Затишје пред бура или издишаа бомбите на „Ла Верита“?

Новинарот на весникот „Ла Верита“, Ларис Гајсер кој три дена пушташе снимки за случајот Рекет запре со таканаречените  бомби.

Остана да виси прашањето дали тактизира со снимките, нема повеќе материјал или станува збор за нешто друго.

Сомнежи се јавија или намерно се предизвикаа кога пред два дена  порталот на италијанскиот весник „Ла Верита” не можеше да се види и преслуша видео колумната на авторот Ларис Гајсер во која тој ја повикуваше претставничката на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини да каже нешто за случајот „Рекет”.

Потоа излезе дека заради авторски права, колумната била повлечена, но сега видеото е вратено на  страната.За денеска со голема помпа се најавуваше објавување на нов материјал  од новинарот  на социјланата мрежа Фејсбук ,но овој пат не преку онлајн изданието на весникот, туку при гостување на Радиото Каподистри во 11 часот.

Иако најавата за  пуштањето снимки на  италијанско радио, беше необична оти аудио материјалот би бил на македонски јазик и не ја засега италијанската јавност. Гостувањето во радиото на италијанскиот новинар заврши со Анализа  за случајот „Рекет”. Гајсер констатираше дека  претседателот Пендаровски полека се дитстанцирал од Заев и дека токму премиерот и прави како што вели штета на земјата.  Тој се пожали дека некој врши пропаганада за весникот,,и тврди дека за Македонија се креира мрачно сценарио за да се стави пречка кон евроаталанските интеграции 

Дали ова беше само драмска пауза на весникот „Ла верита“, за да се зголеми пи-ар  ефектот пред евунтуално емитувањето на некоја нова снимка поврзана за случајот или нема повеќе материјал останува да видиме.

Новинарот Гајсер најавуваше дека поседува  8 часа материјал. До сега дигиталното издание на „Ла верита“ објави неполн час од снимките.

Грета ги повика медиумите да посветат повеќе внимание на другите млади активисти

Познатата активистка Грета Тунберг денес ги повика медиумите да посветат повеќе внимание на другите млади климатски активисти.

„Нашите приказни се кажани повеќе пати“, рекла Грета додека говорела на климатскиот состанок на ОН во Мадрид заедно со истакнатата германска активистка Луиса Нојбауер, пренесе „АП“.

„Нема потреба веќе да не слушате“, порача таа и додаде дека луѓето, посебно оние од глобалниот југ, од домородни заедници, треба да ги раскажат своите приказни.

Грета потоа го дала микрофонот на другите млади активисти од САД, Филипини, Русија, Уганда Кина и Маршалските острови.

Во Загреб се отворила дупка на патот, едено возило пропаднало

Возачот е повреден и префрлен во болница.

Како што јавуваат од загребската служба за итни ситуации, околу 17 часот на една улица  во Загреб се отворила голема дупка.

Јавуваат дека се работи за дупка со длабочина од 160 до 180 центиметри и ширина од 250x350 центиметри. Едно возило пропаднало во отворот а возачот е повреден и пренесен во болница.

Улицата потоа е затворена за сообраќај а на терен се загребските пожарникари, брзата помош, полициската управа,  и други тимови за справување со вакви ситуации.

Заев: Стануваме дел од најмоќната воено-безбедносна и политичка алијанса на светот

Премиерот Заев заедно со министерката за одбрана Шекеринска и претседателот на собранието, Џафери, остварија средба со адмирал Џејмс Фого, командантот на американските поморски сили за Европа и Африка. 

Средбата се одржа на носачот на авиони „Хари С. Труман“.

Тоа беше можност одблиску да се доживеат импресивните воени способности на воено поморските сили на САД, кои им служат на американските, но и на сите граѓани на земјите – членки на НАТО алијансата, напиша на Фејсбук премиерот Заев.

притисни ентер