Болидот Корвета 2020 настрада веднаш по премиерата (ВИДЕО)

На три недели по премиерата, новата Корвета 8 на Џенерал Моторс предвидена за 2020 веќе се претвори во старо железо.

Само по три недели од премиерата , кога уште не е почаната испораката на возилата , тест возачот ја здроби најновата сина Корвета 8 . Веројатно е дека болидот сеуште е во сопственост на Џенерал Моторс.

Според видеото , болидот удрил во пик ап на Форд и во Chevrolet Equinox.

Штетата очигледно е голема , но не се знае како поминал тест возачот.

Гризли уби канадски музичар

Музичарот Џулијан Готијар, кој патувал по реката Мекензи во Канада е нападнат и убиен од мечка гризли, пренесе ББЦ.

Несреќниот музичар кој патувал по реката Мекензи за да ги снима звуците на природата за својот нов проект, бил нападнат од гризлито во текот на ноќта додека спиел.

Биологот Ками Тоскани, која патувал со 44 годишниот Готијар ги контактирал локалните власти и им кажал дека неговиот пријател во текот на ноќта бил нападнат и одвлечен од мечка.

Канадската полиција која веднаш започнала потера со хеликоптери , поради лошите временски услови дури следниот ден го пронашла мртвото тело на нападнатиот музичар.

Видео: Џери Халивел од „Спајс грлс“ ужива во Дубровник

Поранешната членка на мега популарниот женски музички бенд „Спајс грлс“ Џери Халивел деновиве ужива во монденскиот хрватски туристички центар Дубровник.

Популарната пејачка пристигнала во Дубровник во друштво на сопругот Кристијан Хорнер и пријателите, милијардерот Берни Еклстон и неговата нова сопруга Фабијана Флоси.

Токму  богатиот Берни е човекот кој на Џери и ги покажува сите знаменитости и убавини на древниот Дубровник.

Дека популарната пејачка вистински ужива на хрватското крајбрежје покажа и таа самата со видео на Инстаграм.

Џери на социјалните мрежи објави видео на кое вози скутер по убавиот Јадран.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Scream if you wanna go faster ! 😊

A post shared by geri 👑 (@therealgerihalliwell) on

Инаку, Џери Халивел во Дубровник се одмара и рехабилитира од напорната повратничка турнеја на „Спајс Грлс“.

Пациентот со западнонилска треска на Инфективната клиника и натаму во тешка состојба

Шеесет и шестгодишниот пациент заразен со западнонилска треска, кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје, се уште е во тешка здравствена состојба со манифестација на централниот нервен систем.

Ова го изјави за МИА директорката на Клиниката, Милена Стевановиќ.

Хоспитализираниот веќе 10 дена е на лекување на одделот за интензивна нега на Инфективната клиника, а болеста претходно му била дијагностицирана во Градската општа болница „8 Септемви" во Скопје.

– Нема никаква промена во здравствената состојба на пациентот. Нема прогрес. Чекаме да видиме колку ќе успее да се рехабилитира пациентот. Нема новозаболени од западнонилска треска, рече д-р Стевановиќ.

Ова е прв случај на западнонилска треска летово во државава, и е потврден лабораториски во Центарот за јавно здравје во Скопје.

На Инфективната клиника сезонава досега не регистрирале други сомнителни случаи од заразата  што е векторски пренослива преку комарци. Најчесто поминува како настинка, а кај мал процент се манифестира со потешка клиничка слика.

Покрај прскањето против комарци од страна на надлежните институции и епидемиолошките и останатите служби преземаат редовни и рутински активности за превенција и заштита./МИА

притисни ентер