Огромен пожар на остров во близина на Атина , градот обвиен со чад (ВИДЕО)

На островот Евиа во близина на Атина беснеат големи пожари поттикнати од силниот ветар ,а евакуирани се жителите од две села.

Пожарите избувнаа во четири региони во Грција ,а последните три дена биле гасени дури 182 шумски пожари. Вкупно 227 пожарникари , пет хеликоптери и шест канадери се борат со огнот на островот Евиа , каде е евакуиран и стар манастир.

Густиот чад ја обви и Атина , оддалечена 11 километри од островот. Евакуирани се жителите од селата Контодеспоти и Макримали.

.

Грчката телевизија објави снимки од густ чад што се шири поради силните ветришта. Нема информации за жртви , освен дека огнот навлегол во селата.

Минатата година во предградието на Атина , Мати , загинаа 100 луѓе.

Помпео се заканува со санкции поради иранскиот танкер!!

САД ќе преземат се што можат за да не дозволат иранскиот танкер да успее да и достави нафта на Сирија во Средоземното море, и на тој начин да се прекршат американските санкции, изјави државниот секретар на САД Мајк Помпео.

Помпео ја предупреди официјална Атина да  не му помага на иранскиот танкер и се закани со санкции доколку тоа се случи, пренесе Ројтерс.

Официјална Грција соопшти дека не добила никакво барање од танкерот за пристанување  во едно од нивните пристаништа.

-Јасно им дадовме до знаење дека ако допуштат иранскиот танкер да влезе во пристаниште ризикуваат САД да им воведе санкции, изјавил Помпео.

Американскиот државен секретар воедно истакнал дека САД ќе сторат се за го спречат заминувањето на иранскиот танкер во Сирија.

Поради дефект без вода корисниците од Момин Поток

  Поради уличен дефект на улицата „Октомвриска револуција" 56 во Скопје од 10:15 часот претпладнево е прекинато водоснабдувањето на корисниците од населбата Момин Поток.

– Прекинот ќе трае до отстранување на дефектот, соопшти ЈП „Водовод и канализација"-Скопје.

МТСП планира да отвори повеќе шелтри за жртви на семејно насилство

Шелтерот во Кочани е еден од четирите засолништа коишто функционираат во државата и ги исполнува сите најсовремени стандарди. Останатите три центри се во Скопје, Битола и Свети Николе.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вчера попладне го посети Засолништето за лица жртви на семејно насилство во Кочани, каде што беше на роденденска забава на едно од четирите малолетни деца кои се засолнети заедно со нивната мајка. Стручниот тим детално ја информираше министерката за овој случај на семејно насилство, како и за процедурите и постапките за него, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Шелтерот во Кочани е еден од четирите засолништа коишто функционираат во државата и ги исполнува сите најсовремени стандарди. Останатите три центри се во Скопје, Битола и Свети Николе.

-До крајот на годината Министерството планира да отвори уште неколку специјализирани сервиси за жртви на семејно насилство, во повеќе региони низ државата. Целта на овие сервиси е советување, третман и заштита на жртвите на родово базирано насилство, од сите форми на насилство, најави МТСП.

Од Министерството за труд и социјална политика истакнуваат дека посветено работат на соодветна и навремена помош и заштита на жртвите на семејно насилство.

МТСП е во фаза на подготовка на законска рамка за превенција и заштита од сите форми на насилство врз жената и активности од Националниот акциски план за спроведување на Истанбулската конвенција. Дел од тие активности ќе се реализираат со поддршка од Холандската амбасада за што неодамна беше потпишан договор за соработка.

притисни ентер