Не помогна ниту интервенцијата на Трамп – Шведска го осуди раперот

Американскито рапер денеска е прогласен за виновен од судот во Шведска  за напад и покрај интеревенирањето на претседателот Доналд Трамп.

Судот во Шведска пресуди дека не станува збор за самоодбрана, како што тврдеше раперот, туку дека тепачката на 30 јуни е физички напад. Раперот и уште двајца осомничени, Бладимир Корнил и Дејвид Рисперс, добија казна од две години условно, јавуваат американските медиуми.

„Нападот не беше од толку сериозна природа што мора да се изрече казна затвор, затоа обвинетите беа осудени на условна казна“, се наведува во соопштението на судот.

Асап Роки е уапсен во Шведска на 3 јули со неговиот телохранител и уште две лица , кои биле во негово друштво учествувале во улична тепачка и тој е обвинет за нанесување телесни повреди.

Апсењето на Роки привлече големо внимание на светската јавност, вклучително и од претседателот Трамп, кој во петокот рече дека „бројни членови на афроамериканската заедница“ го замолиле да му помогне на раперот.

Трамп на Твитер во јули напиша дека го уверил шведскиот премиер Стефан Лофвен дека Роки не е личност склона да избега од притвор и дека лично  гарантира за него.

Концерт со фестивалски фолк рефрени „Незаборав" во Битола

Традиционалната манифестација „Незаборав", музички концерт со фестивалски фолк рефрени ќе се одржи вечер во НУ Центар за култура-Битола.

Организаторот најави дека 9. издание на „Незаборав" е посветено на битолски пејачи кои настапиле на Фолк фест „Валандово" во периодот од 1985 до 2000 година.

-Секоа година нудиме новина, а оваа година за културната јавност во градот и љубителите на фолк рефрени, уште еднаш ќе се испејат песните на солисти и групи од Битола кои настапиле на Фолк фест „Валандово".

На вечерашниот концерт ќе настапат групите „Калабалак" и „Боеми", хармоникашот Кирил Стојчевски и солистите Зоран Маневски, Билјана Дамјановска Јанчевска, Сефедин Бајрамов, Бојан Стојков, Елена Тодосиеска и Тамара Стојковска, најави продуцентот Панде Димитровски.

Според архивата на продуцентот Димитровски како битолски автори на музика се потпишани Милко Лозановски, Кире Костов, Петар Ѓеоргиев – Калица, Тоде Новачевски,Михајло Бандевски, Миле Шерденковски, Валентин Соклевски, Миодраг Неќак – Микс, Љубомир Трифуновски, Ѓорги Белџигеровски и Зоран Кузмановски. Битолски автори на текстови на „Валандово фолк фест" биле Илија Алушевски, Ѓорги Белџигеровски, Ѓоко Ѓоргиев, Валентин Соклевски и Петар Ѓеоргиев – Калица, а автори кои создавале песни за битолчани кои пееле на фестивалот во Валандово се Милан Зафков, Григор Копров, Миле Барбаровски, Љупчо Трајковски – Фис, Драги Митев, Зоран Марковски и Илчо Јованов.

Минатата година манифестацијата беше посветена и исполнета со музичкиот репертоар на групата „Битолски конзули", а во овој период од девет години „Незаборав" бил посветен и на Сашка Петковска, Јонче Христовски, Пепи Бафтировски, Љупчо Спасеновски,  Добри Ставревски, Гоце Николовски и Миле Шерденков. 

Жените на Саудиска Арабија можат да патуваат во странство без дозвола од машки старател

Жените на Саудиска Арабија веќе патуваат во странство без дозвола на машки старател, пренесува Франс прес.

Реформата беше најавена на почетокот на месецот , а заклучно со вчерашниот ден, 20 август, таа официјално стапи на сила.

Саудиската администрација веќе прифаќа апликации од жени со најмалку 21 година за да добијат или обноват пасош за да патуваат надвор од кралството без дозвола за старателство, пишува на  Твитот на канцеларијата за пасоши на земјата.

-Ова е уште една мерка што го ослабува системот „машки старател“ во Саудиска Арабија, на која жените мора да се покоруваат, било да е тоа сопруг, татко или роднина.

