Заев : Охридскиот рамковен договор постави основа за натамошно градење доверба помеѓу различните етнички заедници

Изминаа 18 години откако на денешен ден во 2001 година политичарите по долгите исцрпувачки преговори постигнаа договор и ставија крај на конфликт кој ѝ се закануваше на земјата, рече премиерот Зоран Заев. 

Охридскиот рамковен договор постави основа за натамошно градење доверба помеѓу различните етнички заедници кои живеат тука, во иста земја, под исто сонце.

Договорот гарантираше дека насилството не смее и никогаш веќе нема да биде механизам за остварување какви било политички цели и интереси.

Денес во нашата земја се гарантира целосно почитување на принципот на недискриминација, како и рамноправен и правичен третман на сите лица пред законот.

Јас сум горд што покажавме дека овој договор е функционален и дека со заеднички ангажман на сите граѓани од сите заедници ја внесуваме Северна Македонија во НАТО, градиме консензус и ги спроведуваме реформите кои земјата ја носат кон Европската Унија.

Помпео се заканува со санкции поради иранскиот танкер!!

САД ќе преземат се што можат за да не дозволат иранскиот танкер да успее да и достави нафта на Сирија во Средоземното море, и на тој начин да се прекршат американските санкции, изјави државниот секретар на САД Мајк Помпео.

Помпео ја предупреди официјална Атина да  не му помага на иранскиот танкер и се закани со санкции доколку тоа се случи, пренесе Ројтерс.

Официјална Грција соопшти дека не добила никакво барање од танкерот за пристанување  во едно од нивните пристаништа.

-Јасно им дадовме до знаење дека ако допуштат иранскиот танкер да влезе во пристаниште ризикуваат САД да им воведе санкции, изјавил Помпео.

Американскиот државен секретар воедно истакнал дека САД ќе сторат се за го спречат заминувањето на иранскиот танкер во Сирија.

Поради дефект без вода корисниците од Момин Поток

  Поради уличен дефект на улицата „Октомвриска револуција" 56 во Скопје од 10:15 часот претпладнево е прекинато водоснабдувањето на корисниците од населбата Момин Поток.

– Прекинот ќе трае до отстранување на дефектот, соопшти ЈП „Водовод и канализација"-Скопје.

МТСП планира да отвори повеќе шелтри за жртви на семејно насилство

Шелтерот во Кочани е еден од четирите засолништа коишто функционираат во државата и ги исполнува сите најсовремени стандарди. Останатите три центри се во Скопје, Битола и Свети Николе.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вчера попладне го посети Засолништето за лица жртви на семејно насилство во Кочани, каде што беше на роденденска забава на едно од четирите малолетни деца кои се засолнети заедно со нивната мајка. Стручниот тим детално ја информираше министерката за овој случај на семејно насилство, како и за процедурите и постапките за него, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Шелтерот во Кочани е еден од четирите засолништа коишто функционираат во државата и ги исполнува сите најсовремени стандарди. Останатите три центри се во Скопје, Битола и Свети Николе.

-До крајот на годината Министерството планира да отвори уште неколку специјализирани сервиси за жртви на семејно насилство, во повеќе региони низ државата. Целта на овие сервиси е советување, третман и заштита на жртвите на родово базирано насилство, од сите форми на насилство, најави МТСП.

Од Министерството за труд и социјална политика истакнуваат дека посветено работат на соодветна и навремена помош и заштита на жртвите на семејно насилство.

МТСП е во фаза на подготовка на законска рамка за превенција и заштита од сите форми на насилство врз жената и активности од Националниот акциски план за спроведување на Истанбулската конвенција. Дел од тие активности ќе се реализираат со поддршка од Холандската амбасада за што неодамна беше потпишан договор за соработка.

притисни ентер