Медитеранските земји во трка да ги привлечат суперславните гости (ВИДЕО)

Средоземното море годинава е хит и најголемиот број холивудски ѕвезди , милијардери и спортисти летуваат на Медитеранот.

Престижните гости се одлична реклама , па годинава Италија, Франција , Грција , Шпанија , Хрватска и Црна Гора се натпреваруваат која од нив ќе привлече поголем број славни лица.

Во Хрватска се одмораше Кристијано Роналдо , кој потоа со јахтата замина во Франција. Низ Дубровник се прошета пејачот Џон Бон Џови , ќерките на Сталоне , актерот Вил Фарел .

Милијардерот Бил Гејтс ја одбра Црна Гора. На францускиот брег на Медитеранот се одмораа Кејт Мос и Сер Елтон Џон со сопругот и синовите , потоа актерката Голди Хоун и Курт Расел, Кристијан и Френк лампард , како и Селма Хајек .

Многу ѕвезди привлече и Грција, а најомилена дестинација летово им е островот Миконос. Супермоделите Алесандра Амбросио и Адриана Лима секоја година летуваат таму.

Прв пат отидоа и нивнитемконкурентки Бела и Џиџи Хадид , кои беа деновиве ограбени на овој остров. Актерот Том Хенкс на островот Антипарос го прослави својот 63. роденден.  

Во Италија вистински хит е близината на Амалфи , каде одмораа Софиа Вергара, како и моделите Шанина Шеик , Зое Кравиц, Софиа Тарнер и Џо Џонас.

Во Портофино заминаа Криси Тајген и Џон Леганд , како и Ева Лонгрија. Шпанија како летна дестинација ја одбраа Ајда Филд и Роби Вилијамс и тоа на островот Форментера.

Таму заминаа и Шакил О Нил , возачот на Ф1 , Нико Розберг и Ирина Шајк. Џенифер Лопез помина кратокт одмор во Малага.

Гризли уби канадски музичар

Музичарот Џулијан Готијар, кој патувал по реката Мекензи во Канада е нападнат и убиен од мечка гризли, пренесе ББЦ.

Несреќниот музичар кој патувал по реката Мекензи за да ги снима звуците на природата за својот нов проект, бил нападнат од гризлито во текот на ноќта додека спиел.

Биологот Ками Тоскани, која патувал со 44 годишниот Готијар ги контактирал локалните власти и им кажал дека неговиот пријател во текот на ноќта бил нападнат и одвлечен од мечка.

Канадската полиција која веднаш започнала потера со хеликоптери , поради лошите временски услови дури следниот ден го пронашла мртвото тело на нападнатиот музичар.

Видео: Џери Халивел од „Спајс грлс“ ужива во Дубровник

Поранешната членка на мега популарниот женски музички бенд „Спајс грлс“ Џери Халивел деновиве ужива во монденскиот хрватски туристички центар Дубровник.

Популарната пејачка пристигнала во Дубровник во друштво на сопругот Кристијан Хорнер и пријателите, милијардерот Берни Еклстон и неговата нова сопруга Фабијана Флоси.

Токму  богатиот Берни е човекот кој на Џери и ги покажува сите знаменитости и убавини на древниот Дубровник.

Дека популарната пејачка вистински ужива на хрватското крајбрежје покажа и таа самата со видео на Инстаграм.

Џери на социјалните мрежи објави видео на кое вози скутер по убавиот Јадран.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Scream if you wanna go faster ! 😊

A post shared by geri 👑 (@therealgerihalliwell) on

Инаку, Џери Халивел во Дубровник се одмара и рехабилитира од напорната повратничка турнеја на „Спајс Грлс“.

Пациентот со западнонилска треска на Инфективната клиника и натаму во тешка состојба

Шеесет и шестгодишниот пациент заразен со западнонилска треска, кој е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје, се уште е во тешка здравствена состојба со манифестација на централниот нервен систем.

Ова го изјави за МИА директорката на Клиниката, Милена Стевановиќ.

Хоспитализираниот веќе 10 дена е на лекување на одделот за интензивна нега на Инфективната клиника, а болеста претходно му била дијагностицирана во Градската општа болница „8 Септемви" во Скопје.

– Нема никаква промена во здравствената состојба на пациентот. Нема прогрес. Чекаме да видиме колку ќе успее да се рехабилитира пациентот. Нема новозаболени од западнонилска треска, рече д-р Стевановиќ.

Ова е прв случај на западнонилска треска летово во државава, и е потврден лабораториски во Центарот за јавно здравје во Скопје.

На Инфективната клиника сезонава досега не регистрирале други сомнителни случаи од заразата  што е векторски пренослива преку комарци. Најчесто поминува како настинка, а кај мал процент се манифестира со потешка клиничка слика.

Покрај прскањето против комарци од страна на надлежните институции и епидемиолошките и останатите служби преземаат редовни и рутински активности за превенција и заштита./МИА

притисни ентер