Научниците докажаа : Јадењето црвено месо го зголемува ризикот од рак на дојките

Новата студија , на која тим научници работеле осум години , покажа дека конзумирањето црвено месо за 23% го зголемува ризикот од појавата на рак на дојките.

Со студијата , објавена во стручното списание International Journal of Cancer, научниците сакале да ја откријат поврзаноста меѓу конзумирањето црвено месо и појавата на рак на дојката на 42 012 жени во САД. Развојот на состојбата бил следен во просек 7,6 години, а учесници во испитувањето  биле жени на возраст од 35 до 74 години кои имале барем еден случај на рак на дојка во семејството. За време на споменатиот период, биле дијагностицирани 1536 инвазивни карциноми на дојка.

Тим научници предводени од епидемиолог од универзитетот Колумбија, Џејми Ј Ло, откриле дека жените кои консумираат повеќе црвено месо, повеќе од една четвртина килограм или повеќе на ден, се изложени на 23 проценти поголем ризик од развој на инвазивен карцином на дојка во споредба со жените кои не консумираат црвено месо. Во исто време, месото од живина имало 15 проценти помал ризик за развој на рак на дојка во споредба со жените кои јаделе помали количини.

Поточно, студијата утврдила дека ризикот од карцином на дојка е многу помал кај жените кои го заменуваат месото со живина како пилешко, мисиркино, од патка, гускино месо за разлика од оние кои јаделе црвено месо - говедско, телешко, свинско, јагнешко и месо од дивеч.

Набљудуваниот однос не се сменил дури и кога истражувачите пресметале дополнителни фактори што може да влијаат на резултатите, како што се семејна историја на карцином на дојка, дебелина на женските субјекти, фреквенција на физичка активност, метод на подготовка на месо и консумација на алкохол.

Кој и сервираше појадок во кревет на Елизабет Харли?

Елизабет Харли е жив доказ дека годините се само бројка.

Сексапилната Англичанка во шестата деценија од својот живот има совршено тело, кое често го користи за да ја рекламира својата линија на костими за капење.

Таа своевремено имала бурен љубовен живот. Но Елизабет одамна не е видена во машко друштво а да тоа не е нејзиниот син или некој пријател. Пред неколку дена таа ги заинтригира своите фанови на Инстаграм кога објави фотографија од кревет.

Позираше покриена со јорган и со чинија овошје во рацете а многумина се запрашаа кој и сервирал појадок во кревет на Елизабет?

Научниците за прв пат ја измерија брзината на отчукување на срцето на синиот кит кога ќе нурне

Научниците со помош на електрокардиограф прицврстен за телото на синиот кит за прв пат во историјата ја измериле брзината на отчукувањето на срцето на ова животно.

Кога ќе се нурне под вода во потрага по храна, заклучиле дека има само неколку отчукувања во минута.

Научниците заклучиле дека, најголемиот цицач, синиот кит, кој може да достигне должина и до 30 метри и да тежи 200 тони, ја намалува активноста на срцето на само неколку отчукувања во минута кога ќе се нурне во вода.

Кога  синиот кит е под вода на моменти срцето му чука со само две отчукувања во минута а откако ќе излезе на површината на океанот и ќе вдише воздух срцето му чука со 37 отчукувања по минута, пишува „Ројтерс“.

Кај луѓето, срцето во состојба на мирување отчукува во распон од 60 до 100 отчукувања во минута а за време на напор или вежбање околу 200 отчукувања во минута.

.

Мекларен го претстави најмоќниот модел од својата Спорт серија

Британскиот Мекларен поприлично богатата година, кога се во прашање новите модели, ја заокружи со најмоќната верзија од својата Мекларен Спорт серија.

Се работи за ограничена серија од тркачкиот модел „620R“ прилагоден за цивилна употрева.

Мекларен ќе направи само 350 примероци со 3.8 литарски „V8“ мотор кој испорачува 611 коњски сили.

Овој модел базиран на тркачката верзија  „570S GT4“ забрзува од 0 до 100 км/ч за само 2,9 секунди.

За сопирање на „620R“ се задолжени карбон- керамички сопирачки со дискови со дијаметар од 390 милиметри напред и 380 милиметри назад.

Почетната цена на моделот е 299.000 долари.

притисни ентер