Руски милијардер ги продаде Нетси за историски најголема сума во НБА

Рускиот милијардер Михаил Прохоров во 2010 ги купи Њу Џерски Нетс и веднаш потоа ги пресели во Бруклин со ветување дека ќе се ожени ако тимот ја освои титулата во наредните пет години.

Прохоров остана и денеска неженет , но далеку побогат по продажбата на франшизата на Нетси. Во 2010 година, Прохоров купил 80% од акциите на Нетс, а во 2015 година преостанатите 20%.

Пред две години, 49% му продаде на тајванскиот милијардер Џозеф Цаи за една милијарда долари, а сега преостанатите 51% за дополнителни 1,35 милијарди американски долари, а продажбата ќе биде направена до почетокот на сезоната 2021/22.

Така, Прохоров доби вкупно 2,35 милијарди, а Нетс станаа најскапата американска спортска франшиза во историјата. Рекордот досега го држеа Хјустон Рокитс и тимот на НФЛ од Каролина , Пантерс, кои беа продадени за по 2,2 милијарди.

Милијардерот Цаи е 55-годишен ко-основач и ко-претседател на „Алибаба“, глобално позната компанија за е-трговија, проценета на 10,2 милијарди долари.

Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда преговори за примирје во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда разговори во Катар и Египет, чија цел е да се постигне примирје во Газа, соопшти денеска израелската Влада.

„Бенјамин Нетанјаху се сретна со директорот на Мосад (надворешното разузнавање на Израел) и директорот на Шин Бет (внатрешно разузнавање) и одобри продолжување на новата рунда разговори во наредните денови во Доха и Каиро“, се вели во владиното соопштение.

Уапсен е полицаец кој споделувал информации од истрагата за исчезнатата Данка (2)

Полицаец од полициската управа во Бор е уапсен поради давање информации за исчезнатата Данка Илиќ (2), соопштија за „Телеграф.рс“.

Не се знае кому дал информации од истрагата.

Тој не го поминал полиграфот.

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа.

Данка Илиќ исчезнала на 26 март годинава, а нејзината мајка го пријавила исчезнувањето во 13 часот и 45 минути.

Данка се уште не е пронајдена, а МУП бара да не се шират лажни информации.

Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче, се уште е во полиција во Бор, објави Телеграф.

Средба Ковачевски – Азески за приоритетите во економијата

Азески со порака до сите политички партии – позициите на комората се јасни.

Продолжуваат партиските консултации со бизнис заедницата во земјава за нивните предизборни програми, по ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ, и лидерот на Социјал демократите, Димитар Ковечвски оствари средбaсо првиот човек на Стопанската комора, Бранко Азески.

Нови мерки и политики, повисока минимална и просечна плата, економски раст, повеќе инвестиции, отворање нови работни места, унапредување на севкупните економски односи во државата – се само дел од мерките зацртани во програмата на СДСМ кои денеска беа презентирани и пред бизнисот.

Азески со порака до сите политички партии – позициите на комората се јасни.

Дополнително Азески се осврна и на законот за забрана на нефертрговски практики и листата на производи кои треба од есен да поевтинат. Според претседателот на Комората листа не треба да има, но вели нема да ја кочат примената на новото законско решение.

Изминативе денови претставници на политичките партии остварија повеќе работни средби со коморите во земјава, а очекувањата на бизнисот се дека тие ќе продолжат и во иднина, со цел да се чуе и нивниот став.

притисни ентер