до ден-денес, преку бројните солистички концерти и проекти.

Во Мексико Сити измерени рекордни 34,2 степни Целзиусови

Во главниот град на Мексико вчера е регистрирана рекордно висока температура од 34,2 степени Целзиусови (93,6 Фаренхајти), изјави директорот на Националната комисија за води, Герман Мартинез Сантојо.

Тој додаде дека претходниот рекорд од 33,9 степени Целзиусови во Мексико беа измерени на 9 мај 1998 година. /МИА

Уапсен малолетник од Тетово кој одзел автомобил

- Полициски службеници ноќеска уапсиле малолетник во Тетово, кој украл возило „фолксваген пасат“. Возилото и е вратено на сопственичката, а против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

- Ноќеска, во 02.05 часот во Тетово, полициски службеници лишиле од слобода малолетник. Тој се сомничи дека околу 01.00 часот од ул. „Благоја Тоска“ во Тетово одзел патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на тетовката М.С.(46), по што бегајќи со возилото оштетил друго патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на тетовецот Ш.С.(45), информираат од МВР.

Возилото било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

Храната што децата ја јадат влијае на нивниот развој, но и на развитокот на врските во нивниот мозок, објави списанието „Педијатрикс“ (Pediatrics).

Насоките на Американската академија за педијатрија (ААП), ги наведуваат протеините, цинкот, железото, фолатите, одредени витамини и незаситените масни киселини како најважни хранливи материи за бебето. Имено, исхраната во којашто недостасуваат овие хранливи материи може да доведе до доживотни последици во работењето на мозокот. Д-р Сара Џејн Шварценберг од Комитетот за исхрана на ААП вели дека се препорачува доењето да трае до околу шестмесечна возраст. После тоа, мајчиното млеко не ја обезбедува доволната количина железо и цинк што им е потребна на бебињата кои растат.

- И друга храна за бебиња е збогатена со цинк и железо, но пасираното месо е добар природен извор на овие хранливи материи. Житарките за доенчиња исто така се збогатени со овие хранливи материи и можат да бидат добра прва храна за бебињата, појасни д-р Шварценберг.

Кога ќе потпорасне, најдобра исхрана за едно дете е онаа разновидната - со малку месо богато со протеини, но и овошје и зеленчук коишто содржат разни и различни витамини и минерали.

- Доенчињата се многу чувствителни на недостаток на хранливи материи. Нивниот мозок се развива со висока стапка меѓу првата и втората година, така што педијатрите треба да препорачаат здрава палета на храна, додава лекарката.

Истражувањата покажуваат дека раната здрава исхрана е важна за развој на здрав мозок. Ако тоа се одложи, има помала можност за надоместување на изгубеното време потоа, според стручњаците. /МИА

притисни ентер