  Одлуката уследи по неколкуте случаи во медиумскиот простор,  за жени кои се обидоа да избегаат од своите старатели последниве месеци.

Минатата година Саудиска Арабија им додели на жените право на возење , што се смета за историски потег за правата на жените во земјата.

Промените беа поздравени од поголемиот дел од населението на кралството, иако екстремните конзервативци ги нарекоа „анти-исламски“ мерки.

Дневен хороскоп за 21. август 2019 година

Дневен хороскоп за среда, 21. август 2019 година. 

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе се поврзете со необични личности или такви кои не се од вашата средина. така ќе го збогатите својот емоционален свет.

Кариера

Ќе успеете да ја стабилизирате финансиската подлога за развој на работите. Поради тоа ќе ви порасне самодовербата.

Здравје и совет

Не споредувајте се со другите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе знаете да сочуствувате , но при тоа ќе имате непријатно чувство.Имате доверба само во она што ви лежи на срце.

Кариера

Ќе ја подобрите соработката со другите преку подобра комуникација , но се уште нема да прифаќате се што шефовите ви предлагаат. 

Здравје и совет

Најдете златна средина.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе се ослободите од блокадите во комуницирањето и ќе успеете да го изразите она што го чувствувате. Тоа ќе биде чекор напред.

Кариера

Некои во работата ќе воведуваат нови или млади соработници. При тоа ќе бидат поотворени и попријатни од обично.

Здравје и совет

Покажете ја својата ведра страна.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе откривате се подлабока поврзаност со личноста што ја сакате , а во исто време добро ќе се забавувате.

Кариера

Некои ваши колеги денеска ќе покажат мрзливост или ќе бараат полуксузни услови за работа. Бргу ќе им одговорите.

Здравје и совет

Вие знате како да постапите со секого.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ве очекува зачестено излегување меѓу луѓе. За оние кои уште се сами , тоа ќе биде добра шанса за нови познанаства.

Кариера

Од она што сте го презеле , нешто веќе се га ќе се покаже како успешно, а за остатокот ќе треба да помине уште некои проверки.

Здравје и совет

Бидете тактични.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Оние кои се во стабилни врски , денеска ќе имаат потреба за да останат дома во прегратка на саканата личност.

Кариера

Креативните дејности што се однесуваат на помали задачи , денеска ќе ви донесат големо задоволство.

Здравје и совет

Игнорирајте ја нервозата.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Додека вие се забавувате и уживате како никогаш, некој од вашите пријатели страда и сака да ви се довери.

Кариера

И натаму сте во фаза да ги ,,прескокнувате” задачите , зашто многу повеќе ве привлекува вашето хоби и уредувањето на домот.  

Здравје и совет

Бидете професионални.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Каде и да тргнете , малку е веројатно дека денеска ќе постигнете емоционално исполнување. Задоволете се со она што го имате.

Кариера

Имате изгледи за напредување , што ќе остави трага на подолг период. Искористете ги понудените опции.

Здравје и совет

Емотивни фрустрации.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Држете се само до она што знаете дека е проверено и стабилно. Се друго може да се смени во дел од секундата.

Кариера

Не се занимавајте со она за што интуитивно чувствувате дека нема да ви донесе корист. Одработете го само она што морате.

Здравје и совет

Едноставно издржете.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе дојде до мало подобрување во личните односи , но се уште не е такво за да можете да се опуштите.

Кариера

Не сте сигурни што треба да направите , па веројатно ќе побарате помош од личност која е постручна од вас.

Здравје и совет

Носете заклучоци во тишина.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска ќе увидите дека на една личност премногу и требате. Некако ќе најдете време меѓу љубовта и пријателството.  

Кариера

Ништо што моментално се случува на вашето работно место , не ви се чини доволно интересно за да го преокупира вашето внимание.

Здравје и совет

Помагајте им на другите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе бидете растргнати меѓу љубовните желби , семејните должности и можности за сопствено задоволство.

Кариера

Оние кои кон работата имаат професионален пристап , ќе работат одлично . Другите постојано ќе наоѓаат приговори поради сопствените фрустрации.

Здравје и совет

Подобро е да верувате.

притисни ентер