Функционер на Трамп го менува текстот на песната на Статуата на слободата

Поради новите закони за влез на мигранти во САД , кои мора да бидат богати , шефот на службата за вселување и државјанстов Кен Кучинели го смени текстот на поемата на Статуата на слободата.

Симболот на САД , поставен во Њујорк , кој е симбол на доселениците во ,,Ветената земја” ќе има нов текст на поемата што е изгравирана на статуата. Наместо текстот ,,Дајте ми ги своите уморни , своите сиромашни , своите збиени маси , кои копнеат да дишат слободно” , Кучинели додаде ,, и кои знаат да стојат на сопствени нозе и да не бидат на тропок на државата”.

До промена на цитатот дојде откако администрацијата на претседателот Трамп ја укина помошта за мигрантите со цел во земјата да доаѓаат само оние кои имаат доволно средства за да се издржуваат самите.

Новата регулација , позната под името ,,правило на јавно обвниние “ , Сојузниот регистер ја издаде денеска и ќе почне да се применува од 15. октомври.

Во интервју, Кучинели на прашањето дали текстот на поемата на Ема Лазарус од 1883 , напишан на Статуата на слободата вреди и денеска , рече дека во САД се добредојдени мигранти кои знаат да стојат на свои нозе, да бидат самостојни и да се снајдат во неволја , што е во духот на американската традиција.

Грета ги повика медиумите да посветат повеќе внимание на другите млади активисти

Познатата активистка Грета Тунберг денес ги повика медиумите да посветат повеќе внимание на другите млади климатски активисти.

„Нашите приказни се кажани повеќе пати“, рекла Грета додека говорела на климатскиот состанок на ОН во Мадрид заедно со истакнатата германска активистка Луиса Нојбауер, пренесе „АП“.

„Нема потреба веќе да не слушате“, порача таа и додаде дека луѓето, посебно оние од глобалниот југ, од домородни заедници, треба да ги раскажат своите приказни.

Грета потоа го дала микрофонот на другите млади активисти од САД, Филипини, Русија, Уганда Кина и Маршалските острови.

Во Загреб се отворила дупка на патот, едено возило пропаднало

Возачот е повреден и префрлен во болница.

Како што јавуваат од загребската служба за итни ситуации, околу 17 часот на една улица  во Загреб се отворила голема дупка.

Јавуваат дека се работи за дупка со длабочина од 160 до 180 центиметри и ширина од 250x350 центиметри. Едно возило пропаднало во отворот а возачот е повреден и пренесен во болница.

Улицата потоа е затворена за сообраќај а на терен се загребските пожарникари, брзата помош, полициската управа,  и други тимови за справување со вакви ситуации.

Заев: Стануваме дел од најмоќната воено-безбедносна и политичка алијанса на светот

Премиерот Заев заедно со министерката за одбрана Шекеринска и претседателот на собранието, Џафери, остварија средба со адмирал Џејмс Фого, командантот на американските поморски сили за Европа и Африка. 

Средбата се одржа на носачот на авиони „Хари С. Труман“.

Тоа беше можност одблиску да се доживеат импресивните воени способности на воено поморските сили на САД, кои им служат на американските, но и на сите граѓани на земјите – членки на НАТО алијансата, напиша на Фејсбук премиерот Заев.

притисни ентер