Германските власти не успеваат да затворат хостел во амбасадата на Северна Кореја во центарот на Берлин

Поради санкциите на Обединетите нации , Германија со години се обидува да затвори хостел , изграден во делот на амбасадата на Северна Кореја во Берлин.

- Министерството за надворешни работи по усвојувањето на резолуцијата на Обединетите нации за санкции против Северна Кореја, вклучително и забрана за комерцијален бизнис од секаков вид, побара од амбасадата на Северна Кореја да го затвори хостелот сместен во еден дел од зградата, но тоа досега не се случило - стои во заедничката изјава на тимот за истражување на јавните служби WDR и NDR , пренесува Sueddeutsche Zeitung.

Минатата година амбасадата покрена постапка за иселување против закупецот на просториите, но процесот заглави во постапката затоа што амбасадата не ги платила судските трошоци, блокирајќи го процесот.

Неименувани локални службеници на Берлин изразија сомневање дека амбасадата намерно не плаќа судски такси за да го задржи процесот замрзнат и така хостелот продолжува да работи и носи  девизи на сметката на Северна Кореја.

Берлинската даночна администрација се обидува да и наплати на амбасадата даночен долг од повеќе од еден милион евра, но не може да се докаже на суд дека хотелската компанија што закупува дел од зградата, и  ја плаќа киријата на Северна Кореја.

Хостелот ,,Сити Берлин”, поради својата локација и цените, е исклучително популарен кај туристите, кои во исто време уживаат во шармот на социјалистичката архитектура. Комплексот се наоѓа недалеку од трасата на поранешниот Берлински Ѕид и во близина на портата Бранденбург.

Грета ги повика медиумите да посветат повеќе внимание на другите млади активисти

Познатата активистка Грета Тунберг денес ги повика медиумите да посветат повеќе внимание на другите млади климатски активисти.

„Нашите приказни се кажани повеќе пати“, рекла Грета додека говорела на климатскиот состанок на ОН во Мадрид заедно со истакнатата германска активистка Луиса Нојбауер, пренесе „АП“.

„Нема потреба веќе да не слушате“, порача таа и додаде дека луѓето, посебно оние од глобалниот југ, од домородни заедници, треба да ги раскажат своите приказни.

Грета потоа го дала микрофонот на другите млади активисти од САД, Филипини, Русија, Уганда Кина и Маршалските острови.

Во Загреб се отворила дупка на патот, едено возило пропаднало

Возачот е повреден и префрлен во болница.

Како што јавуваат од загребската служба за итни ситуации, околу 17 часот на една улица  во Загреб се отворила голема дупка.

Јавуваат дека се работи за дупка со длабочина од 160 до 180 центиметри и ширина од 250x350 центиметри. Едно возило пропаднало во отворот а возачот е повреден и пренесен во болница.

Улицата потоа е затворена за сообраќај а на терен се загребските пожарникари, брзата помош, полициската управа,  и други тимови за справување со вакви ситуации.

Заев: Стануваме дел од најмоќната воено-безбедносна и политичка алијанса на светот

Премиерот Заев заедно со министерката за одбрана Шекеринска и претседателот на собранието, Џафери, остварија средба со адмирал Џејмс Фого, командантот на американските поморски сили за Европа и Африка. 

Средбата се одржа на носачот на авиони „Хари С. Труман“.

Тоа беше можност одблиску да се доживеат импресивните воени способности на воено поморските сили на САД, кои им служат на американските, но и на сите граѓани на земјите – членки на НАТО алијансата, напиша на Фејсбук премиерот Заев.

притисни ентер