ВМРО-ДПМНЕ: Ги осудуваме навредите на Заев врз основа на сексуална определба

Од ВМРО –ДПМНЕ реагираат на изјавата на премиерот Зоран Заев во врска со случајот ,,Рекет” .

,,Криминалците се во Владата и ги води Зоран Заев. Тие ја уриваат Македонија и единствен начин да се спаси државата еда бидат поразени.Зоран Заев е во очевидна паника. Доказите кои излегуваат во јавноста за случајот рекет, кои го стегаат обрачот околу него се флагрантни и од нив нема бегање. Одговорност мора да има.ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува навреди и заканите на Заев кон новинарите кои го обелоденија неговиот криминал. ВМРО-ДПМНЕ ги осудува и навредите врз основа на сексуалната определба.Настапот на Заев докажува дека Боки Тредичи е негова креатура и дека знаел за се што се случува. Толкав гнев и агресија кон луѓе со поинаква сексуална ориентација може да се објаснат само со огромна блискост во минатиот период. Заев е очигледно исплашен од медиумските написи дека осомничениот Боки Тредичи има доказипротив него и ќе ги обелодени.Заев е главата на октоподот, мозокот кој ги движи пипките како Боки Тредичи, Зоки Кичеец и Катица Јанева. Заев е човекот без чие знаење милионскиот рекет кој траеле со години воопшто и не би бил можен.Господине Заев одете си и оставете Македонија да заздрави од вас. Правда во Македонија ќе има, но не со вас на власт.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Помпео се заканува со санкции поради иранскиот танкер!!

САД ќе преземат се што можат за да не дозволат иранскиот танкер да успее да и достави нафта на Сирија во Средоземното море, и на тој начин да се прекршат американските санкции, изјави државниот секретар на САД Мајк Помпео.

Помпео ја предупреди официјална Атина да  не му помага на иранскиот танкер и се закани со санкции доколку тоа се случи, пренесе Ројтерс.

Официјална Грција соопшти дека не добила никакво барање од танкерот за пристанување  во едно од нивните пристаништа.

-Јасно им дадовме до знаење дека ако допуштат иранскиот танкер да влезе во пристаниште ризикуваат САД да им воведе санкции, изјавил Помпео.

Американскиот државен секретар воедно истакнал дека САД ќе сторат се за го спречат заминувањето на иранскиот танкер во Сирија.

Поради дефект без вода корисниците од Момин Поток

  Поради уличен дефект на улицата „Октомвриска револуција" 56 во Скопје од 10:15 часот претпладнево е прекинато водоснабдувањето на корисниците од населбата Момин Поток.

– Прекинот ќе трае до отстранување на дефектот, соопшти ЈП „Водовод и канализација"-Скопје.

МТСП планира да отвори повеќе шелтри за жртви на семејно насилство

Шелтерот во Кочани е еден од четирите засолништа коишто функционираат во државата и ги исполнува сите најсовремени стандарди. Останатите три центри се во Скопје, Битола и Свети Николе.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вчера попладне го посети Засолништето за лица жртви на семејно насилство во Кочани, каде што беше на роденденска забава на едно од четирите малолетни деца кои се засолнети заедно со нивната мајка. Стручниот тим детално ја информираше министерката за овој случај на семејно насилство, како и за процедурите и постапките за него, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Шелтерот во Кочани е еден од четирите засолништа коишто функционираат во државата и ги исполнува сите најсовремени стандарди. Останатите три центри се во Скопје, Битола и Свети Николе.

-До крајот на годината Министерството планира да отвори уште неколку специјализирани сервиси за жртви на семејно насилство, во повеќе региони низ државата. Целта на овие сервиси е советување, третман и заштита на жртвите на родово базирано насилство, од сите форми на насилство, најави МТСП.

Од Министерството за труд и социјална политика истакнуваат дека посветено работат на соодветна и навремена помош и заштита на жртвите на семејно насилство.

МТСП е во фаза на подготовка на законска рамка за превенција и заштита од сите форми на насилство врз жената и активности од Националниот акциски план за спроведување на Истанбулската конвенција. Дел од тие активности ќе се реализираат со поддршка од Холандската амбасада за што неодамна беше потпишан договор за соработка.

притисни ентер