Завршена првата фаза од реконструкцијата на одделенијата во Специјалната болница по хируршки болести во Скопје

 Во Специјалната болница по хируршки болести „Св. Наум Охридски" во Скопје (стара градска болница) завршена е првата фаза од реконструкцијата на одделенијата.

Градежните зафати од реконструкцијата на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо" во Охрид се комплетирани до 80 отсто од целосното реновирање, а во процес е и изградбата на новата Клиничка болница во Штип, соопшти Министерството за здравство.

Од Министерството за здравство информираат дека повеќе клиники и оддели во здравствените установи добиле подобрени услови за работа.

– Хируршките сали на Клиниката за ортопедија при Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) се комплетно реновирани, а во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза" во Чаир се реновирани двете гинеколошки операциони сали првпат по четири децении. Реновирани се одделенијата и на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, Универзитетската клиника за хематологија, Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, како и одделот за интензивно лекување на Универзитетската клиника за неврохирургија, соопшти Министерството.

Оттаму велат дека во процесот се опфатени и здравствените установи во другите градови, како Здравствениот дом Велес каде комплетно е обновена службата за Итна медицинска помош, а во Општата болница во Куманово е отворен новиот Ургентен центар, комплетно нов објект изграден од темел.

До крајот на годината, како што соопшти МЗ, ќе почнат работите и на новиот Универзитетски клинички центар во Скопје.

– Во периодот што следи уште 34 јавни здравствени установи во државата ќе бидат опфатени со активности за реновирање и подобрување на општите услови за работа. На Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) веќе е почната постапка за набавка со која ќе биде опфатено комплетно молерисување на сите внатрешни простории, поправка и репарирање на внатрешни врати и прозорци, замена на ѕидни и подни плочки и замена на галантерија во тоалети, како и набавка на нови болнички кревети и телевизори во болничките соби, наведуваат во соопштението. 

Кој и сервираше појадок во кревет на Елизабет Харли?

Елизабет Харли е жив доказ дека годините се само бројка.

Сексапилната Англичанка во шестата деценија од својот живот има совршено тело, кое често го користи за да ја рекламира својата линија на костими за капење.

Таа своевремено имала бурен љубовен живот. Но Елизабет одамна не е видена во машко друштво а да тоа не е нејзиниот син или некој пријател. Пред неколку дена таа ги заинтригира своите фанови на Инстаграм кога објави фотографија од кревет.

Позираше покриена со јорган и со чинија овошје во рацете а многумина се запрашаа кој и сервирал појадок во кревет на Елизабет?

Научниците за прв пат ја измерија брзината на отчукување на срцето на синиот кит кога ќе нурне

Научниците со помош на електрокардиограф прицврстен за телото на синиот кит за прв пат во историјата ја измериле брзината на отчукувањето на срцето на ова животно.

Кога ќе се нурне под вода во потрага по храна, заклучиле дека има само неколку отчукувања во минута.

Научниците заклучиле дека, најголемиот цицач, синиот кит, кој може да достигне должина и до 30 метри и да тежи 200 тони, ја намалува активноста на срцето на само неколку отчукувања во минута кога ќе се нурне во вода.

Кога  синиот кит е под вода на моменти срцето му чука со само две отчукувања во минута а откако ќе излезе на површината на океанот и ќе вдише воздух срцето му чука со 37 отчукувања по минута, пишува „Ројтерс“.

Кај луѓето, срцето во состојба на мирување отчукува во распон од 60 до 100 отчукувања во минута а за време на напор или вежбање околу 200 отчукувања во минута.

.

Мекларен го претстави најмоќниот модел од својата Спорт серија

Британскиот Мекларен поприлично богатата година, кога се во прашање новите модели, ја заокружи со најмоќната верзија од својата Мекларен Спорт серија.

Се работи за ограничена серија од тркачкиот модел „620R“ прилагоден за цивилна употрева.

Мекларен ќе направи само 350 примероци со 3.8 литарски „V8“ мотор кој испорачува 611 коњски сили.

Овој модел базиран на тркачката верзија  „570S GT4“ забрзува од 0 до 100 км/ч за само 2,9 секунди.

За сопирање на „620R“ се задолжени карбон- керамички сопирачки со дискови со дијаметар од 390 милиметри напред и 380 милиметри назад.

Почетната цена на моделот е 299.000 долари.

притисни ентер